• Latest

Танги: Размислуваме за усвојување резолуција за поддршка на македонската евроинтеграција во францускиот Парламент по примерот на Бундестагот

June 22, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Танги: Размислуваме за усвојување резолуција за поддршка на македонската евроинтеграција во францускиот Парламент по примерот на Бундестагот

June 22, 2023 14:57
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Националното собрание на Франција е на добар пат да усвои резолуција за реафирмација на македонскиот јазик на патот на Северна Македонија кон Европската Унија, по примерот на документот усвоен во германскиот Бундестаг, најавува пратеничката во францускиот Парламент Лилијана Танги, која доаѓа од редовите на владејачката партија Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон.

– За време на нашите разговори навистина забележавме дека тоа силно се очекува од страна на нашите македонски соговорници и се разбира дека разговаравме меѓу нас и мислам дека сме на добар пат за да го усвоиме истиот текст како пратениците од германскиот Бундестаг, вели Танги во интервју за „360 степени“, која деновиве престојува во посета на земјава како дел од делегацијата на Пратеничката група за пријателство со земјава при француското Собрание.

Таа нагласува дека иницијативата на германскиот Бундестаг е интересна, лично ја поддржуваа и смета дека и мнозинството пратеници од француското Собрание би можеле да ја поддржат, па затоа во својство на претседателка на Групата за пријателство помеѓу Франција и Северна Македонија размислува да предложи усвојување на таква резолуција.

– Би сакала за тоа да разговарам со сите мои колеги од француското Национално собрание, навистина со сите политички партии, за да може да имаме колку што е можно пошироко мнозинство за усвојување на таков текст, вели Танги.

Што се однесува до очекуваните гаранции во однос на македонскиот јазик, таа нагласува дека Франција го признава македонскиот јазик и има Катедра за изучување на македонскиот јазик при Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛОКО) во Париз.

– И решението, односно „францускиот предлог“, беше важен во однос на реафирмирањето на македонскиот јазик, како јазик официјално признаен од страна на Европската Унија и тоа се навистина елементи кои по природа на нештата би можеле да ни помогнат да составиме предлог, вели Танги.

Инаку, Танги е родена во српскиот град Панчево, од татко Македонец и мајка Хрватка, кои потоа емигрирале во Франција. Сегашниот е нејзин втор мандат како пратеничка во француското Национално собрание од редовите на Ренесанса, која е дела од европскиот либерален блок партии Обновена Европа, кон кој припаѓа Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ), чија членка е и нашата Либерално демократска партија (ЛДП).

Германскиот Бундестаг минатата недела усвои Резолуцијата со гласовите на партиите од владејачкото мнозинство со која се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија и се оддава признание на македонската култура, идентитет и јазик. Со Резолуцијата, меѓу другото, и се препорачува за Владата во Берлин „да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на компромисот договорен со Советот и да се воздржи од дополнителни услови“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: евроинтеграциирезолуцијаФранција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result