• Latest
СУДИР НА ВОЗОВИ Скриншот од видео од местото на несреќата во Грција, 28 февруари 2023 г.

Ужасна железничка несреќа во Грција; црни статистики за безбедноста на железничкиот сообраќај

March 1, 2023

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ужасна железничка несреќа во Грција; црни статистики за безбедноста на железничкиот сообраќај

March 1, 2023 08:14
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
СУДИР НА ВОЗОВИ Скриншот од видео од местото на несреќата во Грција, 28 февруари 2023 г.

СУДИР НА ВОЗОВИ Скриншот од видео од местото на несреќата во Грција, 28 февруари 2023 г.

Share on FacebookShare on Twitter

Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа најмалку 32 лица, а 85 се повредени. Над местото на несреќата се креваат густи облаци чад, јавуваат очевидците, објави Фронтлајн.

Несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на долината Темпи во северна Грција, соопшти Грчката противпожарна служба, а пренесе Фронтлајн.

Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа најмалку 32 лица, а 85 се повредени додека обрачи чад го исполнија ноќното небо.

Несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на долината Темпи во северна Грција, соопшти Грчката противпожарна служба. Најмалку 53 од повредените сè уште се хоспитализирани до моментот на подготовка на овој извештај во 7:15 часот.

„Процесот на евакуација е во тек и се изведува под многу тешки услови, поради сериозноста на судирот меѓу двата воза“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакојанис на прес конференција со новинарите утринава.

Оштетувањата на вагоните на возот се толку сериозни што се користат камиони со кранови за да помогнат во извлекувањето на возилата, рече Вартакојанис на средбата со медиумите. Тој додаде дека операциите за пребарување и спасување сѐ уште се во тек, непосредно пред изгрејсонце во утрово, и дека спасувачките работници се фокусираат на два превртени патнички воза.

Властите ги превезуваа телата на загинатите во болниците за идентификација, а најмалку 194 преживеани патници, вклучително и оние кои бараа лекарска помош, се префрлени во Солун со автобус.

Причината за оваа стравична несреќа во моментов е непозната.

Фронтлајн, исто така, објави и статистики за железничките несреќи во Грција.

Безбедноста на железницата во Грција е под лупа во последниве години, а несреќата што се случи доцна ноќта во вторникот е една од најсмртоносните во земјата во последните децении, објави Фронтлајн.

Грција го презема крвавото водство според бројот на смртните случаи и повредените во железничките несреќи во ЕУ, со околу 25 жртви годишно, според Европската мрежа за дата новинарство. Проблемите главно се предизвикани од небезбедни премини на шините, лоша инфраструктура и системи за управување со сообраќајот и недостаток на персонал.

Во судирот меѓу возови во 1968 година во древниот крајбрежен град Коринт загинаа најмалку 34 лица, а десетици беа повредени.

Грција има највисока вкупна стапка на смртност во несреќи во железницата од сите 29 земји кои се предмет на анализа во извештајот за безбедност на Агенцијата за железници на ЕУ од 2022 година и седма највисока стапка на смртност кај патниците.

Најмалку 11 фатални судири на воз или излетување од шините се регистрирани во Грција во периодот од 1980 до 2019 година, се вели во анализата на главните железнички линии во Европа од Центарот за транспортни студии на Империјал колеџот во Лондон.

Извор: FRONTLINE

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ