• Latest
Фото: миа.мк

Груби: Ги решивме долгогодишните спорови со соседите, Охридскиот договор треба да послужи како пример и за други конфликти во регионот

March 1, 2023
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби: Ги решивме долгогодишните спорови со соседите, Охридскиот договор треба да послужи како пример и за други конфликти во регионот

Ние како држава направивме големи чекори напред за решавање на долгогодишните спорови што ги имавме со нашите соседи. Кога политичарите се храбри и кога носат одлуки за следните генерации а не за следните избори, прават правилни избори, порача првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на денешниот Скопскиот Економски Форум, во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација.

March 1, 2023 11:51
in ВЕСТИ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Ние како држава направивме големи чекори напред за решавање на долгогодишните спорови што ги имавме со нашите соседи. Кога политичарите се храбри и кога носат одлуки за следните генерации а не за следните избори, прават правилни избори, порача првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на денешниот Скопскиот економски форум, во организација на Делфи економски форум и Грчката бизнис асоцијација.

Тој напомена дека Охридскиот рамковен договор е пример за решавање на конфликти во цела Европа и е пример за одлична соработка на ЕУ и САД во нашата држава за да се реши конфликтот меѓу етничките заедници во земјава. Потенцираше дека Охридскиот рамковен договор треба да послужи како пример и за други конфликти во регионот.

-Ние како држава направивме големи чекори напред за решавање на долгогодишните спорови што ги имавме со нашите соседи, кои претставуваа вистинска пречка за нашиот евроатлантски интегративен пат. Преспанскиот договор и договор за добрососедство со Бугарија, но и решавање на прашањето за автокефалноста на нашата православна црква. Пристапивме и кон решавање на спорот со Република Грција преку Преспанскиот договор кој го потпишавме. Го усвоивме во Собранието и пристапивме кон уставните измени, што ни овозможи брзо членство во НАТО, со придонесот и поддршката на сите земји членки на Северноатлантската алијанса, за што сме многу благодарни, рече Груби.

Тој додаде дека овој храбар чекор од страна на тоа парламентарно мнозинство и таа владина коалиција треба да ни послужи како пример, не само за решавање на други спорови во земјава, туку и во целиот наш регион.

Договорот од Преспа, како што потенцираше, не зачлени во НАТО, ни обезбеди безбедност и сигурност во земјава, посебно во вакви предизвикувачки времиња кога постои агресијата на Русија во Украина.

-Од 2006 година се владееше со страв. Страв од Албанците дека ќе ја земат државата и ќе ја однесат на друго место, страв од Грците дека ќе го земат уставното име и историјата на античка Македонија, страв од Бугарите, од Србите.. но всушност се испостави дека сите овие стравови се наметнати од конзервативни политики да го заплашуваат народот и да се владее врз основа на тој страв, без да се решаваат овие прашања. Ние во ниту еден момент не дозволивме нашата држава да ги смени своите стратешки определби. Бевме мост на комуникација и со Атина и со Софија, за да се реши прашањето со името и прашањето со добрососедскиот договор кој го потпишавме подоцна. Не дозволивме стравот да биде пречка за решавање на прашањето со името со Грција, додаде Груби.

Во однос на дијалогот меѓу Косово и Србија, Груби порача оти се надева дека на 18-ти март ќе се постигне договор тука во Скопје, и се заблагодари на сите пријатели од Европската Унија и САД за придонесот што го даваат, за да се надмине овој спор кој влиаје врз целиот регион.

-Би сакал нашиот пример со Преспанскиот договор и со Охридскиот Рамковен договор да послужи како пример, посебно за властите во Приштина и Белград, да го надминат спорот и да се заокружи со взамено признавање на независноста меѓу Србија и Косово што би придонело за стабилноста на целиот регион, рече Груби.

Тој уште еднаш потенцираше оти претходно постоеше селективна правда и апсолутна недоверба во институциите, посебно кон судството и Обвинителството, но како што рече, се залагаат за апсолутен ветинг на секој еден политичар, на секој судија и обвинител.

Tags: Артан Грубиекономски форумЗападен Балкан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ