• Latest

Ставен крај на систематскиот напад на слободата на медиумите, Македонија на високото 38 место според „Репортери без граници’

May 3, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Ставен крај на систематскиот напад на слободата на медиумите, Македонија на високото 38 место според „Репортери без граници’

May 3, 2023 13:33
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е рангирана на 38. Место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“.

Земјава бележи скок од 19 места во однос на 2022 година и е најдобро позиционирана во регионот на Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96).

Споредувајќи период од десет години, во 2013-тата, Македонија беше на 123-тото место. Иако се чинеше дека во 2012 година Македонија го достигна дното, откако беше рангирана на 116. место, но слободниот пад, кој траеше од 2009. Година, кога земјата била на респектабилното 34. место, продолжи. „Репортери без граници“ во извештајот за годината го наведуваат и затворањето на новинарите Томислав Кежаровски и Зоран Божиновски.

Во извештајот на Репортери без граници за 2014 година, Македонија е рангирана на 117 место по медиумски слободи, со мало подобрување од 6 места во однос на извештајот од 2013 година.

Земјава во 2015-тата година е на 118-то место на ранг листата на Репортери без граници, посветена на слободата на печатот. Во Извештајот за годината беше наведено дека клеветата е отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата се заменети со граѓански постапки, каде се можни големи парични и затворски казни за новинарите и за сопствениците на медиумите. Најмалку 580 тужби за клевета се поднесени од крајот на 2014 година до 2015 година, неколку десетици од нив против новинари.

За 2016 година Македонија се наоѓа на 111. Место според индексот на слобода и земјата во Извештајот се нарекува „лошото момче на Балканот“. Според „Репортери без граници“, слободата на медиумите е намалена во целиот регион, но ерозијата на владеењето на правото е највидлива во Македонија. „Имаше многу извештаи за закани, насилство, малтретирање и за заплашување на новинарите за време на политичките демонстрации во 2016 година, но само неколку од одговорните беа гонети. Политичката нестабилност влијае на работата на новинарите и притисокот од владејачката партија ги натера некои од медиумите самите да се цензурираат“, се вели во извештајот за 2016 година.

За 2017 година Македонија е рангирана на 109-то место, што е напредок за две места во споредба со минатата година кога беше на 111-та позиција. Сепак, земјава е најслабо рангирана во споредба со земјите од регионот. Во делот на извештајот кој се однесува на Македонија се вели дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со изборот на новата влада во јуни 2017 година“. „За време на десетгодишното владеење, Груевски воспостави ниво на контрола врз медиумите што не можеше да се спореди со ниедна друга балканска земја, а многу опозициски медиуми мораа да згаснат“, е заклучокот на Репортери без граници кои оценуваат дека Јавниот радио-телевизиски сервис „сè уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“, беше посочено во годишниот Извештај.

Во 2018-тата година Македонија е на 109-тото место, по што следува скок од 14 места во 2019-тата година. Земјава е позиционирана на 95-тото место. Во Извештајот се наведува дека не се регистрирани напади врз новинарите и безбедноста на новинарите бележи значителен напредок.

Од 95-то, во 2020 година следува нов скок од три позиции на 92-рото место. Во делот за Македонија се истакнува рекламирањето во медиумите, а „Репортери без граници“ во извештајот посочуваат дека актуелната влада го намалила државното рекламирање во медиумите, што беше моќна алатка на претходната власт за контрола на медиумите и злоупотреба на државните фондови.

Следната, 2021 година Македонија се наоѓа на 90-тото место, а дури 33 позиции напредок се бележи во 2022 година, па земјата беше 57-ма на ранг-листата. Тогаш беше усвоена нова методологија со која слободата на медиумите се дефинира како „ефикасна можност за новинарите, како поединци и како групи, да избираат, произведуваат и шират вести и информации од јавен интерес, независно од политички, економски, правни и социјални мешања, како и без закани за нивната физичка и ментална безбедност“.

ЦМТ

Tags: Глобалниот индекс за слободата на медиумитеЗападен БалканизвештајрегионРепортери без границиСветски ден на слободата на медиумитеСецерна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ