На почетокот на својот говор на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“, премиерот Ковачевски им оддаде признание на двајцата лидери, поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Без Заев и Ципрас, денеска ќе беше само уште еден обичен ден“, рече премиерот.