• Latest

Подобрување на изборните процеси преку едукација на гласачите

April 5, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Подобрување на изборните процеси преку едукација на гласачите

April 5, 2023 15:05
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државните и локалните власти, предводени од Државната изборна комисија, а во соработка со релевантни граѓански организации и медиумите, треба да работат на едукација на гласачите на одржлив и ефикасен начин. Семејното и групното гласање, политичката корупција, заплашувањето и притисоците може да се намалат, ако гласачите се свесни за своите права и ако имаат основни информации во однос на постапките за пријавување и поднесување жалби.
Долго време кампањите за јакнење на јавната свест се често одвоени од реалноста и вистинските потреби на гласачите. Граѓанската едукација и кампањите треба да се спроведуваат на долгорочна основа и треба да бидат реални, разбирливи, мерливи, одговорни и ориентирани кон резултати.
Сепак, во интерес на сите засегнати страни во изборните процеси е и програма за едукација и информирање на граѓаните за изборните процеси 2021-2024 на ДИК објавен во пресрет на локалните избори во 2021.

Нејзините цели се подготовка на нови програми, техники и методи за едукација на граѓаните и гласачите и употреба на нови техники и методи за едукација на граѓаните и гласачите. Вака дефинираните цели треба да се постигнат преку кампања за проверка на граѓаните во избирачкиот список (повик за јавен увид и проверка на податоци), кампања за остварување на избирачкото право, редовно журирање на електронската страница и интерактивните мрежи (Facebook, Twitter, YouTube) на ДИК и преку алатки за односи со јавноста.

Исто така, во септември 2021, ДИК го издаде и второто издание на Прирачник за млади гласачи, како дел од проектот „Поддршка на демократското управување и процесите за инклузија” на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во 2020 година, во соработка со ДИК. Дополнително, во видео формат може да се најде и упатство за гласање на лица со попреченост, дел од кампања за 2021 година, кога се одржаа локалните избори.

Граѓанската едукација освен познавање на своите гласачки права и разбирање на изборните процеси и нивното значење, помага во намалување на бројни нерегуларности предизвикани од недоволно познавање на процедурите и стандардите. Иако ова е обврска на ДИК како институција главна за спроведување на изборните процеси, многу пред нив, па и денеска таа улога ја имаат граѓанските здруженија.

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи, долго време апелираше на важноста на едукацијата на граѓаните, пред ДИК да се одважи и да преземе чекори што ќе им помогнат на граѓаните.

ЦИВИЛ во истиот период во интерес на граѓаните, издаде и две публикации за гласачкото право и изборните процеси: „Моето гласачко право“ и „Сѐ што сакавте да знаете за изборите“.

Во тој контекст, се очекува ДИК да продолжи со едукација на граѓаните, во континуитет, а не само непосредно пред изборите. Дополнително, препораката на ЦИВИЛ е во тој процес на едукација на граѓаните да се обезбедат механизми кои ќе обезбедат прирачниците да бидат достапни до секој гласач.

ЦИВИЛ подготвува нов сет на препораки кои произлегуваат од долгорочното набљудување на политичко-општествената состојба во изборен контекст.

Подготви: Б. Ј.

Tags: гласачиедукацијаизбориЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ