• Latest
Љубиша Николовски

Николовски: Падна „авторитетот“ на Курти, македонските опозициски партии на Албанците панаѓурски го шетаа како циркуска политичка атракција

August 16, 2023
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Николовски: Падна „авторитетот“ на Курти, македонските опозициски партии на Албанците панаѓурски го шетаа како циркуска политичка атракција

August 16, 2023 12:33
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Љубиша Николовски

Љубиша Николовски

Share on FacebookShare on Twitter

Долгогодишниот новинар и аналитичар на состојбите, Љубиша Николовски, во врска со неофицијалната посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово, вели дека станува јасно дека Албин Курти го троши времето што му е доверено од своите сограѓани, но и од меѓународната заедница за да ги реши круцијалните политички проблеми дома на Косово, не покажувајќи желба или капацитет за тоа. Николовски во разговор за „Локално“ вели дека наместо да се посвети на иднината на Косово, Курти се впушта во регионални дубиози што не ги познава.

„На тој начин за жал тој свесно или несвесно, непотребно се инволвираше во „макендонските работи“ на еден старомоден, патерналистички начин од деведесеттите, несоодветен на новото време. Наместо да се сретне со претставници на владеачките партии на Албанците или уште повеќе со претставнци на Владата, тој дојде во Македонија како да е „село без кучиња“ и да присуствува на локални настани за кои знае дека се со сензитивен етно-политички набој, не водејќи сметка за иконографијата која го придружуваше“, порачува Николовски.

Тој смета дека на „авторитетот“ на Курти „паднаа“ и македонските опозициски партии на Албанците кои, како што вели Николовски, на панаѓурски начин го шетаа низ македонските градови и општини каде се на власт, претворајќи ја целата слика на посетата на еден премиер на соседна држава во циркуска политичка атракција.

Николовски оценува дека нашите односи ги воспоставуваме ние и нашите политички субјекти и дека тие честопати минуваат низ турбуленции на националистички испади за што постои подготвеност и одговорност од двете страни и македонската и албанската.

Но засега главните текови на стратешките интереси на сите во земјава се тркалаат во позитивна насока. Што се однесува до состојбите на Косово тие се тензични и стојат со децении во една статус кво ситуација. Секако дека треба да се внимава што се случува во соседството, но засега мислам дека нема опасност од прелевање на тензиите од Косово на македонска почва. На крајот на краиштата не зависи се само од Албин Курти, тука се и САД и ЕУ кои будно внимаваат кој и како се однесува од геостратшки аспетк на безбедноста на регионот, вели новинарот.

Николовски не мисли дека ќе ескалира ситуацијата повеќе од она што во јавниот дискурс се слуша. Тој потенцира дека сите политички партии сега намерно ги креваат тензиите и фаќаат предизборни позиции и дека во таа политичка игра националистички профилирања ќе има и натаму и од некои македонски и од некои албанските политички партии.

Сепак соговорникот не верува дека Курти е толку моќен да ја урне македонската влада, иако претходно се обиде да го стори речиси истото и во Албанија.

Нашите мали опозициски партии му го креваат рејтингот, мислејќи дека така ќе го зголемат и својот. Сепак мислам дека станува збор за една дипломатски и политички необмислена посета на косовскиот премиер која очекувам дека во наредниот период ќе има обиди да се „испегла“, затоа што Македонија со Косово има добри политички односи, голем број наши сограѓани Албанци имаат и семејни врски во Косово и обратно, но и економски се покажа дека трговската размена се зголемува а одредени трговски бариери што се појавуаа од време на време се надминуваат, анализира Николовски за Локално.

Tags: Албин КуртиКосовоСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ