• Latest

Азири: Вистинската опција се НАТО и ЕУ, другите опции се злоупотреба на граѓаните за други интреси

July 25, 2023

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Азири: Вистинската опција се НАТО и ЕУ, другите опции се злоупотреба на граѓаните за други интреси

-Јас како Албанец од Северна Македонија нема да барам ништо повеќе од моите сограѓани Македонци, освен тоа што веќе го правам за заштита на идентитетот на македонскиот народ и истото да го направат и за нас Албанците. Сметам дека нема да имаат друг избор освен прифаќање на реалноста. Некој кој претендира да ја отфрли оваа реалност, тоа е нешто друго, рече пратеникот Азири

July 25, 2023 14:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да целиме кон нашиот пат во ЕУ. Ова е нашата писта и нашиот пат. Секое одбивање или неподржуваме на овој пат, ќе го наруши тоа што сме го постигнале, истакна денеска пратеникот на Алијансата за Албанците Ељми Азири седницата на Комисијата за уставни прашања.

-Без кохезијата нема да имаме државен поредок. За жал ние денес демонстрираме недостиг на капацитетите за преземање одговорности. Прашањата кои се потешки секогаш се решавани со продуктивни компромиси и ние сме подготвени за тоа, но за жал тие што денес импровизираат лажни борби за својот идентитет не се подготвени да го направат тоа за нас. Вашингтон и Брисел се двата најголеми центри и нашите цели треба да се насочени кон нив. Идентитетот се негува во институциите, а се легитимира на меѓународно ниво, рече Азири.

Тој нагласи дека вистинската опција во согласност со историските тенденции се НАТО и ЕУ и другите опции, според него, се само демонстрирање на злоупотреба на граѓаните за други интреси.

-Вистинската опција во согласност со историските тенденции е токму ова – НАТО и ЕУ, Вашингтон и Брисел. Другите опции се само демонстрирање на злоупотреба на граѓаните за други интереси. Брисел се огласи дека нема интервенции во преговарачката рамка и Вашингтон исто така. Тие дадоа гаранција дека нема да има други пречки од страна на Бугарија и затоа стравот, кој се поттикнува кај граѓаните не е реален. Во секој историски процес, народот имал криза на идентитет, бидејќи традицијата се прекинува во однос на историските насоки. Ја разбирам сензитивноста заради идентитетот, меѓутоа полека, ден по ден секој народ ќе го изнајде патот за консолидирање на идентитетот. Сите треба да бидеме свесни за времето во кое што живееме. Негативните одлуки ќе не доведат во други димензии, кои што ние како држава можеби немаме капацитет да ги надминеме. Тие што го одбиваат предлогот беа против Охридскиот договор, против децентрализацијата, против законот за фискална децентрализација и за жал продолжуваат да бидат против сите демократски опции, кои се согласно европските вредности, рече тој.

Азири потенцира дека во јавноста се создава конфузија и се користи терминологија, која предизвикува хаос, што според пратеникот е далеку од реалноста.

-Јас како Албанец од Северна Македонија нема да барам ништо повеќе од моите сограѓани Македонци, освен тоа што веќе го правам за заштита на идентитетот на македонскиот народ и истото да го направат и за нас Албанците. Сметам дека нема да имаат друг избор освен прифаќање на реалноста. Некој кој претендира да ја отфрли оваа реалност, тоа е нешто друго, рече пратеникот Азири.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Азириуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ