Германската амбасада во Скопје по повод Денот на слободата на печатот, истакнаа дека независното новинарство е најдобриот лек против кршењето на човековите права и злоупотребата на моќта.
„Ја чествуваме храброста на на новинарките и новинарите и нивната клучна улога за стабилноста на демократијата како и напредокот постигнат на полето на слободата на печатот овде во Северна Македонија.
Слободата на печатот изискува наша постојана поддршка и заштита – во Германија, во Северна Македонија и низ целиот свет. Германија е посветена на ова“, велат од амбасадата.
Од таму додаваат дека независната новинарска работа е незаменлива, тоа што уште еднаш го покажаа протестите во Иран и руските воени злосторства во Украина.
„Тоа го изразува и годинашното мото за Денот на слободата на печатот: „Слободата на изразување како мотор за сите други човекови права“, велат од германска амбасада.
Германската амбасада во Скопје изрази благодарност до сите што придонесуваат за слободата на печатот!