Поранешна пратеничка на шведските демократи, Каролин Норденгрип, се приклучи на украинската војска во борба против руските агресори.
Оваа информација не им се допадна на русофилите, па извесен твитер профил „Балерината“ ја објави веста за поранешната шведска пратеничка дека се приклучила на украинските војници со коментар: „Многу јако ова војна бе. Трепки, нокти, шминка, тазе фарбана коса. Убаини“.
Помеѓу десетината русофилски коментари, е и коментарот на самопрогласениот новинар и водител „бурекџијата“ Јанко Илковски, кој коментира „И реденка и прават, дига морал“.
Додека цивили меѓу кои и деца секојдневно гинат во Украина, жените се силувани од руските агресори, македонските русофили и путинољупци си прават хе-хе-нца, во обид да ја релативизираат војната и бруталноста на руските сили.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ