• Latest

Барањето на градежната комора за поврзаност со пристаништата во Драч и Бургас со коридорите 8 и 10 станува реалност

May 2, 2023

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Барањето на градежната комора за поврзаност со пристаништата во Драч и Бургас со коридорите 8 и 10 станува реалност

May 2, 2023 14:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поврзувањето со пристаништата во Драч и Бургас е долгогодишно барање на стопанските комори од земјава, кои бараа алтернатива на пристаништето во Солун, со цел намалување на цените на траспорт и можност за повеќе избор при увозот и извозот на стоки. Со поврзаноста со само едно меѓународно пристаниште, Северна Македонија ризикуваше да биде целосно отсечена, во случај на блокада или штрајк во Солун, со што домашните комапнии ќе плаќаа и до три пати повисоки цени за транспорт на стоки, што ќе резултираше со удар врз домашната економија.

Изградбата на Коридорите 8 и 10д е еден од најважните инфраструктурни проекти кои се започнуваат во државата од нејзиното осамостојување, а свесни за нивната важност се сите во земјава. Со изградбата на овие коридори, земајва освен со пристаништето во Солун, конечно ќе биде поврзана со уште две пристаништа – во Драч и Бургас и ќе стане крстосница на Балканот.

Ваквото поврзување и позиционирање на Македонија како вистински центар на Балканот е проект кој е поголем од една Влада и кој е зацртан и замислен уште од осамостојувањето, а актуелната Влада е единствената која реши да засука ракави и наместо празни ветувања започнува со изградба на проектот.

Оваа капитална инвестиција, освен што ќе ја поврзи земјава со две нови пристаништа, ќе ја раздвижи економијата, ќе ја модернизира и направи побезбедна патната инфраструктура, но и ќе го помогне домашниот градежен сектор со над 650 милиони евра. Согласно договорот со изведувачите „Бехтел и Енка“, 51 отсто од вкупните средства за изградбата на Коридорите 8 и 10д мора да бидат за ангжирање на домашни подизведувачи, што ќе придонесе за раст на платите на работниците и развој и модернизација на домашните компании.

Со изградбата на нови, брзи и безбедни патишта, ќе се придонесе и за подобрување на безбедноста во сообраќајот, но и побрзо поврзување на градовите во земјава, што на крајот придонесува и за развој на економијата во овие градови, кои сега се отсечени од остатокот. Добрите патишта ќе ја направат земјава и поатрактивна за странските туристи и минувачи, што значи и дополнителен профит за државата.

Опозицијата која сега бара различни начини како да биде против овој проект е свесна за важноста на изградбата на Коридорите 8 и 10д. Всушност и нивниот обид за изградба на автопатот Кичево-Охрид е дел од овие коридори, но сега, кога автопатиштата ќе се градат со зацртани рокови и висок квалитет, наместо со промашени траси и повеќе од деценија, тие наоѓаат различни прашања од кои прават проблеми.

Доказ дека нивното противење е само за добивање на ситни политички поени, а не поради суштински прашања е и тоа што ВМРО-ДПМНЕ беа поканети да учествваат во групата која го подготвуваше договорот со „Бехтел и Енка“, но тие одбија да присуствуваат. Со нивното однесување за овој важен инфраструктурен проект, тие само потврдуваат дека секогаш застануваат против државните интереси, само за нивни политички и лични цели.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ е составен од реномирани компании кои работеле и работат на огромни и важни проекти низ светот, но и во регионот. Двете компании го изградиле најдолгиот мост на Балканот, над реката Лепенец во Косово, во должина од 5,75 километри.

Освен автопатот во Косово, „Бехтел и Енка“ градеа и автопатот Морава во Србија, делница која се гради со развивање и на најмодерната дигитална инфраструктура и систем за заштита од поплави. Делница од овој автопат беше пуштена во употреба минатата недела.

При изградбата на овој автопат ќе се постават и преку 1000 километри оптички кабли кои ќе служат за подобрување на 5Г инфраструктурата.Поддршка и гаранција за овој проект и за конзорциоумот „Бехтел и Енка“ е и британската влада, која обезбеди 430 милиони евра.

Но, освен на Балканот, „Бехтел“ се активни и во останатите развиени земји. Во моментов работат на еден од најзначајни инфраструктурни проекти во Австралија. Аеродромот во Западен Сиднеј во Австралија, проект вреден над четири милијарди долари. Овој аеродром во Сиднеј се очекува да биде финализиран во 2026 година и да биде еден од најголемите во Австралија со над 10 милиони патници годишно.

ЦМТ

Tags: БургасГрадежна комораДрачкоридори 8 и 10д
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ