• Latest

24 ЧАСА: Во Новаци отворена најголемата фотоволтаична централа на Балканот; Радоичиќ ја „презеде“ одговорноста за нападот во Косово; Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ шири лаги дека има „канцерогено” млеко од Србија

September 29, 2023
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Во Новаци отворена најголемата фотоволтаична централа на Балканот; Радоичиќ ја „презеде“ одговорноста за нападот во Косово; Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ шири лаги дека има „канцерогено” млеко од Србија

September 29, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски: „ФЕЦ Новаци“ најголемата приватна фотоволтаичната централа на Балканот е чекор напред кон нашата енергетска независност

Најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот „ФЕЦ Новаци“ со капацитет од 55 мегавати и проектирано годишно производство од 85.000 мегават часови електрична енергија, инвестиција на компанијата Меј Енерџи од 40 милиони евра што се простира на површина од 57 хектари во општина Новаци на само 50 метри од одлагалиштето на јаловина од рудникот Суводол, денеска официјално беше пуштена во работа. Централата ќе ги задоволува годишните потреби на 30.000 семејства за електрична енергија.

– Зборуваме за иднината и за нови проекти кои носат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија што значи силна економија и подобар животен стандард за граѓаните. Не случајно не нарекуваат земја на сонцето. Убеден сум дека оваа фотоволтаична централа ќе дава за 20 до 25 отсто повеќе од предвидениот капацитет од 85.000 мегават часови зашто сончевата инсолација во нашата земја е најдобра во однос на сите држави во светот, рече премиерот Димитар Ковачевски во својот говор.

Тој посочи дека оваа земја на сонце која во моментов е пример за енергетска трансформација може да биде најдобриот пример како земја-членка на ЕУ за зелен центар на ЕУ во моментот кога до 2030 година ќе станеме земја-членка на Унијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Поголемата трговска и финансиска интеграција на регионот во европскиот пазар, во изминативе децении беше еден од виталните фундаменти на економскиот раст. Во регионот на Западен Балкан, токму македонската економија има највисоко ниво на трговска интеграција со ЕУ. Но, за македонските граѓани да ги почувствуваат придобивките од Унијата, освен трговска, неопходна е и политичка интеграција – што значи прифаќање и на европските стандарди и критериуми. Затоа, нам, и на земјите од регионот повеќе од кога било порано ни е неопходно натамошно зајакнување, а не намалување на врските со развиените економии, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 9. Меѓународна истражувачка конференција што ја организираат Народната банка и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Милан Радоичиќ преку писмо призна дека стои зад нападот во манастирот во селото Бањска, во северот на Косово. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, во кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“, пренесе РСЕ.

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот врз полицијата во селото Бањска, изјави на 29 септември неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА АХВ: Трипуновски лажно шири паника, нема „канцерогено” млеко со афлатоксин од Србија. „Веста“ на Трипуновски за афлатоксинот во сурово млеко по потекло од една од поголемите млекарници е стара неколку месеци, иако и со неа денес се обиде да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не стасано во прометот, наведува АХВ во реакцијата.

БЕЗБЕДНОСТ НАТО денеска соопшти дека одобрило распоредување дополнителни сили во Косово поради актуелната ситуација.

ГОВОР НА ОМРАЗА Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија (коалициски партнер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ), и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, во контекст на вооружениот инцидент во Косово на 24 септември, објави фотографија на својот Фејсбук-профил со графит кој гласи „Знам јас што ве убива, Косово е Србија“.

Во прилог на фотографијата, Стоиљковиќ напиша: „Слава на Србите од Косово и Метохија кои ги дадоа своите животи во одбрана на своите домови и родната земја од зголеменото угнетување и тиранија од страна на властите на шиптарскиот окупаторски режим. Почивај во мир и ти, албански полицаецу“. 

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украина избрана во Бордот на гувернери на МААЕ, амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за поддршката.

*

Во септември, вооружените сили на Украина извршија неколку прецизни ракетни напади врз руски воени објекти во анектираниот Севастопол. За време на воздушниот напад во градот тие ја вклучуваат сирената, но граѓаните во привремено окупираниот Севастопол немаат каде да се сокријат од опасноста. Засолништа за бомби нема воопшто, или се заклучени или се несоодветни за престој на луѓето. Руските окупаторски власти се ослободија од одговорноста за подготовката на засолништата, наведувајќи ја високата цена. Непружањето на засолниште на локални жители за време на бомбардирање се смета за воено злосторство. Ова е само уште едно во низата руски воени злосторства во привремено окупираните територии во Украина.

АЛ-ПРЕС

Косовската полиција соопшти дека денеска спроведува проверка во пет различни локации на северот, со присуство на обвинителот на косовското обвинителство на местото на настанот. Дијалогот за формирање „Заедници“ во Косово е најпаметно да го води САД, според косовкста претседателка Вјоса Османи и американскиот политички аналитичар и професор Едвард Џозеф.

Ова се само извадоци од дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од денешните содржини во албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

МУЛТИКУЛТУРА

Алаѓозовски: Сите извештаи покажуваат дека свесноста за мултукултурализмот во земјава е подигната на повисоко ниво

Тренчевска: Политиките треба да бидат насочени не кон полова, туку кон родова еднаквост

Маричиќ: Бошњаците се важен дел од македонскиот културен мозаик, заедно градиме европско и демократско општество

Придонесот на Бошњачката заедница во економскиот, културниот и општествениот живот во земјава е мошне значаен. Нивното учество во сите значајни државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата и истовремено доказ за мултикултурното и мултиетничко општество во кое живееме, истакна вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Гужви и разочарување во белата палата на вмровците. Членови на ВМРО-ДПМНЕ го обвинувале Мицкоски, дека повторно биле изиграни од него и од потесното раководство на партијата и бараат одговорност, дознава АХА.

„Шефе, СДСМ пак нè насамарија. Не отепаа со фотографиите од вчерашниот координативен состанок на стратешкиот тим на СДСМ. Заев и Ковачевски рамо до рамо покажаа единство. Паднаа во вода сите ваши шпекулации дека овој кумувал со Груевски, другиов потпалувал… и што ти знаеме што сè не се обидовте да изманипулирате“, реагирале истакнати членови на ДПМНЕ во седиштето на вмровците.

Мицкоски безуспешно се обидел да ја амортизира атмосферата.

-Ама тоа е само една епизодо, кога ви велам. Заев кумувал со Груевски, изворот од Будимпешта никогаш не ме излажа, се правдал Мицкоски“, пишува РИБАРО во сатирата насловена „Шефе, СДСМ пак нè насамарија – покажаа единство, ни паднаа во вода сите манипулации“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ