• Latest

Политичките екстерналии на историското „НЕ“

July 24, 2023
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Политичките екстерналии на историското „НЕ“

July 24, 2023 11:31
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ТОНИ ПОПОВСКИ

Поимот екстерналии се употребува во економските науки но значаен е и за мултидисциплинарната област на политичката економија и помага да се оценат социо-економските последици од политичките одлуки.

Потрошувачката, производството и одлуките за инвестирање на поединци, домаќинства и фирми честопати влијаат на луѓето кои не се директно вклучени во трансакциите. Понекогаш овие индиректни ефекти се мали, но има и проблематични ефекти кои економистите ги нарекуваат екстерналии. За да подобро го разбереме овој поим може да го илустрираме со загадувањето кое е најчест екстерен ефект на производството и потрошувачката на стоки, доколку не е проследено со соодветни мерки за негово спречување. На пример, загадувањето од непрочистена отпадна вода многу негативно влијае на животната средина.

Во продожение еден обид да ги осознаеме политичките екстерналии на потенцијалната одлука да се каже историското „НЕ“ на иницијативата за уставните измени.

Неможноста да се обезбеди дво-третинска поддршка за уставните измени во македонското Собрание ефективно ќе го блокира формалниот процес на пристапување кон ЕУ. Истовремено ќе ја продлабочи внатрешната политичка поларизација и ќе го разгори и онака силниот пожар на меѓусебни партиски обвинувања во пресрет на собраниските и претседателските избори. Безмалку неподносливата конфликтна атмосфера во општеството и деградирана политичка култура, иако на реторичко ниво во моментов, дополнително ќе се влоши и набргу ќе го „бакнеме“ дното. Се поприсутниот говор на омраза кон политичките неистомисленици критично е блиску до негово трансформирање во насилство. Повици за насилство или поврзани закани од ден во ден се се’ поприсутни особено во социјалните медиуми. Нагласените разлики за стратешкиот пат на државата кон ЕУ, не само меѓу партиите во македонскиот камп туку меѓу дел од нив и партиите во албанскиот камп создаваат одлична почва за динамизирање на хибридни дејствија на трети, недобронамерни страни и како такви се внатрешно-безбедносна закана која не смее да се потцени.

Оваа исклучително негативна политичка атмосфера и поврзани поделби веќе подолг период создаваат нагласени социо-економски последици. Младите заминуваат од економски причини, не ретко со бугарски пасоши, но заминуваат и поради токсичната – поларизирана атмосфера во општеството и партизираните институции. Заминуваат и поради потешкотиите да добијат услуги од администрацијата или судовите доколку не покажат лојалност или се принудени да се „снајдат“. Корупцијата е можеби и најтоксичната политичка екстерналија.

Напредокот во процесот на пристапување кон ЕУ во минатото, но и денес, е клучната сврзна точка во нашето мултиетничко општество, односно точка на гравитација или центар на политичка кохезија. Пристапувањето е клучната центрипеталната сила, бидејќи до овој момент, како убедливо мултиетничко мнозинство тежнеевме кон една точка во центарот. Блокираниот процес на пристапување ќе создаде простор за поголемо влијание на центрифугалните сили. Исчекорот на Албанија кон ЕУ е силна центрифугална сила и може да претставува „искушение“ за дел од албанскиот народ во Републиката, кој во услови на блокиран центар на гравитација односно реална европска перспектива на државата, може да се насочи или некој да го насочи од оската на вртење кон центарот, во спротивен правец, порадикално кон надвор. Во овој контекст, пролонгираните тензии на релација Србија – Косово можат само да имаат негативен мултипликативен ефект.

Нашата економија е структурно поврзана со економијата на Европската Унија. Две третини од странските директни инвестиции се од компании чие седиште е во ЕУ. Половина од нашиот увоз е од ЕУ но близу 80 отсто од извозот е во ЕУ. Посилен раст и мерлива благосостојба може да оствариме само ако создадеме економија ориентирана кон извоз, односно ако тргуваме со најбогатите, а особено со оние кои се подготвени да платат фер цена за нашите производи и услуги. Тоа се економите на државите членки на ЕУ и на другите западни демократии.

Економското поврзување неминовно води во политичко поврзување и обратно, стаганцијата во овие економски процеси политички ќе не оддалечи. Компаниите исто како и државите прават повеќегодишни развојни планови, и нашата себеизолација од пристапниот процес ќе создаде поврзани резерви за инвестирање кај нас. Продлабочената политичка криза ќе повлијае и на воспоставените партнерства и тековните инвестиции. Без поддршка на сегашните западни партнери не ќе може ефикасно да ја спроведеме зелената економска и дигиталната транзиција. Може да се случи критично да почнеме да заостануваме и во невоља да бараме решенија низ алтернативни модели на офшоризација и субратизација, односно да влеземе во економски „ѓаволов“ круг на дополнително политичко оддалечување од ЕУ. И сето ова можеби некому ќе делува само како тенденциозно – лошо и секако непосакувано предвидување, но сето ова од погоре ќе има влијание и на банкарскиот систем, и дури тогаш како граѓани и дел од нас како стопанственици ќе се подразбудиме, односно вистински ќе го почувствуваме ефектот на политичките одлуки тогаш кога индивидуално ќе не „удрат“ по џебот.

И последната од позначајните политички екстерналии е нашето доброволно пролонгирање на можноста наместо стотина милиони евра годишна помош од ЕУ да добиваме минимум четири пати повеќе. Земете го примерот на Хрватска која по население е двојно поголема, и која има обврска да уплаќа околу 500 милиони евра во буџетот на ЕУ годишно, но има можност да искористи минимум 1.5 милијарди евра неповратна помош. Во Буџетот на ЕУ за 2021 – 2027 година, за Хрватска се алоцирани над 7 милијарди евра, а притоа поради постпандемиската обнова и справување со енергетската криза се мобилизирани и дополнителни средства. Доколку ние сме денес членка на ЕУ, веројатно би уплаќале околу 250 милиони евра но би можеле да повлечеме околу 750 милиони евра, или нето помош од цирка 500 милиони евра годишно. Ова е износ кој е безмалку идентичен на износот кој го проектираме за капитални инвестиции во Буџетот. Овие средства од ЕУ би го намалиле притисокот за оданочување и се критични средства ако сакаме да го покриеме инвестицискиот заостаток од над 4 милијарда евра за патна инфраструктура и мобилност, над 1.5 милијарди евра за водна инфраструктура, над 1,2 милијарди евра за квалитетен амбиентен воздух, над 300 милиони евра за инфраструктура за управување со отпадот и други поврзани инвестиции. Без овие инвестиции ќе продолжиме да заостануваме во развојот како и по однос на квалитетот и обемот на јавните услуги и опфатот на корисници.

Од таа причина сите приврзаници а особено промоторите на историското „НЕ“ на уставните измени би било одговорно и фер да објаснат како планираат да ги адресираат овие политички екстерналии.

Извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ