Русија треба да биде принудена да направи „кримски гест на добра волја“, изјави Андриј Чернијак, претставник на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина за информативниот сајт Армијаинформ, пренесува Укринформ, повикувајќи се на веб-страницата на агенцијата.
„Се разбира, непријателот мора да биде отсечен од Крим – за да се осигура дека Русија не може да го користи привремено окупираниот полуостров за воени цели и, конечно, да го направи таканаречениот „кримски гест на добра волја“, рече Чернијак.
Според него, Украина продолжува да презема соодветни мерки во областа на Крим, за што, особено, сведочат неодамнешните настани на полуостровот.
„Сообраќајниот метеж долг повеќе километри на незаконски подигнатиот мост од Керч до Русија е вистинската реакција. Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина силно препорачува да се напушти окупираниот Крим додека таквата опција се уште е достапна“, рече тој.
На 29 април избувна пожар во складиште за нафта во привремено окупираниот Севастопол поради наводен напад со беспилотно летало.
Подготви: Д. Мишев












