• Latest

Е па Левица, ај од Енвер Хоџа па поскоро кај Путин!

April 12, 2023

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Е па Левица, ај од Енвер Хоџа па поскоро кај Путин!

April 12, 2023 11:24
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ 

Претставници на Левица вчера го посетија гробот на албанскиот диктатор  Енвер Хоџа, по повод годишнината од неговата смрт и објавија неколку фотографии на  официјалната Фејсбук страница на Левица. Реакциите од Фејсбук корисниците на Северна Македонија беа  бројни, саркастични до хумористични. И нема ништо спорно во оддавањето почит на некој идеолошки херој, но, доколку е идеолошки. Левичарски. Комунистички. Што исто така не е ниту спорно ниту страшно само по себе и како поим и како движење и како политички правец.

Но, знаејќи го Енвер Хоџа како еден од најголемите диктатори во Европа по втората светска војна, човекот кој безмилосно уништувал човечки животи, човекот кој повеќе од 40 години  ја држеше државата исклучително изолирана од светот , човекот под  чија  команда биле убивани интелектуалци кои иднината на Албанија ја гледале во светски рамки, и да не ја должам, човекот кој како наследство остави над 170, бункери низ целата земја, кои и ден денеска се потсетник на неговиот режим, почитта на Левица кон Хоџа не е од идеолошки побуди. Освен во поврзаноста на Хоџа во одредено време  со тогашниот  СССР- сега Русија, и со Кина.

Она што највеќе треба да не загрижува како општество во однос на Левица, освен уште милион чуда што секојдневно ни се приредуваат од сите можни и неможни политичари, но тука ќе се задржам на Левица и сите што ја поддржуваат, и ќе повторам како пред точно една година, е фактот во Собранието имаме про-фашистички елементи изгласани од граѓани, кој  кажува дека или граѓаните што ги гласаат не препознаваат зло, или и самите се дел од злото, а судејќи по добар дел реакции од граѓани – силни поддржувачи на тотално обратната ориентација на политичкиот субјект од тоа што се нарекува (Левица) и не само на Левица, сосема се во иста ментална матрица.

Што е уште позагрижувачко од нивната посета на гробот на Енвер Хоџа.

Лично, им посакувам во најскора иднина, на ист начин, да му оддадат почит на нивниот најголем херој, Путин.


 Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

 

Tags: Енвер ХоџаЛевицаПутин
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ