• Latest

Дерала: Mораме многу да работиме на тоа како се разбира поимот мултикултурализам

June 23, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Дерала: Mораме многу да работиме на тоа како се разбира поимот мултикултурализам

Сакаме да им укажеме на сите носители на одлуки и на национално и на локално ниво дека мултикултурализмот, добрите меѓуетнички односи се гаранција за просперитетот, за економскиот напредок на нашата земја, но исто така се гаранција за стабилноста и безбедноста на државата“, потенцира Дерала.

June 23, 2023 13:08
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на средбата со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во рамки на проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург, нагласи дека темата за мултикултурализмот треба да биде активна бидејќи постојано се соочува со низа предизвици, и затоа, додава, „човек треба да се биде мудар, решителен и храбар да се справи со тие предизвици кои ќе донесат решенија кои ќе му дадат просперитет, стабилност и благосостојба на граѓанинот и граѓанката“.

„Ние задно со градоначалникот Димитров се договориме во почетокот на идната учебна година која ќе започне во септември да направиме ликовен конкурс за децата од основните училишта во Куманово кои ќе цртаат на теми кои се однесуваат на мултикултурализмот. Ќе учествуваме сами како организација, но исто така ќе ја повикаме и бизнис заедницата да учествува за да може да обезбедиме пристоен фонд за награди за децата кои ќе бидат победнички и победници на тој конкурс“, рече Дерала.

Тој додаде дека мора многу да работиме на тоа како се разбира поимот мултикултурализам, меѓутоа и како се спроведуваат активностите кои се однесуваат на сите тие деликатни области кои се дел од оваа голема светска тема.

„ЦИВИЛ како организација не само што промовира позитивни пораки, исто така будно внимава на сите тенденции кои одат спротивно на македонските национални интереси, а тоа е мултикултурно општество кое е евроатлантски ориентирано, а ги следиме и сите тие тенденции кои доаѓаат од внатре и однадвор и се обидуваат за ги загрозат македонските национални интереси. Сакаме да им укажеме на сите носители на одлуки и на национално и на локално ниво дека мултикултурализмот, добрите меѓуетнички односи се гаранција за просперитетот, за економскиот напредок на нашата земја, но исто така се гаранција за стабилноста и безбедноста на државата“, потенцира Дерала.

текст, камера и фото: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ