• Latest

Владата на Груевски немала пари за „Сенки“ на Милчо Манчевски, па зела кредит од над 40 милиони денари

March 9, 2023
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Владата на Груевски немала пари за „Сенки“ на Милчо Манчевски, па зела кредит од над 40 милиони денари

March 9, 2023 15:11
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Никола Груевски  веднаш по доаѓањето на својата функција во јуни 2006 година одобрила кредит за дофинансирање на филмот „Сенки“ на режисерот милчо Манчевски кој заедно со каматите по исплатата ги чинела граѓаните  43.687.478 денари.

Ова го покажуваат документите кои ги доби ЦИВИЛ Медиа преку слободен пристап до информации, каде се гледа целосна информација на финансиските трансфери кои Министерството за финансии и Министерството за култура, како и одлуките на Владата, кои ги правеле до продукциската куќа „Сенки“ од Скопје преку Годишната програма за финасирање програми и проекти од национален интерес во културата.

Со ова вкупната сума која ја добил Манчевски за филмот „Сенки“ е 91.146.978 денари и 43.687.478 или вкупно 134.834.456 денари ( 2.192.430 евра).

Во Извештајот за филмот кој министерствотот за култура го доставило во 2007 година, во периодот на донесување на ребалансот на буџетот во 2006 година се префрлени 51.201.243 денари, така што останал долг од 67.650.000 денари.

Но наместо оваа сума, обезбедени се 35.353.000 денари, а со прераспределба на средства се обезбедени дополнителни 3.097.000 денари, така што останал долг од 29.200.000 денари.

Со програмата за филмска дејност следната 2007 година преку министерството за култура за филмот „Сенки“ се обезбедени 4.600.000 денари, а за остатокот од 24.600.000 денари со Одлука на Владата овластен е тогашниот министер за култура Благој Стефановски да потпише менична изјава  за да може Манчевски да земе кредит од 43.050.000 денари, согласно потпишани договори за цесија кој ќе го плаќа Министерството за култура, поточно граѓаните преку буџетот и тоа во време кога владееше економска криза.

Каматната стапка на овој кредит е првично 9 проценти, а потоа министерството барало да доплати на повеќе рати, па каматната стапка се намалила на 7 проценти.

 

1 of 2
- +

Инаку сопственик на „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“  според документите е токму Милчо Манчевски, но заведен е како американски државјанин, додека пак компанијата покрај приоритетната дејност филмска продукција има регистрирана дејност за надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи.

Соња Танеска

 

Tags: злоупотреба на париМилчо МанчевскиНикола ГруевскиСенки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ