• Latest

Преку координираност и едукација до зајакнување на капацитетите за одговор на хибридните закани

April 24, 2023
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Преку координираност и едукација до зајакнување на капацитетите за одговор на хибридните закани

April 24, 2023 15:45
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Брзина, координираност, едукација и подигнување на свеста се дел од препораките за одговор на хибридните закани. Ова беа заклучоците од воведните обраќања на денешната сесија „Зајакнување на отпорноста и подобрување на капацитетите за одговор на хибридните закани“ која се одржува во рамките на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) од Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија во организација на Европското движење.

Министерот Оливер Спасовски на денешниот настан истакна дека со сигурност може да констатира дека безбедносната состојба во државата е стабилна, меѓутоа, како што дополни, факт е дека хибридните закани и понатаму ќе бидат присутни.

– Неспорно е дека интензитетот на хибридните закани постојано се менува, како и нивниот развој и брзина. Факт е дека тие и понатаму ќе бидат присутни. Затоа, градењето на отпорност, превенцијата и подготвеноста за одговор на хибридните закани треба да е еден од врвните приоритети во државата и оттука секоја земја треба да биде способна за приспособување на непредвидливата, комплексна, и променлива безбедносна реалност, рече тој.

Според него, за да се заштитат животите и имотот на граѓаните и институциите потребен е брз, координиран и ефикасен одговор.

– Препознавајќи ја неопходноста од заштита на виталните системи согласно Европските стандарди, во Република Северна Македонија во тек е изготвување на Закон за критична инфраструктура, кој треба да ги воспостави основите на еден систем кој ќе ги вклучи сите чинители, вклучувајќи го и приватниот сектор, рече министерот.

Според заменик-министерката за здравство Маја Манолева, особено е важна едукацијата и подигнувањето на свеста кај корисниците, здравствените работници кои што работат во електронското здравство, како и граѓаните севкупно.

– Во таа цел, обука и семинари би можеле да помогнат на корисниците, да ги разберат и признаат потенцијалните опасности, и да работат на заштита на своите информации, рече таа, дополнувајќи дека исто толку важни се и техничките мерки.

Соработката и споделувањето на информациите ја истакна како клучна во борбата против хибридните закани.

Шефот на Основното Јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, смета дека најспецифичното за хибридните закани е нивниот потенцијал постојано и брзо да ја менуваат формата и средства за остварување со што, според него, стануваат дополнителен предизвик.

–  Досегашното искуство она што претходи како прва алатка или основа на хибридните операции се дезинформации. На тоа се надоврзуваат различни форми на кибер напади саботажи, шпионажи, па сѐ до акти кои имаат директни обележја на тероризам и терористичко загрозување на уставен поредок, вели тој.

Бубевски дополни дека во одредени услови на хибридните закани можат да добијат форма и на економски притисоци и корупција за да се влијае врз процесите и да се предизвика дестабилизација и чувство на несигурност и страв во јавност.

Јавниот обвинител, исто така, препорача дека нашиот одговор кон ваквите закани мора да биде координиран и повеќе димензионален.

– Тој одговор мора да ги користи најдобрите практики од понапредните земји во справувањето со ваквите предизвици. Најпрвин мора да дојдеме до изворите на заканите, да ги разјасниме нивните мотиви и целите што сакаат да ги постигнат, вели тој.

Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е реализиран од страна на Европското движење во Северна Македонија, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ