• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Државната матура најверојатно одложена; трагедиите во српското општество аларм и за нашите институции; започна „разоружувањето“ во Србија

May 8, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Државната матура најверојатно одложена; трагедиите во српското општество аларм и за нашите институции; започна „разоружувањето“ во Србија

May 8, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот, бараат од МОН да ги измени датумите за полагање на матурата

Неуспешни два состанока имал синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) за кој е неприфатлива понудата од Министерството за финансии по околу илјада денари зголемена плата за вработените. Вториот состанок бил во четвртокот во МОН, во присуство на министерот за образование и претставници од Министерството за финансии. Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот и денеска побараа од МОН да го измени календарот за полагање на државната матура затоа што нема да стигнат да ги завршат обврските до 27 мај кога е тестирањето по првиот екстерен испит, пренесува МИА.

Претседателка на синдикалната организација на ДИЦ, Емилија Бошковска, на прес-конференција изјави дека е невозможно и неизводливо да се постигнат датумите за матурата (27 мај и 10 јуни), а нивното барање до МОН за промена на календарот  автоматски би значело и пролонгирање на резултатите од матурата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата. Потребен е системски пристап. Сите ние во суштина ја делиме одговорноста за денешната наша реалност. Родителите, наставниците, децата и системот. Значи не може да покажеме со прст, конкретно за одговорност, затоа што на еден или друг начин, придонесуваме за ова што денес го живееме. Дополнително, придонесуваат и геополитичките случувања, медиумите и реалноста во која живееме, смета професорот Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ очекува што поскоро да се заврши текстот на амандманите за уставните измени во работната група за да може уште овој месец да ги продискутираат и да ги проследат во Собранието.

ПРАВДА Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон и не принудуваат како институции да се мобилизираме за што поефикасна контрола на оружјето и во нашата земја, смета јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој денеска упати порака до јавните обвинители да делуваат за зајакнување на казнената политика за недозволено држење оружје и муниција.

СРЕДБИ Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре продолжува со дводневна работна посета во Вашингтон. Во Вашингтон, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, заменикот советник за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, но и со повеќе сенатори и конгресмени на САД, меѓу кои Деби Дингел, Крис Марфи, Брендан Бојл.

РЕГИОН Граѓаните на Србија кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска до 8 јуни можат да го предадат тоа оружје во која било полициска станица, за што нема кривично да одговараат и нема да сносат никакви последици.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Невидена нервоза и параноја владејат во Москва пред парадата на Денот на победата

Во пресрет на 9 мај, Русија изгледа далеку од триумф во војната за која првично очекуваше да трае неколку недели. Паранојата по нападите со беспилотни летала врз Кремљ и ослабеното воена моќ го обременуваат настанот што Путин го смета за длабоко симболичен.

*

Кога армијата на Украина ќе започне контраофанзивна операција, Русите ќе паничат поради лажната перцепција на реалноста со која ги храни нивната пропаганда. Ова го изјави заменик-министерот за одбрана Володимир Хаврилов во интервју за Индепендент, пренесува Укринформ.

*

Амбасадата на Украина во Северна Македонија на официјалниот профил на Фејсбук објави соопштение по повод 8 мај, Денот на Сеќавање и помирување, со галерија од фотографии. На 8 мај, Денот на сеќавање и помирување, Украина го почитува споменот на сите кои се бореле против нацизмот и на сите жртви на Втората светска војна.

*

„По Украина, Чеченија“. Чеченските про- украински доброволци јасно ставаат до знаење дека се во Украина за да надоместат околу два века руско угнетување врз нивната планинска и често бунтовна татковина – од депортацијата на населението на Сталин во 1940-тите, уништувањето на нивниот главен град Грозни од страна на Борис Елцин, до сегашното, брутално владеење. на московскиот сатрап во Чеченија, Рамзан Кадиров, пренесува Политико.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Се најавува голема конференција на ЦИВИЛ на тема „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“

ЦИВИЛ организира голема конференција под наслов „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ на 16 мај, во хотелот Парк Резиденс (зад градскиот стадион), сала Њујорк, со почеток во 12 часот. Конференцијата се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.

На настанот се поканети високи политички претставници, локалната самоуправа, експерти, претставници од граѓански организации и медиумите. Меѓу говорниците што го потврдија своето учество досега се претседателот Стево Пендаровски, националниот координатор Роберт Алаѓозовски и почесниот конзул на Луксембург, Петар Арсовски.

Недела на циркуларната економија на Западен Балкан – за што се работи?

Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан ќе се одржи од 22 до 26 мај, под мотото „Партнерство за циркуларност“. Веќе се во тек забрзаните подготовки на голем број истовремени активности во поголем дел од земјите на Западна Балкан, што ги спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс (Logex), формирана на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово.

ЦИВИЛ, преку својата организациска единица Зелен Цивил, е активна членка на мрежата и веќе втора година по ред учествува во организирањето на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан.

АЛ-ПРЕС

Еден од најважните истражувачки институти не само на Балканот, туку и во светот, објави анализа за локалните избори во Албанија. Од опсежната анализа „Локални избори во Албанија 2023: Избор помеѓу нарко картели и/или парламентарна република?“,  албанските медиуми ги издвоија најважните и најинтересни делови. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај го тужеше Сали Бериша за клевета, односно за изјавата дека Велиај ги пере парите на иранската Револуционерна гарда.

Ова е само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„За потребите на еден домашен разговор, ја тестирав мобилната апликација ASK AI. Во chat box-от напишав Macedonian far right (Македонска крајна десница). И еве што беше наведено:

…”Македонската крајна десница се однесува на политички движења или индивидуи кои во Северна Македонија подржуваат крајно десни или националистички идеологии. Овие групи воглавно се фокусирани на промоција на македонскиот национализам, застапуваат силна и јака македонска држава, а се спрoтивставуваат на воочени за нив закани кои се упатени кон македонскиот идентитет и култура
– како на пример албанскиот национализам или имиграцијата“, пишува Ана Чупевска во колумнта „Стелт фашизам“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ