• Latest

Битиќи: Со растот на минималната плата исправаме една долгогодишна неправда, следната година таа ќе порасне на 23.000 денари

March 13, 2023

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Со растот на минималната плата исправаме една долгогодишна неправда, следната година таа ќе порасне на 23.000 денари

March 13, 2023 20:45
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Една долгогодишна неправда полека ја исправаме и првпат во поновата историја на Економско-социјалниот совет веќе не се преговара, туку само се утврди минималната плата, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за време на гостувањето во Сител телевизија.

Тоа е зашто минатата година се договоривме за критериумите со кои воспоставивме систем и еве го исходот денеска, зборувавме по десетина минути и кажавме дека сме задоволни од утврдената методологија. Ова е исчекор во ерата во која работникот ќе си го добие тоа што го заслужува, достоинствена плата за она што го извршува, истакна Битиќи.

Тој додаде дека од Организацијата на работодавачи изразиле задоволство од решението и со зголемување на продуктивноста тие се решени да ги зголемуваат платите. Ова решение ќе опфати 27 илјади административни службеници.

Законот за административни службеници се усогласи со Законот за минимална плата. Со тој закон се опфатени 27 илјади административни службеници, но и даватели на услуги во социјалната заштита и оние опфатени со ресорот култура. Линеарното зголемување ќе го добијат оние што се усогласени, а денеска веќе зборувавме со синдикатите и започнавме да го дефинираме Општиот колективен договор кој ќе го надмине прашањето за платите во јавниот сектор. Спреми сме следната недела да дискутираме за Општиот колективен договор и да се реши работата со платите во јавниот сектор, рече Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека „годинава се предвидува годишната инфлација да биде 7,1%, а сега минималната плата се зголеми за 12 процентни поени, што значи номинално ќе има повеќе средства за трошење“.

Тој додаде дека не се согласува со пресметките дека растот на минималната плата ќе биде изгубен поради инфлацијата.

Од аголот на вицепремиер, но и како граѓанин кој пред да влезе во политиката бев од другата страна, кога се борев со структура која ги плаќаше граѓаните како да се евтина работна сила можам да кажам дека работник што се продава за 10 илјади денари сметам дека е навистина жално за една држава, кажа Битиќи.

Тој истакна дека до изборите во јули 2024 година веројатно со новата утврдена методологија ќе има минимална плата од 23 илјади денари.

Нашата структура на БДП се заснова на две третини од приватната потрошувачка, а тоа се луѓето со повеќе средства кои ќе можат да трошат. Тоа не сметам дека ќе ја подгрее инфлацијата, напротив ова ќе го зголеми зголемувањето на платите во јавниот и приватниот сектор, а тоа секако и ќе доведе до зголемување на продуктивноста, додаде Битиќи.

Tags: Битиќизголемувањеминимална платанеправдаработник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ