• Latest

Спасовски: Важно е кандидатот за претседател да ги обедини структурите кои споделуваат европски вредности

July 24, 2023

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Важно е кандидатот за претседател да ги обедини структурите кои споделуваат европски вредности

July 24, 2023 09:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Алсат ТВ беше запрашан дали ќе се кандидира за Претседател на Република Северна Македонија, со оглед на резултатите од анкетите, како и фактот што неговото име се споменува сѐ почесто како што се приближуваат претседателските избори.

„И анкетите и признанието од страна на граѓаните се само уште еден мотив повеќе да се посветам максимално за да ги завршиме сите работи кои ни стојат на рапсолагање. Затоа, за мене воопшто не е важно колку време трае мандатот – јас од првиот ден кога дојдов овде, тргнав кон остварувањето на целите кои ги зададов. Без притоа да калкулирам колку би можел да трае мандатот на министерот, дали еден, дали повеќе мандати, дали една година итн. Ако тргнете со пристап дека треба нешто да завршите и да ја остварите целта која ја имате, тоа е доволно важно за себе и за сите други кои се околу – да се препознае таа намера и да се оствари целта. Така што, во политичкиот дел за тоа сигурно дека ќе се разговара на ниво на партија, на ниво на партиски органи во носењето на таквите одлуки”, беше категоричен Спасовски.

Во однос на имињата за Претседател на државата, Спасовски рече: „Да, јас ги слушам спомнувањата на имиња, меѓутоа сето тоа е во рамки на шпекулации, разговори кои ги има во јавноста… Меѓутоа, јас сега воопшто не размислувам на тоа прашање. Можеби ќе дојде тема на која ќе разговараме и ќе ги соочиме сите аргументи. За мене што е важно?! Важно е да се направат добри анализи, важно е да се обединат сите структури кои подразбираат или ги споделуваат заедничките европски вредности, вредности за напредокот на државата и, таа опција да ја предводи Македонија и во наредните четири години. Тоа е мојот врвен приоритет и за тој приоритет ќе се борам. Личните амбиции, личните судбини и политички калкулации воопшто не се важни, за нас треба да биде важна Република Северна Македонија и секој еден граѓанин”, подвлече Спасовски.

Во гостувањето во вестите на Алсат телевизија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан за неодамнешната акција на МВР со Јавното обвителство за гонење на организиран криминал и корупција по која беа поднесени 15 кривични пријави за физички и три за правни лица, потенцираше уште еднаш дека оваа обемна и специфична истрага е насочена кон остварување на целта на Министерството за внатрешни работи – за неселективна борба против криминалот и корупцијата.

„Се работи за три кривични дела – злосторничко здружување, даночно затајаување и перење пари и други приноси од кривични дела. Ова било сторено од организирана група која ги злоупотребува инструментите и преку фиктивно фактурирање од една на друга фирма фиктивно побарувале данок на додадена вредност кој го враќа државата. Штетата на буџетот е околу 837.000 евра, пари на граѓаните и голема беше мотивираноста на полициските службеници заедно со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се реализира и расчисти со овој случај. Со тоа упатуваме јасна порака дека без разлика дали се вработени во институции, бизнисмени, било кој – не може да си поигруваат со државата и граѓаните. Во ниту еден момент, не може да има поединец којшто е посилен од државата, законот и граѓаните“, потенцираше уште еднаш министерот Спасовски.

Tags: претседателСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ