Фон дер Лајен во Скопје
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во придружба на делегација на Европската Комисија, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Ковачевски и Фон дер Лајен одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше билатерален состанок на двете делегации.
Теми на разговор беа процесот на евроинтеграции на државата, скрининг процесот и реформите во државата како и преставување на Планот за раст на земјите од Западен Балкан и останатите отворени прашања на Западен Балкан и состојбите во регионот. По завршувањето на билатералниот состанок на делегациите, Ковачевски и Фон дер Лајен одржаа заедничка прес-конференција.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од Западен Балкан, затоа што ова е навистина прозорец на можности којшто сега е отворен. Овој процес не е толку строг, тој се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, може да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е важно. Има прозор на можности кој е отворен и ајде заедно да го искористиме“, додаде Фон дер Лајен одговарајќи на новинарско прашање дали ЕК го разгледува француско-германскиот предлог за реформа на ЕУ и дали 2030 година, на заедничката прес конференција со Ковачевски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
– Амбасадорката на Украина Лариса Дир преку објава на Х изрази искрена благодарност до нашата држава и до Државниот секретар на Министерството за надворешни работи Филип Тосевски и до Крум Ефремов за учеството на Северна Македонија на Третиот состанок во Малта кој се одржува во периодот 28-29 октомври.
– Руската агресија врз украинските цивилни објекти и инфраструктура во повеќе региони во Украина во изминативе 24 часа според извештаите на Укринформ, резултира со цивилни жртви, повредени, уништени домови и евакуирани деца.
– Русија егзекутира војници кои се обидуваат да се повлечат од крвавата офанзива во источна Украина, соопшти Белата куќа. Според САД, некои од жртвите што ги претрпе Русија во близина на Авдивка биле „по наредба на нивните лидери“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРАВДА Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за 26 физички и 28 правни лица осомничени за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари.
РЕЗОЛУЦИЈА Одлучивме да гласаме воздржано затоа што резолуцијата ги адресира хуманитарните прашања со што се согласуваме и ги поддржуваме, но не и терористичкиот акт што Хамас го направи на 7 октомври, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
ПРОМОЦИЈА Вон фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“ се темите во публикацијата на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) што авторите ја промовираа денеска во Скопје.
ГРЕЕЊЕ Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител зборуваше за зголемувањето на цената на парното греење.
ШТРАЈК Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Седми ден од штрајкот на рударите на Трепча; нема транспарентност на судењата на поранешните лидери на ОВК; Кернс повика на отстранување на мерките за Косово
СВЕТ
– Илјадници про-палестински демонстранти ги преплавија улиците во ЊуЈорк во знак на поддршка на Палестинците во Газа. Толпата ги блокираше улиците и мостот во Бруклин во саботата, еден ден откако израелската војска навлезе во Газа, повикувајќи ја американската влада да престане да испраќа помош во Израел.
– Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс се повлече од претседателските избори во САД во 2024 година
– Централниот совет на Евреите во Германија го обвини климатското движење на Грета Тунберг за „демонизирање на Израел“ и поддршка на Хамас.
– Бројот на загинати во Појасот Газа се искачи на 8.306 луѓе, од кои 3.457 се деца
ПРОПАГАНДА
– Поради анти-израелската пропаганда на Путин запален еврејски центар во Дагестан, толпата упадна на аеродромот во Махачкала барајќи Евреи на летот од Тел Авив.
„Се чини дека војната помеѓу Израел и терористите на Хамас им отвори ново поле за докажување на „високите квалитети“ и “ екстраординарните способности“ на руските пропагандисти. Со извонредно напрегање на „сивите мозочни келии“, тие успеаја да создадат лажни објави за рекламна кампања на Менхетн „нарачана“ од Украина против помош на САД за Израел, израелските тенкови во Газа ги „накитија“ со руски симболи, а западното оружје од Украина го „донираа“ на милитантите на Хамас.“, пишува Драган Мишев во анализата „Лажните наративи на руските пропагандисти: Украинците „нарачуваат“ реклами против помошта на САД за Израел, израелските тенкови со „руски симболи“ во Газа“.
ГОВОР НА ОМРАЗА
Бизарен тренд го зафати TikTok каде Израелците се потсмеваат со изгледот на Палестинците, со разурнатите домови во Газа, со фактот дека немаат струја, вода, лекови, а некои дури и ги споредуваат со кучиња. На видеата може да се види дека и родителите ги тераат своите деца да учествуваат во овој нехуман тренд – „Хехенца на Тик Ток за страдањата на Палестинците“.
АНАЛИЗА
„Разузнавачките сознанија и анализи упатуваат на тоа дека Хамас ужива во благословот на Техеран и Москва, почнувајќи од политичката Поддршка, сѐ до испорака на оружје и пружање друг вид техничка и воена помош и обуки за припадниците на една од најголемите терористички организации во светот.
Октомври 2023. Мора да се признае мрачниот талент на Путин да произведе или барем да поттикне и забрза криза што ќе предизвика поларизација во светот.
Израелско-палестинскиот конфликт, кој трае повеќе од седум децении, отсекогаш бил поларизирачки и имал потенцијал да ги разместува фигурите на политичката шаховска табла на светот“, пишува Џабир Дерала во првиот дел од анализата „Крвави геостратешки игри (1): Мрачниот талент на Путин“.
Подготви: Д. Тахири