• Latest

24 ЧАСА: Опозицијата има стратегија на постојана блокада; Уставниот суд го поништи Упатството за водење на матични книги; обезбедени средства за дијабетичари и за пациенти со церебрална парализа

September 27, 2023
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Опозицијата има стратегија на постојана блокада; Уставниот суд го поништи Упатството за водење на матични книги; обезбедени средства за дијабетичари и за пациенти со церебрална парализа

September 27, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Промовирана првата Британска бизнис асоцијација во земјава

Првата Британска бизнис асоцијација (ББА) во државава, организација чија цел е унапредување на трговските врски со Обединетото Кралство, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси, денеска беше промовирана во Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Основачи на Асоцијацијата се компаниите Џонсон Мети и Сопро и рудникот САСА.

-Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан. Го цениме ова партнерство и ќе продолжиме да ја надградуваме оваа успешна приказна и да ги зајакнуваме нашите трговски врски. Како силен партнер и близок пријател заинтересирани сме и подготвени да бидеме ваш претпочитан трговски и инвестициски партнер преку нашите индустриски способности, инвестициски екосистем и владина поддршка. Британските бизниси застапуваат транспарентност, одржливост, иновација, соработка и партнерство, а токму целта на ББА е да ги промовира овие вредности во рамките на македонското деловно опкружување во тесна соработка со сите чинители, рече британскиот амбасадор Метју Лосон на промоцијата на Асоцијацијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска коментирајќи ја најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека ќе го блокираат со амандмани законот за амнестија, изјави дека блокадата е стратегија на опозицијата, која постојано ја применува и додаде дека утре во 12 часот министерот за правда ќе има брифинг со медиумите, на кој детално ќе го образложи предложениот закон.

-Нема решение во Парламентот, кое што опозицијата не го блокирала. Јас откако сум дел од Владата и дел од парламентарната дебата, било како заменик-министер за финансии, било како премиер, стратегијата на опозицијата е блокада, тоа им стана како спиритус мовенс на нивното работење, стануват сабајле и вика јас сега ќе блокирам. Тоа е веројатно нешто што во 11 години години владеење го научиле, кое го имаа во државата. Тогаш имавме блокирани евроинтеграции, имавме блокирани НАТО интеграции, имавме блокирани односи со соседите, имавме блокиран економски развој, истакна Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Горска“ Дооел.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, која ја  предводи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вечер во Штип ќе се одржи отворена трибина „Градиме македонски, градиме европски“.

ЗЕЛЕНИ Министерството за финансии денеска го објави Проспeктот за првата емисија зелени обврзници. Ова е втор инструмент кој годинава го лансира Министерството за финансии на домашниот пазар на капитал, збогатувајќи ја понудата на финансиски производи и поттикнувајќи конкуренција. Првата емисија на оваа зелена обврзница е во износ од 10 милиони евра, а аукцијата ќе се одржи на 3 октомври 2023 година.

ПРАВДА Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда.

САНКЦИИ Повеќе земји членки на ЕУ бараат воведување мерки против Србија доколку се докаже дека има поврзаност со нападот во Бањска на северот на Косово, каде група вооружени и маскирани лица отворија оган врз косовските полицијата кога загина еден полицаец, јави денеска Радио Слободна Европа (РСЕ).

ЗДРАВСТВО Во прераспределбата на Буџетот се предвидени финансиски средства за сѐ она што е потребно за дијабетичарите, за пациентите со церебрална парализа коишто користат „трикафта“ и други медицински средства, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на „Горска“ со министерот за економија Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Додека руските војници го проверувале заробеното украинско беспилотно летало што го заплениле истото експлодирало при што разнело и убило некои од нив. Дронот бил модел на „камикази“ – дронови со крила со долг дострел кои експлодираат при удар. Групата вршела увид и го фотографирала нивниот „трофеј“ кога тој самоексплодирал, при што загинале некои од нив, рече изворот.

*

Според претседателот на Украина, Володимир Зеленски, украинските одбранбени сили напредуваат во правец на Доњецк.

АЛ-ПРЕС

Косовскиот премиер Курти на седница на Владата меѓу другото посочи и дека по документацијата за учеството на потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, во нападот во Бањска, докажано е дека оживувањето на политичкиот плурализам е од витално значење за Србите на Косово. На седницата, владата донесе одлука за доделување финансиска поддршка од 50 илјади евра за семејството на загинатиот полицаец Буњаку.

Ова е само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

МУЛТИКУЛТУРА 

Пендаровски: Историското искуство не научи да не се плашиме од различните, туку да ја прифатиме и почитуваме различноста

Мојановски: Македонското општество и институции имаат јасен концепт во однос на верското и секуларното

СЛОБОДНА ЗОНА

„Пред речиси две недели, новинарот на Недељник, Жељко Пантелиќ, нѐ потсети на една реченица која наводно ја изговорил Јосип Броз Тито. Таа гласи – „тешко им е на оние кои Америка ги брани, а Русија ги храни“. Ако тоа си го преведеме во некаква реалност, излегува дека добро поминувале оние земји што Русија ги бранела, а Америка ги хранела.

Оваа реченица сега делумно нѐ потсетува на фактот дека Ерменија, државата која во историјата целосно се предаде во рацете на Москва, пред сѐ, како кон „бранителка“ и никогаш во ниту еден момент во историјата не посакала да излезе од под сенката на Кремљ, денес, веројатно не по прв пат во историјата, се наоѓа „во небрано“. Пантелиќ во своето утринско експозе оцени дека, по последниот неколкудневен судир меѓу Азербејџан и Ерменија, пораката од актуелната ситуација на Кавказот е дека чадорот што отворено или прикриено им го нуди Москва на земјите кои не се во некои познати одбранбени сојузи како „алтернатива“ – ниту имала ниту ќе има реална вредност“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Судбината на Ерменците е најдобар доказ колку вреди безбедносниот чадор на Москва“!

*

„Случајот Дерала“ и орденот од Зеленски, многу „зорно“ покажува колку е неблагодарно да се биде граѓански активист и медиумски работник, интелектуалец кој не делува од некаков задушлив академско-кабинетски „офис“, туку влегуваш братко мил во бруталното општествено секојдневие, притоа браниш уште и туѓа земја која е нападната од својот прв и крволочен сосед.

Во средина и опкружување кое е фрустрирано не само од менталитетот и силната кастрација од медиумите, само ретки се одржуваат на површина и истрајуваат, не изневерувајќи го својот писателски занает и своите вредности со кои се форматирани. Ангажирани интелектуалци и граѓански активисти како Дерала, никогаш, барем за мене, не се „политички новинари“, а секогаш таквите во ваква средина се сомнителни и прогонувани од семоќната „политика“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Орден за слобода од лидерот Зеленски за нашиот Дерала, или „култура на спори рефлекси“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ