• Latest

Трпевски: Кај нас, една од темелните вредности на нашиот уставен поредок, меѓу другото, е и хуманизација на просторот и заштитата на животната  средина

October 24, 2023

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Трпевски: Кај нас, една од темелните вредности на нашиот уставен поредок, меѓу другото, е и хуманизација на просторот и заштитата на животната  средина

October 24, 2023 12:42
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За тоа колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, постои ли политички консензус околу зелените прашања, се отворени теми и прашања на кои ќе говорат учесниците на денешниот, говореше Бојан Трпевски од Здружение на млади правници на панелот на Зелен Цивил на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“,  кој посочи дека е добро што се спомна урбанистичкото планирање, и колку всушност урбанистичкиот хаос  влијае на нашите животи и генерално на состојбите со животната средина.

Она што јас го гледам како механизам, или институција што треба да се бави со овие работи, да се гледа дали урбанистичкото планирање нам ни овозможува доволно услови за квалитетен живот и животна средина во која ќе можеме квалитетно да опстојуваме, би рекол дека е тоа Уставниот суд, вели Трпевски.

Тој се осврна и на хуманизација на просторот и заштитата на животната  средина како темелни вредности на нашиот уставен поредок.

„Кај нас, една од темелните вредности на нашиот уставен поредок, меѓу другото, е и хуманизација на просторот и заштитата на животната  средина, и ова како начело и темелна вредност на нашиот уставен поредок, не би требало да остане само на хартија, туку треба сите политики, вклучително и урбанистичките планови да се гледаат низ призма токму на хуманизацијата на просторот и заштитата на животната средина.“, дополни Трпевски.

Трпевски го посочи Уставниот суд како една од главните државни институции чија надлежност и обврска е  надгледување и грижа за животната средина на граѓаните.

„Она што ние го имаме забележано досега, е дека генерално, позицијата на Уставниот суд за овие прашања, е пред се од аспект на тоа како се донесувале урбанистичките планови, дали постапката била спроведена во согласност со законот, дали имало учество на јавноста, дали е објавен урбанистичкиот план… Меѓутоа, забележуваме дека во април оваа година, Уставниот суд реши, да речеме, малку да го промени своето стојалиште, би рекол во позитивна насока, и премина кон оценување, дали , на пример во Карпош еден ДУП, е во согласност созаконот за урбанистички план. Сите го знаеме случајот со идејата да се изгради бензинска пумпа, на место каде што со генералниот урбанистички план, не било предвидено градење на таква градба. Можеби ова е почетна точка за прераснување на Уставниот суд во вистински заштитник на тие темелни вредности, кои треба да бидат основа на сето она како кај нас се одвиваат работите“, вели Трпевски.

Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

М. Д.

Tags: „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“Здружение на млади правнициЗелен форумЗелен Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ