• Latest

Австрискиот амбасадор Памер: За Северна Македонија предлагаме забрзана интеграција за пристапување во фази пред затворање на сите поглавја

October 12, 2023
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на РТВ

Едно лице се удави, деветмина спасени при превртување на чамец во Дунав – сите кинески државјани

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Австрискиот амбасадор Памер: За Северна Македонија предлагаме забрзана интеграција за пристапување во фази пред затворање на сите поглавја

October 12, 2023 20:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нема смисла да се чека на секој параграф, аспект или било која друга обврска да биде исполнета за да кажеме сега можете да станете членка на ЕУ. Многу подобро е да ги вклучиме нашите партнери таму каде што веќе ефикасно придонесуваат, учествуваат и на тој начин да ги уживаат погодностите на ЕУ. Значи станува збор за постепена интеграција. Можеби 2030 година за некои земји е прерано, а за некои може да е и предоцна. Но, важно е да имаме предвид каде одиме, да продолжиме и да забрзаме, вели во интервју за Рацин.мк амбасадорот на Австрија во Скопје Мартин Памер.

Амбасадорот Памер открива повеќе деталји за документот „Забрзување на постепената интеграција за Западен Балкан“ што минатата недела му го врачи на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Нонпејперот кој во име на Австрија е доставен и до највисоките претставници и институции на ЕУ, се совпадна со неформалниот самит на ЕУ во Гранада, на којшто проширувањето беше една од двете централни теми заедно со мигрантската политика, препорачува забрзување на процесот за пристапување на Западен Балкан во ЕУ, односно за постепено пристапување.

– Да кажам поедноставно, тоа значи да им овозможиме на нашите партнери од Западен Балкан, односно на Северна Македонија, да учествува со поголемо вклучување и во повеќе програми и форуми на ЕУ, таму каде што може да партиципира и каде што има смисла. Тоа практично значи да се подобри процесот на евроинтеграција“, истакнува Памер.

Тој нагласува дека „досега процесот беше базиран на исполнување на обврските од поглавје во поглавје којшто беше прилично бавен со мали резултати од аспект на гледната точка на граѓаните“.

– Сега сакаме тој процес да го забрзаме. Зошто? Затоа што сега зборуваме за комплетно промената геостратегиска ситуација во Европа, но најмногу и заради тоа што нашите партнери во регионот, поточно Република Северна Македонија заслужуваат да бидат дел од ЕУ, потенцира Памер.

Амбасадорот на Австрија во земјава се согласува дека документот кој препорачува забрзување на процесот за евроинтеграција на Северна Македонија се поврзува со најавата за новото проширување на ЕУ во 2030 година.

– Неопходно да се одреди датум за да се добие одредена перспектива затоа што процесот е веќе предолг и од стратешка гледна точка потребно е се забрза процесот. Нема смисла да се чека на секој параграф, аспект или било која друга обврска да биде исполнета за да кажеме сега можете да станете членка на ЕУ. Многу подобро е да ги вклучиме нашите партнери таму каде што веќе ефикасно придонесуваат, учествуваат и на тој начин да ги уживаат погодностите на ЕУ. Значи станува збор за постепена интеграција. Можеби 2030 година за некои земји е прерано, а за некои може да е и предоцна. Но, важно е да имаме предвид каде одиме, да продолжиме и да забрзаме“, вели амбасадорот Памер.

Тој смета дека овој процес не смее да се одлага и дека тоа се однесува и на земјата и на ЕУ.

– Многу добро знаеме дека за секоја земја од регионот одлагањето на евроинтеграцискиот процес значи проблеми. Во однос на Северна Македонија уставните измени се суштинско прашање. Од широка перспектива тоа прашање тоа е домашно прашање кое треба да биде завршено пред изборите следната година. Многу подобро е таа работа да се заврши сега отколку да се одлага, посочува во интервју за Рацин.мк амбасадорот на Австрија Мартин Памер

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АвстријаЕУПамер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ