• Latest
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Шукова: Во план е воведување комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци од граѓаните

November 1, 2023

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Шукова: Во план е воведување комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци од граѓаните

November 1, 2023 12:19
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Потребна е поголема јавна свест отколку казнување, но се размислува и за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните. Ова е одговорот на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на новинарско прашање за подолгорочно решение со справување на несовесноста на граѓаните кои постојано фрлаат отпад, пренесе МИА.

-Контрола има постојано. Јас мислам дека ни е проблемот казнувањето. Кога одиме во земјите на ЕУ, кога ќе помине нашата граница за жал, поинаку се однесуваме. Мислам дека, како што се однесуваме во тие земји треба да се однесуваме и дома. Не е прашањето дали треба да се казнуваме. Треба да ја подигнеме малку јавната свест, дека фрлајќи го отпадот ние си правиме штета самите на себе, бидејќи ние тука живееме, ние тука опстојуваме, тука ќе живеат и нашите деца, вели Шукова.

Таа посочи дека се планира нова мерка, воведување комунална полиција што ќе може да изрекува казна на лице место.

„Планираме една активност, како една нова мерка, да речеме, зборуваме подолго време да се воведе комунална полиција во државата. Таа ќе може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место, истакна министерката од тетовското село Туденце по теренска посета каде почнуваат работите за санација и регулација на коритото на горниот тек на река Вардар.“

Таа потенцираше дека не е проблемот дали државата и локалните власти ќе интервенираат и ќе чистат, туку чистото така да остане. Особено тоа важи за местата како националните паркови, за каде е воспоставена пракса да се чистат депониите, но повторно се формираат.

-Јас апелирам постојано да почнеме, особено кај речните текови да не се фрла отпад, да не се фрла особено градежен шут бидејќи еве и кај каналите потоа имаме проблем со одводнувањето, потоа имаме проблем со поплавите, бидејќи водите нема каде да се движат. Да бидеме малку поодговорни. Кога се чистеа депониите, дивите депонии коишто за жал ги создале граѓаните, видовме дека мечката веќе не полека се поретко се симнува во населените места близу националниот парк. Тоа е знак дека особено во националните паркови да не создаваме отпад, истакна министерката.

Шукова рече дека долги години работи во Министерството и знае колку пари годините наназад  државата како помош ги финансира локалните самоуправи за чистење на многу локации каде што имало диви депонии.

-Праксата покажува дека за неколку месеци исите локации повторно се полнат со отпад.  Тоа е народно кажано фрлање на пари. Ако не се научиме дека таму каде што ќе исчистиме дека не треба повторно да фрламе отпад, ефектот на чистењето на дивите депонии е минимален, рече Шукова.

Во Туденце почна расчистување на речното корито на Вардар како една од мерките за спречување на поплави.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ