• Latest

Антизападниот БРИКС оставен во македонскиот орман

May 20, 2023

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Антизападниот БРИКС оставен во македонскиот орман

Имаше некаква симболика во фактот дека министерот за надворешни на Русија - Лавров лани, на денот кога се слави годишнината од Октомвриската револуција, го пушти повикот за „запишување“ на ново членство во БРИКС, организација која е од стартот антизападна по концепцијата. Зошто човек може да помисли дека малата Македонија е една од  земјите каде треба да ја слушнат неговата порака?

May 20, 2023 10:42
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Како што се приближува времето кога треба да се отвори дебата околу промената на Уставот на земјава, како предуслов да ги продолжиме преговорите со Брисел за влез во Унијата, така расте сè похистеричното јавно колнење на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да отстапат од бојкотирањето на влезот на бугарското малцинство во највисокиот македонски правен акт.

Видливо е дека во целата таа атмосфера која ја создава врвот на партијата на Мицкоски никаде нема алтернатива – одговор за тоа каде треба да одиме ако едноставно го отфрлиме членството во ЕУ? Бидејќи, сосема е јасно дека нашите европски перспективи без никаков рационален одговор за судбината на земјата која може да отиде во неврат.

Факт е дека убедувањето на десницата во земјава, кое постоеше како противтежа на напорот за нашето членство, најпрвин во НАТО, кое се случи, а сега и како контра-тег на многу старото барање да влеземе во ЕУ, сè помалку се потпира на шарената лага за „изгубениот рај“ кој нè очекува на другата страна, на Истокот, во организацијата наречена БРИКС.

Но факт е и дека ако не се споменува, таа солуција лебди во воздухот.

„Што сме добиле од Западот“ – праша без срам градоначалникот Јакимовски во неодамнешната дебата со проф. Нано Ружин во „Само вистина“ (16.05.2023). Ружин само ја спомена последната инвестиција од Тајван, вредна над 200 милиони долари.

Идејата за членство во БРИКС

На еден типичен вмровски аргументум без факти, БРИКС стои сокриен, разголен, во орманот, како некој ненадеен љубовник. Истиот во мигот е надвор од доменот на било какви дебати, откако Левица доста го „трошеше“ во оние улични, крвави бунтови во протестот против т.н. француски предлог за разрешување на спорот со бугарското вето. Левица излегуваше со тезата дека алтернатива на Западот постои таму на Истокот, без да дава никакви додатни перформанси на својот „пат на свилата“.

КОЈ СЕ КРИЕ ВО ОРМАНОТ Како и луѓето кои не треба да се видат, така и некои определби треба да се појават кога ќе им дојде времето

Факт е дека на 8 ноември минатата година, на денот кога се славеше годишнината од Октомвриската револуција, рускиот министер Лавров го пушти повикот за „запишување“ на ново членство во  БРИКС, организација која е од стартот антизападна по концепцијата.

Зошто човек може да помисли дека малата Македонија е една од  земјите каде што треба да се слушне неговата порака? Па токму заради тоа што Македонија тогаш правеше чекор напред во однос на својата позиција кон Брисел, кога тврдиот историцизам на бугарските факти почна да се руши и немаше никаков политички reason d’etre да се става камен на сопнување на патот до нашата иднина.

МАМЕЦ Лавров го спомена БРИКС како мамец за солидарност, кога руската војска заглави во украинската кал

Покрај овој повик, даден додека руските тенкови тонеа во украинската кал и беше јасно дека Русија заглави во своја нова „авганистанска“ реприза и меѓународна изолација; и таа држава која стана дел од НАТО Алијансата требаше да се сопре додека е време – од една страна пристигнуваа лажни аларми за дестабилизација на Македонија со заканите со лажни бомби, од руско-ирански адреси, а од друга страна требаше да се пуштат кон небото некакви лампиони кои, се разбира, бргу ќе исчезнат од хоризонтот. Како во прослава на кинеската Нова година.

БРИКС како антизападна конструкција

Во пребарувањето на она што е напишано на оваа тема кај нас, нема многу текстови кои би пропагирале некакви наши азиски перспективи, но нема ни многу текстови кои би биле опозит на таа опција.

Во весникот „Нова Македонија“ се чини дека се најчести или барем како да се забележува некаков напор таа тема да се држи отворена, да се грее на ринглата. Впрочем, во портал изданието на овој весник ја гледаме постојано рекламата на Макстил, фирма која  го задржува името од времето кога главен газда беше Минчо Јорданов, кој ја продаде компанијата на онаа кинеска фирма која претходно ја држеше смедеревската железарница. Ова може да е оправдување за тој интерес, иако во тие текстови, форсирањето на БРИКС е повеќе присутно како идеја која треба да се подгрева, ама не и оправдува со некои „непобитни“ аргументи. Ако дојде пригода, орманот ќе се отвори за сокриениот аџамија, а ако не, тогаш неговиот костур сам ќе падне нанадвор.

Во текстот „Државите од БРИКС нудат алтернатива на Западот“, голем, ама не и потпишан текст, се цитира често  Гинтер Мајхолд, заменик-директор на Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања (СВП), кој смета дека земјите од БРИКС го доживуваат својот геополитички момент(!).

Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се обидуваат да се позиционираат како претставници на глобалниот југ, обезбедувајќи алтернативен модел на Г7. Се споменува и Џим О’Нил во излагања од 2001 година, кога беше главен економист на мултинационалната инвестициска банка „Голдман Сакс“. Во тоа време, четирите земји (Русија, Кина, Индија и Бразил) имале одржливи стапки на висок економски раст и ознаката БРИК претставуваше економски оптимизам за иднината на тие нации.

Противниците на етикетата рекоа дека земјите се премногу разновидни за да бидат вака групирани заедно и дека тоа е навистина само маркетиншки трик на „Голдман Сакс“. Корисна идеја за да се обезбедат инвестиции во овие четири земји. Но, во 2009 година, четирите нации се состанаа на нивниот прв самит во руски Екатеринбург. Во 2010 година, Јужна Африка беше поканета да се приклучи на групата, додавајќи го „С“ во БРИКС.

Дружина на политички автократи

Но една понова анализа, од неодамна, која ја објавува Иван Радановиќ во НИН, сликата за БРИКС е сосема поинаква. Според индексот на фондацијата Бертелсман, земјите на БРИКС, покрај тоа што се движат од „тврдокорни“ и „умерени“ автократи до „неисправни“ демократии, немаат спектакуларни успеси. Висок економски раст имаат само Индија и Кина кои, повторно, имаат деликатна меѓусебна врска: не се мирисаат многу или – не си веруваат. Заедничка цел им е – да се спротивстават на политичкиот Запад.

Со потреба да се привлечат помали земји како членки, се понуди основање на сопствена развојна банка и фонд за поддршка на ликвидноста, како противтежа на ММФ со по 100 милијарди долари капитал.

Првиот фонд, Инвестициониот, досега има финансирано 96 инфраструктурни и енергетски проекти со околу 33 милијарди долари, укажува белградскиот професор.

„Овие инвестиции се од интерес и за трети земји, особено за оние кои се ’изгореа’ кај ММФ. Тоа е дел од намерата на БРИКС да придонесе за развој на инклузивен модел на поддршка за Глобалниот југ“, пишува Радановиќ.

Но оваа сума е напросто мизерна во однос на она што западните инвеститори го остваруваат и во неразвиените земји. За тоа какви се кинеските инвестиции знаеме ние со катастрофалното градење на автопатот кој се „ѕида“ девет години и сè уште нема абер да се доврши, иако е долг само 60 километри!

Или да го земеме случајот со автопатот граден во Црна Гора („од ниџе до ниџе“) кој е недовршен, го градат кинески инвеститори и кој лани беше пуштен во употреба на само еден кус дел во должина од 41 километар, а се „тегнел“ цели седум години.

Долгот на Црна Гора за изградбата на ова џаде нараснал на едногодишниот џи-ди-пи на оваа мала земја: практично ја фрла Црна Гора во безизлезно должничко ропство!

Светот е поделен на два нееднакви делови

Инаку, според податоците на Светска банка, во однос на вкупниот БДП, БРИКС ја надмина групата Г7 (најразвиените земји на Западот) во 2022 година – 31,5 до 30,7 отсто од светскиот БДП, односно 47 до 45 трилиони меѓународни долари. Додека се планира заедничката валута, уделот на доларот во размената меѓу Москва и Пекинг падна од речиси 90 отсто на помалку од 30 отсто во последните седум години.

За време на состанокот во март, руската страна изразила надеж за „многукратно зголемување“ на обемот на трговијата до 2030 година.

Војната во Украина ги повлече линиите на разграничување, сметаат аналитичарите. Покрај очекуваното одбивање на членовите на БРИКС да ја санкционираат Москва, немаше таква реакција кон војната во поголемиот дел од светот.

АМБИЦИЈА Кина сака својата доминација во БРИКС да ја искористи за наметнување на јуанот како меѓународно платежно средство

Впрочем, мултиполарниот светски поредок, сепак, не значи дека двата пола ќе бидат подеднакво силни. Самиот БРИКС е нерамномерен: од 2008 година, економскиот раст на Русија, Бразил и Јужна Африка е под светскиот просек – само 2,5 проценти. Тоа значи дека нивниот удел во светското производство опаѓа. Кинеската економија е два и пол пати поголема од сите други земји-членки заедно, а во однос на паритетот на куповната моќ е поголема од американската. Дедоларизацијата е де факто јуанизација.

Русија најде засолниште за прогонетите стоки и капитал, а Кина полигон за тестирање на политиката на јуанот како меѓународна валута. Денес взаемна корист, утре унилатерален ризик…

САМИТ НА БРИКС Оваа организација е формирана во 2009 година, а до сега дала инвестиции од мизерни 55 милијарди долари

Што би барала Македонија во БРИКС?

Во контекст на овие анализи да се вратиме на дилемата – што би барала Македонија во БРИКС? На оваа дилема се обидел да одговори и екс-амбасадорот во Бразил, еднаш и портпарол на владата на Груевски и „интелектуалецот“ кој жолто-црните поприлично го „трошат“. Во „текст во Нова Македонија“, Ивица Боцевски поголем дел од писанието го троши во објаснување на „катастрофалните договори“ на земјава со Грција и Бугарија, за недовербата на нашите граѓани кон европските институции, па пишува за разочарувањето кон неговите пријатели од интелектуалниот свет во однос на актуелните негови политички ставови.

Боцевски констатира и дека „злорадоста на владејачките партии поради влошената слика на западните меѓудржавни институции во јавното мислење и нивното кукање и за помагање по западните главни градови секако дека нема да им донесе нов мандат. А ни игнорирањето на чувствата на најголемиот дел од македонскиот народ, исто така, нема волшебно да го подобри јавното мислење во земјата.“

И со ѓаволот тикви ќе садат, само СДСМ да падне од власта

Ова како размисла открива дека отпорот кон евроатланските перспективи на својот народ се дел од практичната потреба актуелната коалиција да не ја освои власта и понатаму, што нели – толкуваме – треба да значи дека Македонија е подобро да нема никакви јасни хоризонти, ама само СДСМ да се симне од власта?!

Можеби би помислиле дека сега Боцевски и неговите ќе го извлечат џокерот од ракавот, кога се говори за иднината на сопствената земја; и навистина, по доста потрошен „материјал“ за текстот, го спомена БРИКС како дилема која сè уште стои отворена пред земјава! Па вели дека лаконскиот одговор е дека „Македонија не може да стане членка на БРИКС“, по што следуваат географско-историски објаснувања за таквата позиција, за сепак да се заврши со она – дека Македонија не треба да го изгуби интересот за БРИКС!

„Апсолутно НЕ! Светот на утрешнината ќе биде драматично поразличен од светот на ’крајот на историјата’, кој траеше од падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година, па сè до 24 февруари 2022 година и почетокот на руската инвазија врз Украина. Земјите од БРИКС веќе го преобликуваат тоа што досега се нарекуваше ’глобален поредок, втемелен на правила’, па глобалната економија и глобалната политика се неповратно променети“ – заклучува Боцевски.

Сепак, имаме мотив да си ѕирнеме во орманот.

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ