• Latest

Европа мора да ја предводи реконструкцијата на Украина

August 8, 2023
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Европа мора да ја предводи реконструкцијата на Украина

August 8, 2023 15:29
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: КЕНЕТ РОГОФ / Project Syndicate

Кој треба да плати за повоената обнова на Украина? Кратко по руската инвазија, јас и моите коавтори проценивме дека би чинело отприлика 200-500 милијарди евра (220-550 милијарди долари) повторно да се изгради земјата и повикавме Европа да го предводи напорот за реконструкција. По повеќе од 50 дена на смрт и уништување, проектираните трошоци веројатно се имаат барем двојно зголемено. Како последица на тоа, потребата Европа да се засили и да преземе одговорност стана сè поитна.

Додека Соединетите Држави се, исто така, длабоко вложени во иднината на Украина, како што покажа нивната огромна економска и воена поддршка за земјата, постојат неколку причини зошто Европа мора да го преземе водството во координирањето и финансирањето на повоената обнова на земјата.

Прво, интересите на Европа се поусогласени со оние на Украина. Додека САД имаа огромна корист од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, европските земји пожнееја многу поголеми награди. Слично, Европа има повеќе да изгуби од враќањето на предвоениот статус-кво, а да не зборуваме за опасноста која се заканува од нуклеарна ескалација.

Второ, Европејците мора да сфатат дека дури и да остане непроменета американската воена поддршка за Европа и Украина по претседателските избори во 2024 година – големо „ако“ со оглед на сегашната состојба на американската политика – ентузијазмот на Америка за долгорочна финансиска поддршка веројатно ќе избледи, независно од исходот. И демократите и републиканците сè повеќе прифаќаат популистички ставови, а денешните популисти се фокусираат најмногу на домашните прашања, со мала грижа за останатиот дел од светот.

Трето, Европската унија веќе ѝ додели на Украина кандидатски статус, со што признава дека земјата е интегрален дел на Европа и треба да биде дел од блокот. Со оглед на тоа што Украина најверојатно ќе бара значителна техничка помош за да ги подобри своите стандарди на управување и да ги исполни условите за пристапување, ЕУ мора да стори сè што може да го забрза овој процес.

Освен тоа, европските земји со децении се потпираат на воените трошоци на Америка. САД моментално трошат двојно повеќе од земјите членки на Европа за национална одбрана како дел од БДП. Ако САД можат да го намалат својот воен буџет на нивоата на Европа, тоа би заштедило околу 400 милијарди долари годишно. И обратно, ако Европа ги зголеми трошоците на ниво на САД, би трошела најмалку 300 милијарди долари повеќе годишно, со што доволно лесно ќе може да плати за обнова на Украина и многу повеќе. Овој износ повеќе од доволно би го покрил делот на ЕУ за повоената реконструкција на Украина.

Секако, можеме само да шпекулираме дали рускиот претседател Владимир Путин ќе се воздржеше од напад на Украина доколку Европа ги имаше зајакнато нејзините одбранбени способности. Но, еден извештај на Националното собрание на Франција во кој се сугерира дека земјата би ја исцрпила постоечката муниција за неколку недели во случај на интензивен вооружен конфликт, не инспирира голема доверба во воената подготвеност на европските земји. Иако францускиот претседател Емануел Макрон презеде чекори за зголемување на трошоците за одбрана, овие мерки само се обидуваат да го исполнат прагот на НАТО за одвојување 2% од БДП.

Зошто Европа троши толку помалку на сопствената одбрана отколку што троши САД? Во нивниот извонреден труд од 1966 година “An Economic Theory of Alliances” (Економска теорија на сојузи), економистите Манкур Олсен и Ричард Зекхаузер тврдеа дека поголемите земји лесно сносуваат непропорционален дел од трошоците поврзани со активности кои служат за општото добро. Незначителните придонеси на помалите членки на НАТО се еден таков пример. Земја како Канада, на пример, троши само 1.3% од БДП за одбрана, затоа што знае дека САД ќе сносат голем дел од товарот, што ги прави флуктуациите во нивниот скромен буџет за одбрана релативно незначителни.

Оваа теорија е далеку од беспрекорна, како што покажаа невидените шумски пожари ова лето, канадската влада не сака да троши ниту многу за борба против шумските пожари. Но, нуди увид во тоа зошто често САД остануваат да ја платат сметката за потребите за национална одбрана на другите земји.

Сепак, во неодамнешниот извештај од Килскиот институт за светска економија се истакнува колку малку некои европски земји, како што се Франција, Италија и Шпанија, имаат придонесено за воените напори на Украина. Додека ЕУ неодамна вети дека ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителни 50 милијарди евра до 2027 година, само третина од овој износ ќе биде даден како директни грантови. Останатиот дел ќе биде обезбеден како заеми што Украина најверојатно нема да може да ги врати.

Се разбира, реконструкцијата на Украина претставува огромен, скап потфат, чиј успех ќе зависи од многу фактори, вклучувајќи и од сопствената посветеност на Украина кон неопходните економски реформи. Но, европските земји мора да се помират со нивната историска одговорност да го водат овој напор, дури и да значи поголем долг и побавен раст за нивните економии во иднина.

Кенет Рогоф е професор по економија и јавна политика на Универзитетот Харвард и добитник на наградата на Дојче Банк во 2011 година за финансиска економија. Тој е поранешен глевен економист на Меѓународниот монетарен фонд од 2001 до 2003 година.

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: Europe Must Lead Ukraine’s Reconstruction. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    230 shares
    Share 92 Tweet 58
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ