• Latest

ДС: ВМРО-ДПМНЕ уценува, се заканува, но и корумпира со понуди за вработувања!

November 8, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДС: ВМРО-ДПМНЕ уценува, се заканува, но и корумпира со понуди за вработувања!

November 8, 2016 16:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократскиот сојуз обвинува дека се случуваат координирани и организирани притисоци врз нивни членови од функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои, покрај заканите и уцените, нудат и предизборни ветувања за вработувања на „лојални“ кадри коишто би извршиле трансфер во нејзините редови. 

„Методите на притисоци главно се сведуваат на коруптивни понуди за вработување или за напредување во кариерата, или пак, преку класични уцени и закани, при што, од членовите на Демократскиот сојуз се бара јавно да се дистанцираат од политиките на партијата и декларативно да преминат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на Демократскиот сојуз, партија која беше дел од владеачката коалиција, а на претстојните вонредни, парламентарни избори, закажани за 11-ти декември 2016 година, ќе настапува како опозиција.

Партијата обелодени во јавноста дел од притисоците врз нивните членови, а лидерот Павле Трајанов, неофицијално, ни најави и објавување на сите притисоци, со конкретни имиња и презимиња, во блиска иднина.

dscn7689

„Под притисок на функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Советникот на ДС во Советот на Општина Прилеп, со ветување дека неговата ќерка ќе биде вработена од ВМРО-ДПМНЕ, на 04 ноември 2016 одржа прес–конференција на која соопшти дека ќе премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот во Собранието на Република Македонија, од Кичево и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, на претседателот на ДС – Кичево,  му нуделе вработување и унапредување на наши членови, под услов јавно и декларативно да се дистанцираат од политиките на ДС и истите да преминат во ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот и секретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, на претседателот на ДС-Струга, му нуделе вработување, доколку јавно ги осуди политиките на ДС и премине во ВМРО-ДПМНЕ.

На 03 ноември 2016, на кандидатот за пратеник на ДС од Радовиш, градоначалникот на Општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, му понудил вработување на неопределено работно време, под услов да се пасивизира и да ја повлече кандидатурата за пратеник на ДС.

Во периодот од неколку месеци наназад, на претседателот на ОО на ДС – Аеродром и советник во Советот на Општина Аеродром од редовите на ДС, во неколку наврати му биле нудени одредени бенефиции од координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на ОО на ДС Кисела Вода, од претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, била убедувана да премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ОО на ДС на Штип, како и неговото семејство, се под постојан притисок од локалната администрација и од членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, а неговата приватна фирма е под постојани инспекциски контроли. Тој беше вработен во ЈП ‘Ирис’, но договорот за работа не му го продолжија, бидејќи не прифатил да одржи прес-конференција и да премине во редовите на ВМРО–ДПМНЕ.

Во јануари оваа година, на претседателот на ОО на ДС од Неготино, градоначалникот на Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од неговиот мобилен телефон му покажал СМС-порака испратена лично од актуелниот премиер, во која било наведено упатство како да се заслабнат редовите на ДС. Притоа, му било сугерирано да премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а неколку месеци подоцна (поради учество на протестите) бил деградиран за два степена од работното место во Општина Неготино“, пишува, меѓу другото, во соопштението до јавноста на Демократскиот сојуз

Од партијата велат дека сите притисоци врз нивните членови се нотирани и за тоа ќе ги известат Министерството за внатрешни работи, Државната изборна комисија, ОБСЕ, ОДИХР и дипломатските претставништва.

Ако вакви притисоци и непристојни предлози им се случуваат на членовите на довчерашниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, што да очекуваат до изборите од власта, политичките противници до опозицијата, граѓанските активисти, малубројните независни интелектуалци, преостанатите професионални новинари, маргинализираните ранливи категории граѓани…?

Д.М.

 

 

 

Tags: вработувањаДемократски сојузизборипредизборни притисоципритисоци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ