• Latest

Здравството, миграцијата, недовербата во институциите, Украина и климата теми на дезинфомациските наративи во Европа

October 12, 2023
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Здравството, миграцијата, недовербата во институциите, Украина и климата теми на дезинфомациските наративи во Европа

October 12, 2023 09:16
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Теми поврзани со здравството, миграцијата, недовербата во институциите, војната во Украина и климатските промени се главните наративи, кои го сочинуваат пејзажот на дезинформации во Европа. Оние кои стојат зад нив пронаоѓаат се покреативни начини за нивно ширење, а особено се интензивираат во предизборни периоди.

Ова беше заклучокот од една од дискусиите на годишната конференција на ЕУ Дисинфо лаб, посветена тема „Дезинформациски трендови и студии на случаи“, која се одржува вчера и денеска во Краков, со учество на над 300 реномирани професионалци од целиот свет од различни области поврзани со работата на медиумите и борбата против пропагандата и дезинформациите, јави специјалниот известувач на МИА од Краков.

Марија Џовани Сеса од ЕУ Дисинфо лаб истакна дека до овој заклучок дошле собирајќи податоци од земјите-членки на ЕУ, а досега успеале да ги сумираат податоците за дезинформативни наративи кои се повторуваат и допираат до граѓаните, но и креаторите на политики во Австрија, Белгија, Бугарија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија, Словачка, Шпанија, Шведска и Холандија. Најави дека наскоро ќе се објават податоците и за останатите држави.

Дезинформации поврзани со Северна Македонија, односно нејзиното членство во ЕУ се регистрирани во Бугарија. Во истражувањето на ЕУ Дисинфо лаб се нагласува дека во изминатите две години во Бугарија пет пати се одржуваа избори, што заедно со корупциските скандали довело до намалување на довербата на граѓаните во институциите, поради што се отежнува премостувањето на општествените и политичките поделби.

Оваа недоверба во официјалните институции и зголемените општествени поделби се идеална почва за дезинформации, се вели во истражувањето и се додава дека главните дезинформациски наративи во бугарското општество циркулираат околу пет теми – војната во Украина, анти-ЕУ сентименти, електронското гласање и технологијата, зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ и обидите да се реинтепретира бугарската историја и дезинформации поврзани со родови прашања.

Главна „инспирација“ за дезинформации, кај нашиот јужен сосед се трагичната железничка несреќа од 28 февруари, војната во Украина и пандемијата на Ковид-19. Истражувањето посочува дека предизвиците, со кои се соочува грчкото општество се намалувањето на довербата во медиумите, недостигот на независни медиуми, но и повеќегодишното штедење и кратење, кое довело до колапс на приходите од реклами и ги принудило медиумите кон бизнис моделот на  ловење кликови. Според Светскиот индекс на слободата на медиумите за 2023 Грција е на 107-та позиција и е најниско рангирана од европските држави.

Главните дезинформациски наративи во Грција циркулираат околу пандемијата на Ковид-19, Војната во Украина, енергетската криза и анти-мигрантската реторика.

Алехандро Ромеро, директор на Констела интелеџенс, компанија за кибер безбедност нагласи дека денес во светот дезинформациите се врвот на агендата за справување со ризици.

Ромеро потенцира дека дезинформациите се поврзани со ерозијата на социјалната кохезија, тие се алатка во рацете на геполитички агенти за пропагирање екстремистички верувања и за фалсификување на изборите, напредокот на технологијата овозможува дезинформациските напади да бидат многу поагресивни и покоординирани, а исто така се сметаат и за силен предизвикувач на останатите ризици, влучувајќи го и економскиот.

Поради брзиот развој на технологијата, според него е потребно зајакнување на дигиталните и кибер вештини кај професиите поврзани со медиумите, кои мора да ги следат новите трендови.

Конференцијата во Краков вчера ја отвори претседателката на ЕУ Дисинфо лаб, Диана Валас, која посочи дека е мошне важно професионалната заедница во оваа сфера да создаде заштитен механизам во справувањето со дезинформациите.

Таа нагласи дека процесите се менуваат, особено изминатите две години и тоа не секогаш на подобро, имајќи ги предвид актуелните геополитички случувања и поврзаноста со дезинформациите, кои се користат како една од алатките за предизвикување кризи.

Го потенцира значењето од имплементирање на Законот за медиумска слобода, кој беше поддржан од Европскиот парламент со цел да се одбрани плурализмот и независноста на медиумите и доверливоста на изворите, но и да се обезбеди поголема транспарентност во сопствеништвото на медиумските компании. Сепак ја истакна и дискрепанцата, која постои меѓу него и Дигитал сервис актот, за која посочи дека мора да се најдат начини работите да се приближат и да се избалансираат.

-Ги цениме слободните медиуми, но и слободните медиуми имаат потреба од поддршка за да бидат слободни и да бидат заштитени од лошите играчи, рече таа и додаде дека има конфликт во текстовите меѓу двата акта, но потребно е да бидеме ефикасни за да се надмине таа дискрепанца.

Учесниците на дводневната конференција дебатираат за најразлични аспекти од сферата на борбата против дезинформации. Се говореше и за руско-украинската криза и нејзината поврзаност со пропагандата. Учесниците нагласија дека од 2014 година, конфликтот меѓу Украина и Русија ја истакнал еволутивната природа на војувањето, бидејќи се појавуваат нови информативни димензии, кои играат значајна улога во војувањето како и фактот дека современото војување подразбира иноформациско војување.  Се говореше и за импактот, кои го имаат 18-месечните санкции врз руските дезинформациски актери.  Кусо по руската воена агресија врз Украина, ЕУ го санкционираше руските дезинформациски медуми. Учесниците разговараа за улогата на граѓанското општество во идентификувањето на ентитетите кои може да се санкционираат, влијанието на санкциите врз информативниот простор и како руската пропаганда ги преуредила своите активности како одговор.

Учесниците дебатираа и за вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз вистината, дезинформациите и нашата перцепција за реалноста, но и за потребата од поддршка на менталното здравје во услови на информациска војна, особено на оние, кои поради природата на професијата се поизложени на онлајн напади.

-Нашата заедница постојано е изложена на насилна содржина, онлајн злоупотребување, физички закани, тужби или други видови „професионални опасности“ како што се истоштеност од работа. Потребно е да изградиме посилен систем за поддршка на менталното здравје со цел нашата работа да биде одржлива, наведоа учесниците.

На годишната конференција на ЕУ Дисинфо лаб, во организација на Институтот а комуникациски студии освен МИА, учствуваат и МТВ и Макфакс. ЕУ Дисинфо лаб е независна непрофитна организација, која собира знаење и експертиза за дезинформации во Европа. Преку здружување на истражување, истражувачка работа, ЕУ Дисинфо лаб е активен член и ја поддржува огромната заедница која помага да се откријат, да се решат и да се спречат дезинформациите што го загрозуваат интегритетот на граѓаните и демократските вредности. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформации
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ