• Latest

Спасовски од Порторож: Границите на Република Северна Македонија и на целиот регион се контролирани

April 4, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски од Порторож: Границите на Република Северна Македонија и на целиот регион се контролирани

April 4, 2023 13:24
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги развива своите капацитети за соодветен одговор во сузбивањето на организираните криминални групи, континуирано подобрување на меѓународната соработка со посебен акцент на соседните земји преку склучување мултилатерални и билатерални договори за соработка при спроведување на истраги за криумчарење на мигранти.

Ова го истакнал денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Порторож, Република Словенија, каде учествуваше на двете сесии од 11. Неформален состанок на министри за внатрешни во рамки на Брдо процесот, со обраќања и одговори на прашања од организаторите.

Во рамки на првата сесија насловена „Патот напред кон регионалната соработка во борбата против криумчарењето мигранти“, Спасовски нагласил дека како МВР ја поддржавме иницијативата на Република Словенија за воспоставување мрежа на национални контакт точки за да се насочи и координира размената на оперативни информации, особено и од аспект на активностите при формирање заеднички истраги за сузбивање на меѓународни организирани криминални групи.

– Предлогот за вклучување на други надлежни органи, односно јавното обвинителство кое како институција има огромна важност во размената на искуства, модус операнди, исто така, го подржуваме, имајќи превдид дека јавниот обвинител може значително да придонесе во продлабочување на меѓусебната оперативна соработка и во ефективност на истрагите кои што ги спроведуваме и тоа не само во областа на криумчарење мигранти, рекол Спасовски, соопштија од МВР.

Во однос на употребата на наменски аналитички алатки, тој напоменал дека во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во тек е унапредување на интегрираниот пристап на меѓу-институционална размена на податоци.

Според него, континуираното унапредување на аналитички системи од конкретни позитивни пракси е секогаш добредојдено и во оваа насока, посочил, ја поддржува и одлуката на директорите на полициските служби за користење на платформата ‘шеар поинт’ (Share Point).

Министерот Спасовски констатирал дека соработката со словенечките експерти се продлабочува и дека е полезно да  се искористи нивната експертиза и искуство за унапредување на постоечките капацитети за водење на истраги и сигурна размена на податоци меѓу надлежните национални служби, побрзо идентификување на криумчарите на мигранти и откривање на членови на организирани криминални групи.

Во втората сесија на тема „Кон холистички пристап за управување со враќањето и соработка за реадмисија со акцент на доброволно враќање и реинтеграција“, Спасовски ја истакнал досегашната поддршка на меѓународната заедница, особено на Европската комисија и земјите членки, кои имаат огромен удел во оперативното постапување и брзата и навремена размена на податоци, како и во зајакнувањето на прекуграничната соработка.

– Време е да кажеме дека границите на Република Северна Македонија и на целиот регион се контролирани и дека е постигнат значителен успех во управувањето со миграциите. Оваа премиса ќе важи кога – меѓу другото – ќе биде воспоставен ефикасен механизам за враќање, доброволно и присилно, во земјите на потекло, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција, ќе постојат ефикасни политики за реадмисија како важни аспекти на управувањето со миграцијата и областите во кои сите ние се соочуваме со сериозни предизвици поради неможноста ефикасно да се вратат дел од илегалните мигранти во нивните земји на потекло. Главната причина за овие предизвици е немањето договори за реадмисија или нивното неспроведување и неможноста да се утврди идентитетот на мигрантите, односно по официјален пат да се извршат соодветни проверки со надлежните служби во нивните матични земји, потенцирал министерот Спасовски изразувајќи благодарност до пријателите и експертите од Европската комисија и нејзините агенции, Фронтекс и Европол, за поддршката и пружената помош во борбата против илегалната миграција. цр/са/

Фото/видео: МВР

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ