ВЕСТ НА ДЕНОТ
Од денеска поевтино млеко и тестенини, можни интервенции и за цените на овошјето и зеленчукот
Во маркетите од денеска се продаваат тестенини со намалени цени за 15 проценти, а дел од млечните производи за 10 проценти. Министерството за економија се уште анализира дали ќе ја прошири владината одлука за замрзнати цени и за јајцата, шеќерот и оризот. Не е исклучена можноста за такво нешто и кај зеленчукот и овошјето ако трговците и производителите не ги следат светските текови за намалување на цените.
Согласно со одлуките на Владата, од денеска се замрзнати цените на тестенитете (макароните и шпагетите), кои на полиците во маркетите се пониски за 15 проценти, како и на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти, јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) кои пак бидат пониски за 10 проценти. Ако цените се нелогични и по 31 мај, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, ќе следи повторно замрзнување.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека нема да има привремени парламентарни избори на крајот од мај и на почетокот на јуни оваа година, без да има техничка Влада, како што денеска повторно побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Имам јас еден внук Никола и цело време му викам: ‘А бе Никола, земи работи, книгата, учи, работи за да напредуваш’, а тој ми вика: ‘Купи ми ‘плејстешјн’. И што и да му кажеш, тој цело време вика: ‘плејстејшн, па плејстејшн’. И ова ме потсетува на претседателот на опозицијата, т.е. на мојот внук Никола, кој, наместо да се фати со работа, само бара да му се купи ‘плејстејшн’, така што сметам дека и тие треба да се посветат на работа во општините отколку само и само да повторуваат: ‘Предвремени избори’. Предвремени избори нема да има, ќе има редовни избори за кои го кажав резултатот“, рече Ковачевски, на прес конференцијата по завршување на Советот за социјална сигурност за усогласување на пензиите.
ИНТЕРВЈУА
Маричиќ за ЦИВИЛ Медиа: Треба да ни бидат во интерес Уставните измени, за да направиме дистинкција помеѓу македонскиот народ и Бугарите
Во Брисел денеска продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4, со Поглавјето 21 за Трансевропска мрежа, заедно со Поглавјето 15 – Енергетика. Во исто време, во подготовка се извештаите за скрининг процесот за Кластерот 1 – Темели и Кластерот 2 – Внатрешен пазар.
Алаѓозовски: Ќе продолжиме со почитувањето и создавањето на мултикултурни вредности во нашето општество и на добриот соживот меѓу нашите граѓани
Со националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски разговаравме за текот и резултатите на имплементацијата на владината тригодишна стратегија „Едно општество за сите“, за новата стратегија која што е во напредно креирање и разликите помеѓу двете стратегии.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДЕЗИНФОРМАЦИИ Лага е дека средношколци починаа од употреба на дрога во Градски парк во Скопје
„Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив“, велат од МВР.
РЕАКЦИЈА НА МВР Поранешната универзитетската професорка, Виолета Ачкоска, отакако крена паника во државата, денеска во полиција се правадаше дека згрешила со објавениот статус дека средношколец наводно починал како последица од подметнување дрога во пијачката во некое кафуле.
СВЕТ Администрацијата на Бајден побара кинеските сопственици на ТикТок да ги отпишат своите удели во популарната видео апликација или ќе се соочат со можна забрана од САД, пренесуваа Ројтерс.
РЕГИОН Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи Жозеп Борел оцени дека сега е време Србија и Косово да се договорат за Анексот за имплементација, кој е составен дел на француско-германскиот договор за решавање на косовското прашање. .
ВОЈНА ВО УКРАИНА
„Колку е поголем притисокот, толку побрзо ќе биде движењето кон обновување на нашиот територијален интегритет и меѓународниот правен поредок. Правиме се за нашите партнери да го почувствуваат тоа. Оваа потреба ќе продолжи да се притиска. Чекор по чекор. Постојано. Окупаторот мора да биде уништен“, истакна Зеленски, во неговото редовно видео излагање.
МУЛТИКУЛТУРА
Претставници на ЦИВИЛ – Центар за Слобода денеска се сретнаа со националниот координатор за мултикултурализам, едно општество и развој на културата, Роберт Алаѓозовски, по повод започнувањето на новиот проект на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург.

АЛ-ПРЕС
(ИЗБОР) Албански медиуми: Вучиќ спремен на компромис; советници од ЕУ и граѓански организации од Косово и Србија со писма до лидерите за потпишување на договорот; во најава уште разрешувања за случајот „Дехари“
Притисокот врз косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ за потпишување на договорот за нормализирање на односите помеѓу двете земји, што се очекува дека ќе се случи на 18 март во Охрид, доаѓа од сите страни. Советници на ЕУ и граѓански организации од Косово и Србија со писмо до Курти и Вучиќ, а во меѓувреме, српскиот претседател вели дека е спремен на одреден компромис за постигнување договор.
СЛОБОДНА ЗОНА

Големите теми секогаш ми изгледаат некако епски и моќно, необјасниво и мистично. Слободата е услов за човекот како битие да стане граѓанин кој е активен чинител во заедницата. Слободата е голема и тешка работа, посебно кога треба да ја носат слаби плеќи и стресени нозе. Со неа слабото општество не знае што да прави и се однесува како во чекална во која треба да пристигне некој лидер со посебни карактеристики и да ги реши натрупаните проблеми. Слободата треба да се брани, но и да се знае како да се носи за да не стане само параван за неслободата, пишува Војо Маневски во колумната „Изборни теми и дилеми“.
Се насобраа во јавниот простор купишта „бизнис гуруа“ и останати дилери од типот на техно-менаџерски „know-how“, и замислете – сите се патриоти. Ги знаете, мил им е патриотизмот, ама уште помил им е „sвездениот статус“ во македонскиот (пост)капиталистички свет, онака како што, да речеме, во „класична“ смисла на науката уживаат статус на sвезди еден Стивен Хокинг или Ричард Докинс. А останатата публика коja ги слуша напитоците на нашите Гуру-а, сепак не се „јајчари“ кои не знаат како да го потрошат денот, туку „топ менаџери“, што значи тоа се луѓе кои тесна специјалност им е економија со времето е парите. Така што веројатно тие знаат за што ги гледаат нашите „патриотски селебрити“, и кои сме сега ние да им сметаме?, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Техно-менаџерски „know-how“ патриоти“.
Д. Муратов












