• Latest
Во Србија повик за бел штрајк во образованието

Државен просветен инспекторат за ЦИВИЛ: Според спецификите, секоја појава на насилство во училиштата ја третираме поединечно

May 10, 2023

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Државен просветен инспекторат за ЦИВИЛ: Според спецификите, секоја појава на насилство во училиштата ја третираме поединечно

May 10, 2023 09:43
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Во Србија повик за бел штрајк во образованието

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

„Осудуваме секаков вид на насилство во воспитно образовните установи. Посебна статистика во однос на вакви појави во училиштата не водиме, односно секој случај се третира поединечно според спецификите на истиот“, велат за ЦИВИЛ од Државниот просветен инспекторат, на прашањето за статистички податоци во однос на податоците за број на пријавени случаи на насилство во и вон училиштата кај деца и млади.

Од Инспекторатот велат дека вршат редовни, согласно годишната програма, и вонредни надзори врз основа на иницијатива од страна на ученици, студенти, родители, совет на родители, вработени во воспитно- образовната установа и од други граѓани.

„Согласно нашата годишна програма во текот на месец декември, планиран е редовен надзор во училиштата по однос на активностите – Почитување на законската одредба „Советување на родители – родителска школа“.

Согласно законот за основното образование директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции утврдени со закон. Постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство,злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт – упатство, предложен од БРО, а донесен од министер.

Со Упатството се уредуваат видовите на насилство, начинот на пријавување и постапување од страна на училиштата. Составен дел од Упатството се Формулар за евиденција на насилството и Формулар за план за заштита на жртвата од насилство.  Стручната служба во училиштата е должна да постапува и да го заштити интересот на ученикот“, велат од Инспекторатот..

Просветниот инспекторат постапува по секоја иницијатива како по добиени претставки, така и по допрен глас од медиуми.

„Државниот просветен инспекторат постапува по секоја добиена инцијатива за вршење на инспекциски надзор. Секој случај си има своја специфика без разлика за каков вид на насилство се работи. Оваа година сме имале неколку иницијативи за вршење на вонреден надзор во врска со насилство во училиште. Не би коментирале случај по случај можеме само да резимираме дека е постапувано од наша страна по сите добиени претставки, а сме постапувале и по иницијатива односно по допрен глас од медиуми. Секаде каде што е утврдена неправилност преземени се мерки или пак е дадено укажување за отстранување на констатираната неправилност“, велат од Инспекторатот.

Според ДПИ треба да се работи на превенција, пред сѐ од стручните служби во училиштата.

„Како посебен вид на надзор е интегралната евалуација на воспитно-образовната установа. Таа опфаќа надзор над: организација и реализација на наставата, условите и културата во воспитно-образовните установи, менаџмент, исполнување и вреднување на работните задачи на наставниците и стручните соработници, професионален развој на воспитно-образовните и раководните кадри, комуникации и односи со јавноста, соработка со родителите и средината и слично. Се врши еднаш на три години во сите основни и средни училишта. Од почетокот на годината вршиме по неколку интегрални евалуации месечно.

Напоменуваме дека треба да се работи пред сè на превенција, посебно од страна на стручните служби во училиштата. Училиштата се должни во годишните програми за работа да планираат и спроведуваат програми со поддршка на другите институции за промовирање на активности преку различни наставни и воннаставни активности со учениците, вработените, како превенцијата за да не дојде до насилство, злоупотреба и запуштање, за спречување дискриминација и друго“, нагласуваат од Државниот просветен инспекторат.

Б. Ј.

Tags: Државен просветен инспекторатнасилствоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ