• Latest

Проф.Др Васко Наумовски: Конечната стабилизација на Балканот е можна со негова интеграција во ЕУ

August 22, 2023
Фото: Скриншот од видео на British Embassy Kyiv/ X

Велика Британија ѝ порача на Русија да престане со „бесмисленото убивање“ откако беше погодена зградата на Британскиот совет во нападите врз Киjив, кои однесоа најмалку 21 жртва

August 28, 2025

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Проф.Др Васко Наумовски: Конечната стабилизација на Балканот е можна со негова интеграција во ЕУ

August 22, 2023 14:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Васко Наумовски поранешен потпретседател за евроинтеграции во владата на Никола Груевски и Амбасадор во САД во интервју за Слободен Печат говори за актуелната политичка ситуација во Македонија во пресрет на уставните измени и евроинтеграциските процеси.

За Васко Наумовски конечната стабилизација на Балканот е можна со негова интеграција во ЕУ и доколку Македонија би се нашла во ситуација да не го продолжи дијалогот со ЕУ по завршување на скринингот, влегува во ризикот што без преговори со ЕУ ќе недостига оној контролен механизам преку кој ЕУ ги надгледува реформските процеси, и врши притосок врз власта за достигнување на европските стандарди во многу области. Наумовски смета дека нашето зачленување ќе биде во група од две или три други држави од Балканот.

Ризикот од дестабилизација на земјата поради можниот вакуум од прекин на преговарачкиот процес е значително намален со нашето членство во НАТО, смета професор Васко Наумовски. Во однос на прашањето дали има ли други алтернативи за земјава освен членство во ЕУ, поранешниот министер за евроинтеграции констатира дека не постои држава од пост-комунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив, сите имаат видливи придобивки од таа интеграција.

Дали зачленувањето на Западен Балкан во ЕУ, е и безбедносно прашање како што сметаат САД и Унијата?

– Искуствата на државите кои веќе се дел од ЕУ покажуваат дека, покрај економскиот напредок, политичката и безбедносна стабилизација во границите на ЕУ е повеќе од видлива. Самата ЕУ почна како мировен проект и откако таа постои нема конфликти помеѓу нејзините држави членки, за разлика од долгиот период на нивни меѓусебни конфликти претходно. Оттаму, конечната стабилизација на Балканот е можна со негова интеграција во ЕУ.

Во каква ситуација би се нашла Македонија ако не го продолжи дијалогот со ЕУ по завршувањето на скринингот?

– Секако дека тоа нема да ја зголеми поддршката за европската интеграција во државата. За жал, сме поминале низ повеќе разочарувања на нашиот пат кон ЕУ и граѓаните нема да го доживеат тоа многу драматично. Ризикот е што без преговори со ЕУ ќе недостига оној контролен механизам преку кој ЕУ ги надгледува реформските процеси и врши притисок врз власта за достигнување на европските стандарди во многу области.

Дали тој вакуум би го искористиле други странични сили за дестабилизација на земјата?

Ризикот од дестабилизација е значително намален со нашето членство во НАТО, поради што верувам дека нема да дојде до такво нешто. Доколку, пак, постојат определени сценарија за таков развој на настаните, тоа би требало да е дополнителна мотивација за ЕУ да го стави проширувањето во преден план и да не дозволи нејзините членки да го загрозат овој процес.

Што ќе се случи ако Албанија го продолжи европскиот пат без нас?

– Циклусите на проширување на ЕУ речиси секогаш се реализирале со држави кои заеднички пристапувале. Без разлика која кога ги започнала преговорите, мојата проценка е дека и нашето зачленување ќе биде во група од две или три други држави од Балканот.

Има ли алтернатива за земјава, освен членството во ЕУ?

– Секоја сериозна држава би требало да има разбработено повеќе сценарија за сопствената иднина и на внатрешен и на надворешен план. Не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив, сите имаат видливи придобивки од таа интеграција. Ние одамна имаме консензус за членство во ЕУ и верувам дека тој ќе опстои. Секако, тоа не ги исклучува нашите пријателски односи со останатите држави и асоцијации, во интерес на нашиот економски развој и подобри надворешно-политички позиции.

Има ли реални шанси да се промени преговарачката рамка како што заговара опозицијата?

– Преговарачката рамка е општ документ, и се однесува на процес кој ќе трае повеќе години. Во текот на тој процес ќе се сменат многу влади, и кај нас, и во ЕУ. Самата ЕУ ќе продолжи да се трансформира и не можеме да претпоставиме како ќе изгледа процесот на конечно пристапување на крајот на нашите преговори. Во историјата на проширувањето се видливи различни толкувања на критериумите за проширување, и нашата цел би требало да биде да не се излегува од рамките на Копенханшките критериуми, односно билатералните прашања да не се пречка за проширувањето.

Колку е реално да се поништи сегашниот и да се почнат нови преговори со Бугарија за подобар Договор за пријателство и добрососедство?

– Исполнувањето на одредбите од меѓународните билатерални договори зависи од двете договорни страни и постојат начини за престанок на нивното важење. Дали е можен подобар договор е прашање за политичките раководства на двете држави кои ќе ги водат државите тогаш кога ќе се отвори таква можност. Уметноста на преговарањето е да се дојде до решение кое ќе биде еднакво добро за двете страни, односно решение со кое и двете страни ќе имаат придобивки. Истовремено, затворајќи еден проблем на краток рок, да не се отвораат нови на долг рок.

Како ја коментирате улогата на меѓународната заедница во ангажманот да помогне во надминување на разликите меѓу власта и опозицијата околу уставните измени?

– Едно општество ја достигнува својата зрелост кога ќе биде во состојба проблемите да ги решава самостојно, без надворешни интервенции. За жал, ние како да не сме свесни дека решавањето на нашите меѓусебни разлики е наша должност, и решенијата ќе донесат придобивки за нас, за нашата држава, а не за некој друг. Оттаму, ние би требало да бидеме најмотивирани за решенија, а не да чекаме други да ги решаваат нашите проблеми. Интересите на меѓународната заедница се поврзани со забрзување на европската интеграција, а начинот на кој тоа ќе се направи на внатрешно-политичката сцена би требало да е наша одговорност. Сојузништвата треба да ги изградиме прво дома меѓу себе, и така обединети да настапиме на меѓународната сцена.

 Без разлика на сегашниот дискурс на двајцата лидери кој оди од крајност во крајност, може ли да се каже дека барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се исполнуваат од страна на сите домашни и меѓународни фактори?

– Барањата на политичките партии се засновани на ставовите на нивните избирачи. Не би рекол дека се работи за исполнување на барања на поединечни политичари, туку за обид да се намали чувството на незадоволство и фрустрација кај македонските граѓани, предизвикано од непринципиелните потези на Европската Унија и на некои нејзини држави членки. Кредибилитетот на ЕУ на Балканот одамна е нарушен, и самата треба да се обиде да ја поправи таа перцепција, односно со конструктивни политики и искрена поддршка на процесот на проширување да го врати евро-ентузијазмот кај граѓаните во целиот регион.

 Можна ли е идна широка коалиција во која би влегле ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и други партии на Албанците без ДУИ?

– Можни се сите коалиции кои ќе бидат поддржани од мнозинството пратеници и тука не би требало да се табуизира ниту една комбинација. Никој не е венчан за власта, а промените се природна појава која носи квалитет. Одлучувачки ќе биде бројот на пратеници кои ќе ги освојат партиите и нивната способност за создавање стабилна влада која ќе ги отсликува изборните резултати, како и севкупниот карактер на општеството.

 За власта, европската перспектива е приоритетна задача и настојува на продолжување на преговорите со ЕУ, додека пак за опозицијата тоа е борбата со корупцијата и смета дека тоа е поважно од сè. Дали овие теми се противречни една на друга или може да одат во пакет?

– Борбата против корупцијата е меѓу суштинските проблеми на државата, и неслучајно е клучен дел од критериумите за членство во ЕУ. Корупцијата е основната пречка и за независното судство, и за странските инвестиции, и за политичката стабилност. Таа е причината зошто се повеќе луѓе ја гледаат својата иднина надвор од државата, и не смееме да дозволиме борбата против корупцијата да остане само на зборови. Успехот на државите кои се дел од ЕУ во голема мера се должи токму на нејзиното искоренување.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Васко НаумовскиЕУинтеграции
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ