• Latest

Шукова: Преку зголемени инвестиции во зелената инфраструктура, до повисоко ниво на усогласување со ЕУ стандардите

September 26, 2023
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Шукова: Преку зголемени инвестиции во зелената инфраструктура, до повисоко ниво на усогласување со ЕУ стандардите

September 26, 2023 13:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Само преку зголемени инвестиции во зелената инфраструктура можеме да постигнеме повисоко ниво на усогласување со стандардите и регулативите на Европската Унија, изјави министерката за животна средина, Каја Шукова.

На јавниот настан на Форумот за граѓанско општество на Берлинскиот Процес за Клима и Зелена агенда кој се одржа денеска, министерката истакна дека на оваа патека се соочуваме со сериозни предизвици кои што се карактеристични за останатите земји од Западен Балкан, а тие се најчесто финансиски и административни.

– Овие предизвици се комплексни и бараат акција од сите надлежни институции. Потребата од инвестиција се огромни, ни треба многу повеќе фондови отколку што имаме, рече таа.

Според Шукова, подеднакво е важно овие процеси да го вклучуваат приватниот сектор, а постигнувањето климатска неутралност е поврзана со заштитата на биодиверзитетот и екосистемот.

 

На дискусијата „Зелена агенда, предизвици и можности“ во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) заедно со Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – Скопје (IPECC),  учествуваше и Штефан Худолин, раководител на Сектор операции од Делегацијата на ЕУ кој истакна дека предизвици имало и ќе има, но, како што рече, „од нив мора да направиме можности кои вклучуваат инвестиции во зелени технологии и инфраструктура“.

– Владите имаат клучна улога да ја постават правната рамка и да воведат политики кои ќе го интензивираат овој процес, рече тој, дополнувајќи дека националните буџети мора да одвојат дел за заштита на биодиверзитетот.

Алмира Џембула, заменик министерка за туризам и животна средина на Република Албанија, посочи дека оваа активност изискува многу труд и напорна работа од надлежните институции. Таа зборуваше за активностите кои Албанија ги презема за реализација на Зелената агенда и го посочи еко-системот како централен закон.

Генералниот секретар на регионалната младинска канцеларија за соработка, Алберт Хани, ги сподели активностите на канцеларијата и истакна дека една од најголемите грижи на младите се токму проблемите со животна средина.

– Тренинг и едукација е неопходен за младите да се запознаат со ризиците и потенцијалот, потенцираше тој.

Според него, препораките од Зелената Агенда се реалистични и за нивна реализација е неопходна и административна едукација.

Адис Муховиќ, извршен директор на Центар за политика и владеење од Босна и Херцеговина посочи дека во процесот мора да бидат вклучени и граѓанските организации и младите, а приватниот сектор го посочи како неразвиен.

Дискусијата заклучи дека на земјите од Западен Балкан им се потребни иновативни механизми кои се базирани на солидарен пристап за ја пополнат празнината во административните капацитети и да осигураат ефективно искористување на фондовите.

Зелената агенда нуди визија на одржливо и просперитетна иднина, но, патот да се стигне до таму е исполнет со предизвици кои бараат соработка помеѓу владите, приватниот сектор и граѓанските организации, пренесе МИА.

Главна тема на настанот е „Инвестиции во зелена инфраструктура“, која дополнително се разработува преку аспектите на „Доброто владеење во животната средина“ и „Биодиверзитет и зачувување на природните ресурси“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ