• Latest

Пановска-Димкова: Свртени сме кон рамноправноста на македонскиот со останатите европски јазици, а на темата зборувал и Свети Кирил пред 1160 години

May 25, 2023
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пановска-Димкова: Свртени сме кон рамноправноста на македонскиот со останатите европски јазици, а на темата зборувал и Свети Кирил пред 1160 години

May 25, 2023 21:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Придобивките од Мисијата на светите браќа за целиот словенски свет се повеќе од јасни, но колку извонредно важна била нивната мисија говори и фактот што тие од пред повеќе од 40 години се прогласени за патрони на Европа, признание дадено од Ватикан, како симболи на основните европски цивилизациски вредности, како што се образованието и дијалогот меѓу различните вери, култури и нации, истакна во обраќањето професор Искра Пановска-Димкова на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители.

-Континуитетот во развојот на македонскиот јазик, како признат член на светското јазично семејство, на чие истражување работат не само македонските туку и голем број познати странски научници, го следиме уште од X-XI век, кога во црковнословенските ракописи се појавуваат првите типично македонски црти, а понатаму и зборови. Тој развој продолжува низ вековите, со засилено навлегување на македонскиот народен јазик во ракописите од крајот на XVI век. Во XIX век веќе се појавува и јасната свест за посебноста на македонскиот јазик и за неговото место меѓу словенските јазици и јазиците на светот, свест што најмногу доаѓа до израз во делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, кое годинава одбележува 120 години од објавувањето во 1903 г, вели професорката.

Според Пановска-Димкова сето тоа кулминира со прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во нашата држава на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 г., и со конечната кодификација на македонскиот стандарден јазик во 1945 г. Со усвојувањето на македонската азбука и правопис, а потоа и со основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик, Блаже Конески – Граматиката, Речникот и Историјата на македонскиот јазик.

-Каде е денес македонскиот јазик во семејството на словенските јазици и каде е тој наспрема старословенскиот јазик кодифициран од светите браќа Кирил и Методиј? Како и сите други словенски јазици, и македонскиот тргнал по свој сопствен развоен пат. Се модернизирал исто како што се модернизирале и другите современи европски јазици наспрема нивните претходници. Новите, модерни јазици морале да одговорат на новото преродбеничко време, па не можеле паралелно да држат во употреба и сложен именски систем и сложен глаголски систем, какви што биле во дотогашните литературни јазици: латинскиот, старогрчкиот, црковнословенскиот – нешто морало да се упрости. А старословенскиот јазик имал многу сложен граматички систем: кај именските зборови имал седум падежи и 11 деклинации, а кај глаголите: девет глаголски времиња, наспрема латинскиот на пример со 6 падежи, 5 деклинации и 6 глаголски времиња, појаснува Пановска-Димкова.

Професорката додава дека токму во тој поглед се случила големата структурна разлика меѓу македонскиот јазик од една страна наспрема другите словенски јазици од друга.

-Најголемиот дел од словенските јазици го упростиле глаголскиот систем, па некои од нив денес користат сè на сè три глаголски времиња: сегашно, минато и идно, но затоа пак во именскиот систем ги задржале падежите и деклинациите. А македонскиот јазик го упростил именскиот систем – падежи немаме, но затоа во глаголскиот систем не само што ги задржал старите словенски времиња туку и го надоградил со нови времиња, па сега во македонскиот јазик има 8 глаголски времиња од словенско потекло и уште двапати по толку од несловенско потекло, значи вкупно ако сакаме, можеме на македонски јазик да се изразиме со 24 глаголски времиња.

Во таа смисла, во современиот македонски јазик гледаме спој на словенска лексика со еден несловенски граматички систем, како одраз на допирот меѓу словенскиот и несловенскиот свет што се случува тука, што го прави македонскиот јазик најнетипичниот и – за мене – најинтересниот претставник на словенските јазици, кажа професорката.

Пановска-Димкова истакна дека македонскиот јазик е истовремено и мал и голем јазик – мал е зашто го зборуваат мал број луѓе, а голем е зашто на него се напишани илјадници наслови уметничка литература, прекрасна поезија, но и врвни научни дела.

-Денес сме свртени кон европската иднина на нашата земја, а со тоа и на македонскиот јазик како рамноправен член на европското семејство јазици. За рамноправноста на јазиците впрочем зборувал и Св. Кирил пред точно илјада сто и шеесет години кога ги изговорил зборовите актуелни и денес:

Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво?, заклучи професорката.

 

 

Tags: Искра Пановска-Димковасесловенски просветители
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ