• Latest
Фото: Министерство за култура

Костадиновска-Стојчевска и Лорд Пич: Културата е цврст темел на трајното пријателство во македонско-британските односи

October 25, 2023

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска и Лорд Пич: Културата е цврст темел на трајното пријателство во македонско-британските односи

October 25, 2023 22:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КУЛТУРА
Фото: Министерство за култура

Фото: Министерство за култура

Share on FacebookShare on Twitter

Кралскиот колеџ во Лондон вечерва е централното место каде што се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Во организација на Амбасадата на Северна Македонија со поддршка на Министерството за култура, овој важен историски датум се одбележува со концерт на пијанистот Дино Имери, кој настапува со познатиот хрватски пијанист Ведран Јањанин.

Пред присутните гости, меѓу кои беше и специјалниот пратеник за Западен Балкан на британскиот премиер, Лорд Пич, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека чинот на воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји отвори ново поглавје во нашето пријателство, взаемно почитување и искрена поддршка која ја добиваме од денот на нашата независност, на нашето осамостојување.

-Обединетото Кралство, како постојан член на Советот за безбедност, драгоцен поддржувач на нашиот прием во Обединетите нации, вложи искрени напори во надминување на спорот со соседна Грција и беше силен поборник за нашиот кандидатски статус во Европската унија. Тоа и се случи. Статусот го добивме во 2005-та година, за време на британското претседавање со Унијата. Во Лондон, практично, станавме и 30 членка на НАТО, – рече Костадиновска-Стојчевска.

Во изминативе 30 години остварени се голем број соработки во сите области, но министерката додаде дека Лондон, како моќен светски политички и економски центар, е предизвик и за културата.

-Да се освои и да се остави трага во него, е повеќе од престиж. Оттаму, нема да ја сокријам амбицијата дека сакаме да ја продолжиме и зајакнеме соработката во културата и уметноста, да ги исползуваме можностите од Спогодбата за соработка и во областа на културата, спогодба која е на сила од пред 2 децении, како и ползата од бројните билатерални договори за соработка во културата. Британската публика, позната по својот истенчен и пребирлив вкус за уметноста, со забележлив интерес ја проследи поставката на Археолошкиот музеј на изложбата „Религиите во големите империи“ во „Ашмолеан“ музеј во Оксфорд“, истакна министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска пред аудиториумот во Кралскиот колеџ потсети дека македонската современа ликовна сцена беше претставена на изложбата „ Made in Macedonia“ во Лондон. На фестивалот „Globe to Globe“ настапи Народниот театар од Битола со „Хенри VI“ на македонски јазик, а организаторите го оценија како еден од најдобрите на фестивалот. Изминативе години пред лондонската јавност на Катедрата за славистика на престижниот Универзитетски колеџ беше промовирана едицијата „130 тома македонска книжевност“ преведена на англиски јазик.

Во лондонските престижни концертни сали, настапите на нашиот виртуоз Симон Трпчески секогаш се наградени со долготраен аплауз.

-Земјата на Шекспир беше дом и на нашиот модерен Шекспир, Горан Стефановски. Тој, и оваа вечер би ја направил посебна. Но, Северна Македонија во изминатите години со задоволство беше домаќин и на бројни британски уметници на ликовната колонија во Галичник, Скопскиот џез фестивал, во Националната филхармонија, на Охридско лето, на Струшките вечери на поезијата“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа го истака и значењето на преводите на делата кои од англиски јазик, преку Министерството за култура се поддржуваат и се достапни на македонски, како и соработката во кинематографијата, преку Агенцијата за филм.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска зборуваше за големиот број македонски иселеници и студенти кои престојуваат во Обединетото Кралство и додаде: „На наше големо задоволство, на една од најпрестижните образовни институции во Обединетото Кралство каде се изучуваат словенски јазици – Универзитетскиот Колеџ во Лондон, по пауза од 18 години, од 2019 година повторно се изучува македонскиот јазик. Им изразувам благодарност на сите кои работеа и успеаа во овој предизвик, особено на тогашните наши дипломати во амбасадата во Лондон. На оние кои ја посетуваат наставата им посакувам со лесно да го научат убавиот македонски јазик“.

На оваа свечена вечер за билатералните односи со Обединетото Кралство, гостите ги поздрави и специјалниот пратеник за Западен Балкан на британскиот премиер, Лорд Пич, кој е голем и искрен пријател на Северна Македонија и одличен познавач на приликите во земјава и во регионот.

„Во изминативе 30 години, исто така ве поддржуваме и во сериозните активности, како што е приклучувањето на земјата во НАТО. Имав огромна привилегија да бидам присутен и на тој чин на приклучување во НАТО во 2020 година. Тој е ден којшто никогаш нема да го заборавам. Значи станува збор за една многу сериозна релација помеѓу нашите земји, којашто постојано се развива, меѓу кои се трговската размена и постојаното зајакнување на соработката во делот на културата. Како што е на пример програмата за културна размена којашто е извонредна и многу малку земји се на нивото на оваа соработка и размена која што имаат нашите две земји. И ова е израз на почитта која што ние ја имаме кон жителите на вашата убава земја. Јас ја имам таа првилегија често да ја посетувам вашата земја и секогаш сум импресиониран од квалитетот којшто младите луѓе го поседуваат, на нивната енергија, на ентузијазмот на работата. И секако дека вечераниот настан ќе биде само уште еден дополнителен настан на овој долг список на успешна соработка и големи успеси, како што е овој музички концерт“- рече во своето обраќање Лорд Пич.

Вечерта продолжи со концертот на пијанистот Дино Имерии со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, а на програмата беа  дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски и Дијана Имери-Илкоска.

Културната програма  беше заокружена во македонската амбасада во Лондон, со изложба на 17 уметнички дела на уметницата Жанета Гелевска- Жани, создадени во последниве неколку години во оваа светска културна метропола, информираат од Министерството за култура.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ