• Latest

Државната комисија за спречување на корупцијата го усвои Извештајот за работата за 2022 година

March 30, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Државната комисија за спречување на корупцијата го усвои Извештајот за работата за 2022 година

March 30, 2023 19:16
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 84. седница одржана преку платформата „Зум“ ги усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за 2022 година и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за 2022 година.

Членот на Комисијата Катица Николовска презентирајќи го Извештајот истакна дека ДКСК во 2022 година одржала 21 седница. Бројот на вработени е 48 лица од предвидените 64 вработувања. Реализирани се 12 вработувања од кои 10 нови и две лица од постојниот кадар се унапредени. Шест се административни службеници вработени со оглас  преку трајно преземање,од кои на двајца им престанал работниот однос по нивно барање.

Според статистиката, во однос на Националната стратегија, од 162 предвидени активности, само 17 се извршени или 10 отсто, што, вели, говори за недоволната посветеност на институции за навремено спроведување на доделените активности.

Во однос на пријави од граѓани познати и анонимни, физички и правни лица, во 2022 година добиени се 563 пријави во делот на корупција, 20 се по сопствена иницијатива, 509 донесени одлуки. Од областа на судир на интереси имаат 118 примени пријави, 27 по сопствена иницијатива, 161 донесена одлука. Од областа на проверка на анкетните листови за податоците за имотната состојба, примени се 17 пријави, 80 по сопствена иницијатива, а донесени се 372 одлуки. Вкупно се примени 698 пријави,  127 по сопствена иницијатива и донесени се 1.056 одлуки, а најголем дел или 64 проценти за однесуваат за корупција, 16 отсто се од судир на интереси, 10 отсто за издадени мислења за состојба на судир на интереси.

До Основноното јавно обвинителство дадени се 12 пријави, рече Николовска и посочи дека е подобрена комуникацијата со Обвинителството по однос на иницијативите поднесени од Антикорупциска.

Таа меѓу другото, најави дека од април ќе биде ставено во функција и софтверско решение за електронско поднесување анкетни листови за имотната состојба на избрани и именувани лица.

Николовска информира и дека во 2022 година издадени се 4.423 прекршочни платни налози по основ на ненавремено поднесување анкетни листови при стапување на функција на избрани и именувани лица (2.836), по престанок на функцијата (1.306) и при промена на имотна состојба (281) при што собрани се 2.430.400 денари, односно 38.000 евра кои се слеале во Буџетот на државата.

Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска во делот на вработувањата истакна дека ги зголемиле човечките ресурси за 30 проценти, но дека има потреба од нови вработувања. Во план се пет нови вработувања и две унапредувања во втората половина од годината, за што пари ќе бидат обезбедени со ребалансот на Буџетот.

Членовите на Комисијата се задоволни од сработеното во 2022 година, кога ДКСК одбележа две децении од функционирањето. Извештајот утре треба да биде доставен до Собранието.

Антикорупционерите изразија надеж дека Собранието нема да го остави Извештајот да се разгледува наредната година, со оглед на тоа дека денеска пратениците го разгледуваат Извештајот на ДКСК за 2021 година.

По однос на Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за 2022 година, претседателката на ДКСК Ивановска, изрази жалење што се спроведени само 10 проценти од нивните препораки од страна на институциите, што претставува намалување во однос на 2021 кога тој процент изнесува 20 отсто.

Според неа, тоа е показател дека е потребна стручна државна администрација која ќе биде столб на државата. Ивановска при тоа посочи дека се уште не е донесен Законот за висока раководна структура, иако имало најава дека Предлог законот требало да се најде во Собранието уште минатиот или овој месец. Таа смета дека е потребно да се формира посебно одделение во рамки на ДКСК кое ќе ја следи реализацијата на активностите од Националната стратегија преку квартално прибирање на податоците.

Со цел подобра имплементација на активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата, беше најавено иницирање надзорна расправа во Собранието, а предложено е како мерка и јавно посочување на оние институции кои не ги исполнуваат активностите.

Антикорупциската комисија најави дека утре ќе ја продолжи 84-седница. 

Tags: ДКСКизвештај
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ