Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, смета дека нема пречка за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
На прашањето од Бугарското национално радио (БНР), кои ќе бидат следните чекори на блокот доколку до ноември Северна Македонија не признае во својот устав постоење на етничко бугарско малцинство и не ги вклучи Бугарите во својот основен закон како државотворна нација, како што е предвидено во т.н Францускиот предлог за почеток на преговори за пристапување во Европската унија, Борел одговори:
„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување“, истакна Борел.
Подготви: Д. Мишев