• Latest

Руската пропаганда меѓу Албанците: Континуирана поларизација и дестабилизација

June 26, 2023

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Руската пропаганда меѓу Албанците: Континуирана поларизација и дестабилизација

June 26, 2023 09:22
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Руската пропаганда во албанските медиуми во регионот се шири преку изјавите на српските политичари. Русија има неколку портали кои преведуваат на српски јазик. Како најважни извори на руската пропаганда се издвојуваат Спутник, „Russia Today“ и „Russia Beyond“. Оваа пропаганда, ја преземаат и дистрибуираат понатаму десничарските таблоиди и портали, се вели во истражувањето на Центарот за проверка на факти „Фактоје“ од Албанија, за ширењето дезинформации на Западен Балкан.

„Руското влијание во Албанија е ограничено. Дури и дезинформациите за војната во Украина се чини дека не шират руска пропаганда во интерес на Русија, туку се користат за собирање на кликови преку сензационални тврдења“, се вели во истражувањето на „Фактоје“.

Сепак, според „Фактоје“, тврдењата за руско влијание се користат како потсмев за дискредитација на партиите и поединците кои главно припаѓаат на политичкиот спектар. Растечките тензии меѓу Косово и Србија се преувеличуваат во медиумите во Албанија. Секој инцидент се труби како доаѓање на нова војна. Албанскиот премиер Еди Рама е претставен како сојузник и слуга на Александар Вучиќ и Владимир Путин. Јасна последица на овој наратив е видливото заладување на односите меѓу Рама и неговиот косовски колега Албин Курти.

Клодиана Капо, извршна директорка на „Фактоје“ за ЦИВИЛ Медиа изјави дека руското влијание во Албанија е ограничено. Таа, додава, дека дури и дезинформациите за војната во Украина немаат за цел да шират руска пропаганда во интерес на Русија, туку се користат за собирање кликови преку сензационалистички тврдења.

Клодиана Капо

„Медиумите во Албанија постојано објавуваат изјави од српски и косовски политичари без да ги верификуваат, особено кога станува збор за провокативни изјави од Србија. Клучен извор на овој тип на дезинформации се српските таблоиди, но и косовските медиуми“, изјави Капо за ЦИВИЛ Медиа.

Од друга страна, најголем дел од дезинформациите што се шират на Косово доаѓаат од надворешни извори, главно Србија и Русија.

„Српските власти се еден од главните извори на дезинформации за Косово. Руската и српската пропаганда потоа ја репродуцираат косовските медиуми кои ги објавуваат изјавите на политичарите и од други портали без да ја потврдат нивната вистина. Косовските медиуми користат „клик-бајт“ за да поттикнат кликови и да ги зголемат приходот, што доведува до паника кај косовските граѓани. Ова чувство на паника и неизвесност е како Русија го зајакнува своето влијание во Србија и на Западен Балкан, користејќи канали како Спутник Russia Today и Russia Beyond“, се вели во извештајот на „Фактоје“.

Косовскиот експерт за безбедност Дризан Шала во разговор за „Фронлајн“ вели дека Русија е заинтересирана косовското прашање да се користи како маска за покривање на стратешките грешки, како што е оставањето на енергетската безбедност во рацете на Москва. Од своја страна, вели Шала, Москва го користи ова влијание врз прашањето за статусот на Косово како лост за привлекување на српската јавност и ширење проруски чувства и политики.

Дризан Шала

„Тоа го докажуваат изјавите на руските функционери. Србија со членството во НАТО би го изгубила Косово, дел од националниот суверенитет и меѓусебното разбирање со пријателската земја Русија, како и заедничките активности на БИА и ФСБ на територијата на Србија. ФСБ ја користи инфраструктура на БИА за да функционира и да дејствува на територијата на Република Косово, преку нивните криминални структури инсталирани на северот на земјата. Поради интензитетот и начинот на работа на овие структури на Русија во Косово, сите оние луѓе кои имаат своја тежина во јавноста и носат различни потенцијални функции се загрозени со дејствија кои можат да имаат облик на пропаганда или дури и во формат што сега е познат како воен хибрид“, изјави Шала за ЦИВИЛ Медиа.

Според него, проблемот во овој дел би можел да биде двојниот идентитет што можат да го добијат сите оператори на руските безбедносни структури инсталирани во Србија, каде БИА ќе ги обезбеди сите материјали за да бидат опремени со нов српски идентитет и со тоа да можат слободно да се движат во земјите на Западен Балкан, но особено во северот на Косово за да се изврши каква било операција.

Извештајот на „Фактоје“ за медиумите во Северна Македонија вели дека се поларизирани. Тие главно ги застапуваат пристрасните мислења на политичките партии што ги поддржуваат. Честопати, овие онлајн портали за вести немаат јасна внатрешна структура, сопственичка и уредувачка линија и објавуваат написи без автори, што го олеснува ширењето на дезинформациите.

Во студијата, меѓу другото, се вели дека руските дезинформации во Северна Македонија се шират главно на Интернет, пред сѐ, на информативните портали и Фејсбук. Политичката партија Левица отворено ја поддржува руската политика. Други извори на проруски наративи се српските таблоиди кои имаат верзија на македонски јазик и ги објавуваат истите дезинформациски наративи, информативните портали поврзани со македонската дијаспора, како и поединци на Фејсбук кои силно ја поддржуваат руската агресија.

Ќенан Алиу

„Алатките што ги користи Москва се многубројни, а најефикасни се пропагандата и дезинформацијата. Русија има инсталирано специјални центри во Западен Балкан, по инвазијата што ја направи во Украина. Албанците треба да внимаваат, за да не станат плен на дезинформации. Секоја информација треба да се споредува со сигурни извори и со здравата логика“, вели за ЦИВИЛ Медиа адвокатот Ќенан Алиу.

Како да се борите против руската пропаганда?

Енвер Робели, уредник на швајцарскиот весник Tages Anzeiger зборува за пет лекции за тоа како да се бориме против руската пропаганда:

ПРВА ЛЕКЦИЈА: Секое општество треба да научи од Финска, особено албанското општество.

ВТОРА ЛЕКЦИЈА: во Финска образовниот систем игра клучна улога. Училишните наставни програми беа адаптирани во 2016 година со цел да се зголеми медиумската компетентност. Учениците уште од мали нозе учат како да разликуваат лажни вести, манипулации, лаги, пропаганда.

ТРЕТА ЛЕКЦИЈА: Финска има Национална агенција за итни случаи (The National Emergency Supply Agency), која се фокусира на темата за лажни вести. Владата соработува со приватни претпријатија за да го зајакне отпорот на општеството против заканите и да ги подготви луѓето против несакани упади.

Енвер Робели

ЧЕТВРТА ЛЕКЦИЈА: Многу граѓански организации во Финска се ангажираат во развојот и спроведувањето на програми против лажни вести. Во овие програми учествуваат училишта, библиотеки, министерства, универзитети.

ПЕТТА ЛЕКЦИЈА: Во Финска постои наставна програма за критичко размислување. Целта на оваа наставна програма е да се анализираат изворите и да се проверат фактите, како и да се анализираат техниките на манипулација. Во најдобар случај, образованието во областа на медиумската компетентност започнува кога децата одат во градинка. Анкетите и студиите покажуваат дека жителите во Финска имаат највисока медиумска компетентност. Очекувано и воопшто не изненадува: на дното на листата се балканските земји.

Астрит Истрефи, извршен директор на тинк-тенк организацијата Балкан Форум, нагласува дека Република Косово и Албанците од Косово историски биле важна цел на руската пропаганда.

Според него, Русија не само што се противи на независноста на Република Косово, туку користи пропаганда за манипулирање со јавното мислење и создавање негативна слика за Албанците на Косово.

Астрит Истрефи, Извршен директор, Балкан Форум (фото: ЦИВИЛ)

„Русија, преку кампањи за дезинформација, постојано се обидуваше да ја искриви вистината за праведната борба за слобода на косовските Албанци, дури и во 90-тите години кога Србија вршеше етничко чистење на Косово и кога доказите за злосторствата, масакрите и геноцидот на Србија беа осудени од целиот демократски свет. Руската пропаганда отиде дотаму што интервенцијата на НАТО ја прикажува како неправедна. Исто така, Русија има за цел да ја ослабне социјалната кохезија, институциите и државноста на Косово и да ги попречи аспирациите на народот на Косово за интеграција во евроатлантските структури“, вели Истрефи за ЦИВИЛ Медиа.

Руски наративи кон Западен Балкан

Истражувањето „Руските наративи за Западен Балкан“, од Атлантскиот совет на Црна Гора, објавено од НАТО Центарот за извонредност за стратегиски комуникации (СТРАТКОМ), идентификува неколку руски наративи кај медиумите од Западен Балкан. Истражувањето се базира на медиумски објави во 2018 година, кои го цитираат српското издание на државната руска новинска агенција „Спутник“. Веб-страницата „Спутник“, којашто е директно финансирана од Кремљ, е препознаена како еден од основните канали на руското влијание во медиумскиот простор на Западен Балкан.

Насловна страница на истражувањето за „Спутник“

Во истражувањето се идентификуваат примарните наративи што ги дава медиумот за шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и за Европската Унија (ЕУ) и НАТО.

Истражувањето констатира дека, иако речиси една третина од написите се неутрални, Спутник – Србија користи сензационалистички наслови за да привлече читатели, додека самите написи се поизбалансирани. Иако истражувањето е направено за медиумски написи во 2018 година, сепак, и во сегашноста може да се забележи дека истите наративи сè уште се актуелни и застапени во медиумскиот простор.

Русија ги користи медиумите за да ја намали поддршката на Балканот за НАТО

Кремљ ги користи „информациите како оружје за војна“ за да ги подели сојузниците на Соединетите Држави на Балканот, а медиумите во регионот мора да ги засилат напорите за откривање на руската дезинформација и нивно одвојување од вистината, изјави американскиот дипломат Џејмс Рубин во интервју за Радио Слободна Европа на 2 јуни 2023.

Според него, Кремљ го гледа тоа како компонента на поширока стратегија бидејќи, како што вели, Русија знае дека не може идеолошки да доминира во војната во Украина со конвенционални или традиционални средства.

Џејмс Рубин

„Тие се обидуваат да ја искористат секоја техника за да го поделат Западот во неговата поддршка за Украина“, рече тој, во интервјуто за бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа во Софија, една од постојките за време на неговата актуелна европска турнеја.

Општиот заклучок од ова наше истражување е дека руската дезинформациска и пропагандна активност е агресивна и континуирана и меѓу Албанците во Западен Балкан, но не пробива. Сепак, не може ни да се занемари. Матрицата на Спутник е јасна – вестите и пропагандата се мешаат во истите медиумски прилози. Изворите се користат селективно и целта воопшто не е да се добијат сеопфатни информации. Напротив, целта е да се покаже и докаже на светот дека само рускиот став е точен. Покрај тоа, националните спорови на Балканот постојано се подгреваат.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ