• Latest
Американскиот претседател, Џо Бајден (Wikimedia Commons)

Бајден во Северна Ирска на годишнината од мировниот договор: Мирот и силната економија одат рака под рака

April 12, 2023

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден во Северна Ирска на годишнината од мировниот договор: Мирот и силната економија одат рака под рака

April 12, 2023 22:15
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Американскиот претседател, Џо Бајден (Wikimedia Commons)

Американскиот претседател, Џо Бајден (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази надеж дека Северна Ирска „нема да се врати“ во ерата на смртоносно насилство што заврши пред 25 години со мировен договор спонзориран од САД, потсетувајќи ги политичарите да ја решат политичката криза што ја остави земја без функционална влада, пренесува МИА.

Нам ни останува да го продолжиме ова, рече Бајден во Белфаст, осврнувајќи се на економскиот раст и просперитетот на Северна Ирска откако беше потпишан ирскиот „Договор од Велики петок“ – како што официјално се нарекува. Пред постигнувањето на овој договор, 3.600 луѓе загинаа во долгорочниот конфликт еуфемистички наречен „Неволји“ меѓу унионистите и застапниците за обединување со Ирска.

Во својата прва претседателска посета на Северна Ирска, Бајден рече дека американските инвестиции во овој регион и натаму ќе го поттикнуваат нејзиниот раст, особено ако поделените политичари во Белфаст го решат конфликтот што ја запре работата на регионалната влада.

„Едноставната вистина е дека мирот и економскиот просперитет одат рака под рака“, рече Бајден, посочувајќи дека економијата на Северна Ирска ги удвоила своите резултати по потпишувањето на мировниот договор во април 1998 година, точно пред четвртина век.

Бајден предвиде дека бруто домашниот производ на Северна Ирска ќе се зголеми повеќе од тројно „ако работите продолжат да се движат во вистинската насока“ и додаде дека светлата иднина е „само почеток“.

„Вашата историја е наша историја“, рече американскиот претседател, кој има британско и ирско потекло. „И уште поважно, вашата иднина е иднината на Америка.

Инаку Северна Ирска нема влада бидејќи Демократската унионистичка партија, која е половина од владата во регионалниот парламент во Стормонт, ја напушти власта во знак на протест поради трговскиот спор меѓу Европската Унија и Велика Британија што настана како резултат на Брегзит.

Основата на мировниот договор, потпишан додека Велика Британија беше дел од Европската Унија, е слободното преминување на границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска. Со Брегзит се појавија проблеми со царинската контрола.

Бајден ги повика двете страни да се вратат на работа бидејќи судбината на Северна Ирска е во нивни раце, а „на демократијата и се потребни шампиони“.

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак, со кого Бајден утрово пиеше чај, по обраќањето на Бајден рече дека имале „многу добар разговор“ за инвестирање во Северна Ирска и за серија меѓународни прашања.

„Ние сме многу блиски партнери и сојузници. Соработуваме за различни прашања“, рече Сунак.

Откако Сунак стана премиер, Британија и Европската Унија во февруари конечно постигнаа договор за трговијата, што САД го поздравија, но ирската Демократска унионистичка партија верува дека договорот сè уште остава некои прашања нерешени и одби да се врати во владата на Северна Ирска .

Пред да и се обрати на јавноста, Бајден се сретна со претставници на петте партии кои имаат претставници во регионалниот парламент во Стормонт.

Tags: БајденСеверна Ирска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ