• Latest

Пратениците на втор состанок со историјата

August 18, 2023

Протести и контра-протести во Србија

September 28, 2025

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Хоџиќ го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025
Ф-16 на португалските воздухопловни сили полетува за време на ротацијата на балтичкото воздухопловно набљудување во Естонија. (фото извор: НАТО)

Полска подигна авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Запорижја, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Запорижска регионална администрација)

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Масивен напад со ракети и дронови врз цивилни цели, загина 12-годишно девојче

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум до Обвинителството и Судот, бараат одговори до 3 октомври

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците на втор состанок со историјата

August 18, 2023 10:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлучувачка седница за европската иднина, исправени сме пред храбра, тешка и историска одлука, потребно е зрело државничко однесување – се дел од синтагмите со кое се дочекува „Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија”, се вели во анализата на Дојче веле.

Така гласи точката на дневниот ред на денешната седница во македонското Собрание, која со интерес ќе се следи и во Скопје, и во Софија, и во Брисел, бидејќи од епилогот ќе зависи дали РСМ ќе го продолжи интеграцискиот пат кон ЕУ. Поради отсуство на двотретинска поддршка за уставни измени, нејзиниот почеток е дочекан без оптимизам, но не и без надеж дека нештата може да се променат до крајот на мандатот на актуелниот парламентарен состав.

„Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца“, порача премиерот Димитар Ковачевски по вчерашната средба со американската амбасадорка Анџела Агелер.

На средбата разговарале за постојаната и силна поддршката од стратешкиот партнер САД за европскиот пат на РСМ, и за следните чекори.

„Пратениците се, пред сѐ, претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината. ЕУ е нашата единствена алтернатива“, напиша премиерот на Фејсбук.

Кој е за интеграција, кој за изолација

Во пресрет на денешната седница, ДУИ и СДСМ синоќа уште еднаш упатија апели до пратениците. Од ДУИ седницата ја нарекоа „одлучувачка за европската иднина на земјата” и апелираа до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача.

„На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили и дојде крајот откако, ДУИ како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран. ДУИ уште еднаш ги повикува политичките партии и самите пратеници да ги остават настрана личните и партиските интереси, да не се обидуваат да ја блокираат туку, да ја приоритизираат европската иднина на граѓаните. Ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување“, се вели во соопштението на ДУИ.

И социјалдемократите порачаа дека нема веќе простор за манипулации – седницата за уставни измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или против ЕУ.

„Со голема леснотија Мицкоски кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски. Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или изолација, седнат во скутот на Левица. Доколку ја одбере Левица и антиевропскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава – членство во ЕУ“, порачаа од СДСМ.

Ништо спектакуларно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вчера потенцираше дека ставот на партијата во однос на уставните измени останува непроменет – промена на Уставот под бугарски диктат и под тие услови нема да има, а истото ќе биде кажано денеска и во Собранието.

„Не очекувам ништо спектакуларно. Уште при усвојувањето на дневниот ред, мнозинството, односно Владата на СДСМ и ДУИ ќе види дека нема нема двотретинско мнозинство за да го турка овој процес. Очекувам дека нема да има понатаму дополнителна политичка гимнастика и потоа единствена легитимна политичка тема ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори”, изјави Мицкоски на ТВ Сител.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека промена на Уставот под бугарски диктат и под тие услови нема да има.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека промена на Уставот под бугарски диктат и под тие услови нема да има.

Притоа направи една споредба.

„Едно е бугарскиот народ да биде дел од Преамбулата, друго е да биде дел од Комитетот за меѓуетничнички односи – тоа се сосема две различни работи. Ако вие барате од мене нешто, истовремено треба да сте подготвени и да дадете нешто. Ако не сте подготвени (за спроведување – н.з.) барем неколку од оние пресуди на Судот за човекови права во Стразбур за правата на македонската заедница во Бугарија – зборувам за нивното културно организирање – тогаш како ќе ме убедите дека имате добра намера? Како ќе ме убедите дека тоа што од мене го барате е во рамките на тоа што вие го заслужувате“, праша Мицкоски, говорејќи за односот на бугарските политичари.

Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница нема да користат посебна иконографија – маички со пораки, транспаренти или други реквизити. Пред седницата ќе имаат уште координација, а на седницата се очекува да се обрати еден од пратениците на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе го повтори нејзиниот став. Целта на партијата е што побрзо да се увиди недостигот од поддршка за уставни измени, а за фокусирање на проблемите кои се важни за граѓаните – борбата со криминалот и високата корупција, како и подобрување на тешката економска ситуација – партијата смета дека се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

Расправата за предлогот не може да трае повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието Талат Џафери неодамна изјави дека дека доколку нема двотретинско мнозинство гласањето може да биде одложено, но и дека може и да не се случи.

Извор: Дојче веле

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ