• Latest

Андоновски: Силно сум убеден дека секој од нарачателите и организаторите на војната во Ураина, ќе одговара пред земскиот и божјиот суд

June 12, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Андоновски: Силно сум убеден дека секој од нарачателите и организаторите на војната во Ураина, ќе одговара пред земскиот и божјиот суд

За време на средбите и состаноците во Киев со официјалните претставници на украинските власти, покренав неколку прашања, меѓу кое е и прашањето за украинските деца. Идејата која ја дадов тогаш, а која ја реафирмирам и денес е формирање на меѓународно тело, составено од омбудсмани (народни правобранители) кои ќе работат на идентификација на присилно депортираните украински деца и нивно враќање во Украина.

June 12, 2023 13:10
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Ви се обраќам како личен сведок на тоа што го видов во Украина, со посетата минатата година. Пред точно една година, со помош на амбасадата на Украина во Скопје и со пријателска поддршка од меѓународни организации ги посетив Киев, но и Ирпин и Буча, за лично да ги посведочам ѕверствата на воените дејствија кои рускиот агресор ги врши врз невиното украинско население, изјави Јован Андоновски, заменик народен правобранител, на настан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина. Настанот го организираше Амбасадата на Украина во Северна Македонија, а се одржа во Музејот на макеоднската борба за самостојност на 9 јуни.

Во продолжение целото обраќање на Андоновски:

„Се вратив со чувство на горчина. Два пати во животот сум имал бесони ноќи. Првиот пат кога како студент го посетив концентрациониот логор од втората светска војна Аушвиц, на територија на Полска, и вториот пат после посетата на Украина.

Масовни гробници, разурнати домови на цивили, уништена инфраструктура, глад и сирмоаштија, очај во очите на невиното население. Но…, и искри на надеж во очите на обединетиот украински народ кој прави се во своја моќ да го врати животот во нормала, онолку колку што може и волја, силна волја, да ја добие оваа безумна војна.

Една година подоцна, сцените се исти. Напади врз цивили, напади врз инфраструктура, рушење на домовите, убиства. Она што е поразлично од тогаш е фактот дека за жал, во медиумскиот простор кај нас, се помалку се говори за тоа што се случува во Украина. Сите ние, совесните граѓани, општествени чинители не смееме да дозволиме ова да стане природна состојба на која сме навикнале, туку треба уште погласно и пообединето да говориме за тоа дека во Украина се војува и дека секојдневно луѓе гинат, борејќи се за слобода.

За време на средбите и состаноците во Киев со официјалните претставници на украинските власти, покренав неколку прашања, меѓу кое е и прашањето за украинските деца. Идејата која ја дадов тогаш, а која ја реафирмирам и денес е формирање на меѓународно тело, составено од омбудсмани (народни правобранители) кои ќе работат на идентификација на присилно депортираните украински деца и нивно враќање во Украина.

Каква е фактичката состојба? До денешен ден, од почетокот на руската воена агресија убиени се близу 500 деца.

Над 1.000 деца се ранети.

Околу 400 деца се водат за исчезнати.

Околу 13.500 биле исчезнати и потоа за среќа пронајдени.

Она што мене, а и сите нас нè загрижува е фактот дека русија спроведува операција за киднапирање деца од неверојатни размери и продолжува депортацијата и насилното префрлање на украинските деца и во русија и во привремено окупираните од русија територии на Украина.

Според приближни конзервативни проценки, речиси 19.500 деца се во руско заробеништво, додека, всушност, реалниот број може да биде многу поголем.

Многу од нив беа незаконски предадени на руски семејства на посвојување, испратени во кампови за превоспитување, станаа жртви на трговија со деца и сексуално насилство, завршувајќи во најоддалечените области на русија.

На привремено окупираните територии на Украина, руските окупациони администрации воведуваат образование на руски и палат украински книги.

Со издавање руски пасоши на украински деца и ставање на посвојување кај руски семејства, русија ги крши основните принципи за заштита на децата во време на војна.

Украдените и незаконски депортираните украински деца мора да бидат вратени дома, а сите кои се вклучени во злосторствата против нив мора да бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и преку санкции.

„Војската не започнува војни. Политичарите започнуваат војни“ – Вилијам К. Вестморленд.

Се уште сакам да верувам дека руските политички елити ќе се вразумат и ќе ја запрат војната и дека ќе завладее мирот. Но, исто така, силно сум убеден дека секој од нарачателите и организаторите на оваа војна, ќе одговара пред земскиот и божјиот суд.

Украина се бори за Европа. Украина се бори за демократија и слобода. Украина мора да победи. Слава на Украина“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ