• Latest

Зошто Милчо Манчевски државните пари за рекламирање на „Сенки“ ги примил на фирмата „Банана продукција“

July 13, 2023
Фото: Скриншот од видео на Суспилне новине

(ВИДЕО) Кијив се збогува со новинарката Викторија Рошчина, која почина во руско заробеништво: Се збогуваме со Вика, но не и со нејзиниот случај

August 8, 2025

24 ЧАСА: Владата и ДИК без одговор, ДКСК со осуда за предизборната кампања на министерката за финансии; за Меџити, дивоградбите во Чаир не се предизборна тема; Германија запре со продажба на оружје на Израел

August 8, 2025

ДКСК за ЦИВИЛ: Забранета злоупотреба на функцијата за партиски цели

August 8, 2025
Фото: Принтскрин, Фејсбук на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

Тишината на институциите – гласна предизборна партиска промоција

August 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Германија ја запре продажбата на оружје на Израел, како одговор на планот на Нетанјаху за преземање на градот Газа

August 8, 2025

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

August 8, 2025
Фото: Микола Кулеба/Х

„Не е поразлично од каталог за робови, ова е трговија со деца“ – руските окупатори лансираат „каталог“ на украински деца за посвојување, сортирани по боја на очи и коса

August 8, 2025

Меџити очекува дивоградбите во Чаир дека нема да биле „голема“ предизборна тема, ќе има мораториум

August 8, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата

August 8, 2025

Одбележување 24 години од загинувањето на 10 војници кај Карпалак во 2001

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Зошто Милчо Манчевски државните пари за рекламирање на „Сенки“ ги примил на фирмата „Банана продукција“

July 13, 2023 14:20
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
СОЊА ТАНЕСКА

Станав режисер само за да бидам сигурен дека некој режисер нема да ми го зезне сценариото со текот на времето, сè поважна ми e добрината на човека, а сè помалку дали е некој паметен, талентиран или успешен, вели во едно интервју македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Точно е дека долгометражните филмови му се наградени со над 40-ина високи меѓународни награди за естетски и културни достигнувања, а четирите негови долгометражни филма: „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ му се прикажани на над 200 фестивалски проекции на сите континенти и имаат и редовна дистрибуција за кино и ТВ-мрежите на педесет земји на сите континенти, за што во 2012 година ја доби престижната титула национален уметник на Македонија која му ја додели претседателот Ѓорге Иванов, а прогласен е и амбасадор на култура во САД.

Но никој не ги оспорува неговите достигнувања и успеси. Спорни се документите кои укажуваат дека нешто не е во ред со финансиските извештаи за филмовите „Сенки“, „Мајки“, „Врба“ кои во суштина би требало да се уредни, бидејќи се однесуваат на пари на граѓаните кои низ годините ги добивал од Владата, Министерството за култура и Агенцијата за филм, тогашен Филмски фонд.

Откако ЦИВИЛ Медиа објави дека сѐ уште не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“ (поточно, дека и покрај барањата на Агенцијата за филм да се достави конечен финансиски извештај, сепак, до денес таквиот не е затворен), редакцијата на Градска.мк дојде до документи кои покажуваат дека режисерот Манчевски и за парите кои ги добил од тогашниот Филмски фонд за филмот „Сенки“, до денеска Агенција за филм не доставил финансиски извештај за потрошените средства.

Државната комисија за спречување корупција речиси од јануари молчи на прашањата поставени од ЦИВИЛ Медиа во врска со недоставените извештаи за филмот „Мајки“.

Зошто Милчо Манчевски ја згаснал фирмата„Сенка Дооел“?

Филмскиот Фонд во мај 2009 година склучил договор за финансирање Проекти од национален интерес со „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“ за поддршка, дистрибуција и реклама на играниот филм „Сенки“ со износ од 1.197.667 денари (19.500 евра).

Во член 4 од договорот стои дека корисникот е должен да направи наративен и финансиски извештај, извештај за готовинските парични текови на проектот со спецификација за вкупните трошоци со прилог документација за потрошените средства ( фактури и договори) со рок од 15 дена по завршетокот на дистрибуција и реклама на филмот.

Овој договор е склучен на 12.05.2009 година, а истиот е заведен во Филмскиот Фонд на 27.05.2009 година, додека пак за само два дена на 29.05.2009 е направен анекс на претходниот договор парите наместо на „Сенка Милчо Манчевски“ да се префрлат на „Банана продукција“.

Не пости запис кој објаснува која е причината за ваквата промена, а исто така нема ниту финансиски извештај за што и како биле потрошени овие пари.

Она што е интересно е дека, според документите Милчо Манчевски е сопственик на „Сенка Милчо Манчевски“ но заведен е како американски државјанин, додека пак компанијата покрај приоритетната дејност филмска продукција има регистрирана дејност за надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи.

200.000 долари од Владата на Груевски за промоција за „Оскар“

„Сенки“ на 4 јуни 2007 во Њујорк ја доживеал прва затворена проекција. Го изгледале тие што учествуваа во неговото создавање.

Целата монтажа на „Сенки“ беше во Њујорк, а лабораторискиот дел од работата се правеше во Минхен. Првата клапа на „Сенка“, чиј работен наслов беше „Коски“, се случи на 17 август 2006 година. Се снимаше 63 дена на локации низ Македонија. За потребите на филмот беше изграден првиот филмски град во Македонија со површина од околу 2 илјади квадрати во халите на поранешната фабрика „Хемтекс“. Изградена е и црква во селото Сарамзалино.

Меѓународната екипа беше составена од 150 члена од 15 земји, вклучувајќи и волонтери од Македонија, Франција и од Португалија.

Филмот е во копродукција на Македонија, Германија, Италија, Шпанија и Бугарија. Актерската екипа на филмот „Сенки“ брои 90 македонски актери, а 12 од нив првпат се на филмското платно.
Сценариото за „Сенка“ е пишувано речиси две години.

Во декември 2007 година филмот доби и 200 илјади долари од Владата за промоција и дистрибуција каде се бореше со 62 филма за да влезе во најтесната селекција за наградата „Оскар“ за филм од странско говорно подрачје.

Извор: Градска.мк


Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ