• Latest

Маските, качулките, јајцата и политичките транспаренти го фрлија во втор план револтот на граѓаните за случајот „Онкологија“

September 6, 2023

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Маските, качулките, јајцата и политичките транспаренти го фрлија во втор план револтот на граѓаните за случајот „Онкологија“

September 6, 2023 14:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скандалот со злоупотребата на лековите на Клиниката за онкологија веќе неколку дена ја бранува јавноста, откако Министерството за внатрешни работи и Обвинителство отворија предистражна постапка по пишувањата на медиумите „Слободен Печат“ и „Фокус“ дека има сомнежи оти на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом (рак), кои наместо лек добивале физиолошки раствор, а терапијата завршувала на црниот пазар.

Нема неказнливи и недопирливи

Министерството за здравство, МВР, Јавното обвинителство, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски истакаа дека нема да има пардон за сите инволвирани и ќе  мора да одговараат без разлика кои се.

Од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи информираат дека врз основа на своите законски надлежности, интензивно се преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија, и во тој контекст информираат дека веќе се издадени соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите, како и дека истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија.

„Секој еден кој бил инволвиран, без разлика на позиција, ќе одговара. Посебен тим од Крим полиција работи во координација со Основното јавно обвинителство, направен е целосен план во однос на постапување и интензивно се работи на прибирање на информации“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со Клиниката за онкологија.

Министерот за здравство Фатмир Меџити и в.д. директорите на клиниката в.д. директорите на Клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска и Халид Матоши, рече дека тие имаат увид во она што се случувало на Клиниката за онкологија, дека се што е побарано од нив од МВР и од Обвинителството им е дадено, но за тоа кој е одговорен за криминалот таму одговори треба да даде ОЈО. Меџити и Клисаровска побараа да не се ставаат сите доктори во ист кош и ги уверуваа пациентите дека сега нема проблеми со терапијата, и замолија да нема шпекулации за дополнително да не се вознемируваат пациентите.

Претседателот Пендаровски оцени дека крајно време е системот да потврди дека сме способни во пракса, а не само со зборови да се справуваме со тешките облици на организиран криминал и корупција и конечно да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите.

Премиерот Ковачевски во врска со случајот на Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици истакна дека пардон нема да има за никого, и побара случајот да не се политизира.

„Нема да се дозволи никаков притисок, ниту политички, ниту етнички, ниту каков било друг. Инволвираните ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ, и на свето ВМРО, и на свети ДУИ тој што се огрешил има да одговара“, нагласи Ковачевски.

Пласирање дезинформации

Откако обвинителството и финансиската полиција запленија компјутери и медицински истории на пациенти на Клиниката за онкологија, претресот го продолжиле и кај поранешниот директор на болницата д-р Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. По оваа акција на надлежните институции, партиските кујни веднаш се активираа да шират дезинформации дека наводно Стефан Васев од СДСМ е син на д-р Васев.

Оваа лага ја објави и порталот Антропол, кој се смета за гласило на политичката партија Левица, а потоа во попладневните часови го објави демантот, но не се извини за лагите.

“Порталот Антропол објавува невистина. Целосно ги отфрлам лажните вести и невистините што се шират на дел од порталите и социјалните мрежи за наводната роднинска поврзаност со доктор Никола Васев. Ниту роднински ниту на било кој друг начин не сме поврзани со споменатиот доктор Васев. За изнесените лаги ќе побарам извинување и повлекување поради повреда на мојата чест и углед“, изјави Васев.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја потврди лажната вест која се прошири на Фејсбук страната „Следиме“ во врска со Стефан Васев, додавајќи дека ваква лага за млад човек кој никако не е поврзан со никого е груба манипулација, суровост и е дефокус што некому му одговара!

„#Следиме очигледно следат и шират само лаги! Поранешниот колега Стефан Васев ниту е син на споменатото лице, ниту има мајка обвинителка, ниту дада новинарка инфлуенсерка!

Лагата е употребена за поврзаност со случајот кој ја згрози цела јавност, а можеби е со цел да се сокријат некои други имиња! Истрагата е во тек, имињата и нивните недела сигурна сум дека ќе бидат јавно обелоденети и секој виновен, без разлика на партиска, верска и било каква припадност ќе си одговара! Мора да одговараат!“, истакна Кузеска.

Натпартиски, но сепак антивладини протести

По скандалот со злоупотребата на лековите на клиниката за Онкологија, социјалните мрежи се преплавија со осуди, згрозување, повици за линч, како и повици да се излезе на улица. Веднаш се креираше настан „Протест против убиството на онкологија“. Креаторите на настанот се „политичка организација“, а случајно или не, повикот за „натпартиски“, но сепак „антивладин“ протест е идентичен со соопштението за поддршката на протестот од политичката партија Левица.

Вчерашниот протест за случајот со злоупотребата на лековите во Онкологија, на кој граѓаните излегоа да го изразат револтот и да бараат правда за исклучителната нехуманост од страна на одредени здравствени работници, очекувано, и според најавите, беше киднапиран и злоупотребен од партиите Левица и ВМРО –ДПМНЕ. 

Колегата Џабир Дерала во колумната „БЕСЧУВСТВИТЕЛНИ И ВУЛГАРНИ ПОЛИТИЧКИ МОНСТРУМИ: Киднапирање на еден протест“ пишува дека најмногу од сѐ, киднаперите на протестот ги понижија и си поиграа со емоциите на граѓанките и граѓаните чиј револт е оправдан. Оваа политикантска банда најдрско се подбива со тагата и гневот на луѓето кои изгубиле свои блиски поради криминалците во здравството.

„Нека остане запаметено… Не се тие заинтересирани за правда. Немаат поим што значи тага. Нивниот единствен план е, по секоја цена, да приберат политички поени во секоја ситуација. Целта им е да се доберат до власт, за да обезбедат пари и моќ. Да ги лечат своите комплекси и фрустрации, да уживаат во пленот што го зграпчиле во своите смрдливи челусти. Се разбира, да ги заштитат своите луѓе вплеткани во криминалот. Тоа е, ништо повеќе. Ним не им е гајле ни за луѓето, ни за вредностите“, пишува Дерала.

Освен паролите со говор на омраза и вулгарните транспаренти, меѓу демонстрантите се појави и девојка облечена во народна носија и маска со обележја на познатата озлогласена, екстремно десничарска група Кју Анон, давајќи му на протестот уште една димензија, секако, во погрешен правец. Наместо да им се даде простор на граѓаните да си ги изразат своите незадоволства и револт пред институциите, протестот се сведе на „извонредна“ шанса за дел од опозицискиот блок партии да си ги „играат“ своите агенди на улиците.

А иронијата да е уште поголема дотичната личност дошла да протестира оти им се краде и не им се дава соодветниот лек на болните од рак со транспарент на кој пишува „ракот е паразит и вакцините се полни со отров“! Инаку, како информација за атнтиваксерката, „убици“ се пишува „убијци“.

Поттикнување етничка омраза и нетрпеливост

Десничарските левичари не пропуштија да шират етничка омраза и нетрпеливост, а предводник на тоа беше првиот човек на партијата која се регистрирала како Левица, Апасиев. Тој го споделил статусот на новинарката на Фокус, Ирена Мулачка која пишала дека лековите за рак се препродавале на црниот пазар во Косово, додвајќи коментар „Ова ли е тоа: Соживотот го плаќаме со живот“?

Професорот по римско право, Апасиев, не му се допадна апелот на професорката од Правниот факултет, Ана Чупеска која истакна дека јавноста е оправдано згрозена и реагира за овој случај, но исто така повика и против злоупотребите на човечките судбини.

„И уште нешто, повици за протест се легитимни, ама не и однапред да ги осудувате, со фаци што сте ставиле на слики и да повикувате на линч без да имате било какви докази. Аман кое дно сте??? Трамповци и трапчовци“, вели Чупеска.

Апасиев на неговиот Фејсбук профил ширеше омраза кон професорката Чупеска: „Лично познавам најмалку тројца професори од Правен кои завршија у Бардовци (ама буквално)! Ана Чупеска изгледа ќе да е четвртата“.

Твитер профилот „Блефер“ (името доволно кажува), пишува: Кај се бе овие Албанците што ја сакаат Македонија исто како и ние? Или Албанци не заболуваат од рак? 

Агим Селами од ЗИП институтот, на својот профил на Фејсбук напиша дека нагласувањето на делот со Косово и наративот “лекот што требало да го земе Македонецот бил продаден на Албанци/Косовари” е сосема погрешен.

„Дали само Македонецот боледува од рак? И дали знаете дека превалентноста на ракот кај Албанците (поради понизок квалитет на живот, понизок степен на свесност за здрава нутриција, и редовни превентивни здравствени прегледи) е повисока во споредба со Македонците? Сакам да кажам дека ако се украл лекот од пациенти од Македонија, меѓу тие пациенти на кои им е одземено правото на живот, голем процент се токму Албанци. Конечно, треба здружен пристап против криминалот а не да се мери кој етникум е помалку/повеќе криминализиран“, потенцира Селами.

ЦИВИЛ со осуда на криминалот и на политичкото профитерство во случајот „Онкологија“

Врз основа на обелоденетите сведоштва и факти, ЦИВИЛ изразува крајна осуда на криминалните активности насочени против здравјето и животот на луѓето.

ЦИВИЛ нагласува дека во криминални активности од овој вид и размер, не е возможно да се вклучени само вработени во клиниката. Виновниците и олеснувачите на криминалот мора да се бараат во раководните структури и во други сектори што ги овозможувале, помагале или спроведувале криминалните активности.

Осуда заслужуваат и политичките партии, групи и поединци кои во овој случај видоа можност за политички профит со ширење говор на омраза, дезинформации, и националистички и антизападни пораки. Со тие постапки се врши целосна злоупотреба на оправданиот револт на граѓанките и граѓаните, за цели кои немаат врска со грижата за правата, здравјето и животот на луѓето.

Јавноста очекува брзо расчистување на случајот и правда. Обидот на партиите на опозицијата да го преземат и злоупотребат граѓанскиот револт, само делумно успеа.

Истрагата е во тек.

ЦМТ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ