• Latest

24 ЧАСА: Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна; Израел има должност и законска обврска да ги заштити цивилите на Западниот Брег; парламентарни избори ќе има кога ќе се постигне договор за датум

November 1, 2023
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна; Израел има должност и законска обврска да ги заштити цивилите на Западниот Брег; парламентарни избори ќе има кога ќе се постигне договор за датум

November 1, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Совет за безбедност: Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување

Безбедносната состојба во државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување, е заклучок од денешната 19. Седница на Советот за безбедност, на која се разговарало за безбедносната состојба во земјава и во евроатлантскиот регион.

Надлежните претставници на институциите, како што се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот, информирале за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово.

На седницата на СБ била констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Стано: Израел мора да ги заштити Палестинците на Западниот Брег од нападите на еврејските доселеници

Израел има должност и законска обврска да ги заштити цивилите на Западниот Брег од насилството на еврејските доселеници и да побара одговорност од сторителите на нападите. Ситуацијата може да излезе од контрола и предизвикува неописливо страдање на локалните заедници. Потребни се итни мерки. Израел има должност да ги заштити цивилите на Западниот Брег од насилството на доселениците-екстремисти, да бара одговорност од сторителите и да се погрижи да интервенираат Израелските одбранбени сили. Тоа е законска обврска што мора да се исполни, порача портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Блинкен и Остин пред сенаторите: Путин ќе победи ако финансирањето на Израел се одвои од Украина

Шефовите на Стејт департментот и Пентагон во вторникот ги предупредија сенаторите дека доколку пратениците одобрат финансирање за Израел, но не и за Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе победи.

Вашингтон не треба да се двоуми, време е да се скрши кичмата на руската армија во Украина

Неодамна во Украина се акумулираше голема вознемиреност поради напнатиот спектакл околу изборот на претседателот на Претставничкиот дом. Како што беа предложени повеќе номинирани, единственото нешто на што беа фокусирани луѓето во Украина беше нивниот претходен рекорд за прашањата за помошта во Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕЗБЕДНОСТ Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

ИЗБОРИ Кога ќе се постигне договор за точниот датум за претседателски и парламентарни избори, јавноста ќе биде информирана. Согласно законот 100 дена пред одржувањето на Парламентарните избори ќе се формира техничка Влада, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ Во план е воведување комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци од граѓаните, посочи министерката за животна средина, Каја Шукова.

СУДСКИ РЕФОРМИ Во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот совет. Во работната група, информираа денеска од Министерството за правда (МП), ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област.

СВЕТ

Јеменската милиција Хути во вторникот презеде одговорност за обид за напад врз јужен Израел, велејќи дека лансирала „голема серија“ балистички и крстаречки ракети, како и беспилотни летала кон израелски цели, пренесува Њујорк Тајмс.

*

Во израелски воздушен напад загинаа десетици луѓе во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа. Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека загинале 50 луѓе, а 150 се ранети. Но, блиската болница соопшти дека има 400 жртви, вклучувајќи 120 мртви. Сликите покажаа неколку големи кратери, опкружени со срушени згради.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Објавен предлог статутот за Заедницата; рударите на Трепча казнети по дневници; Србија не ги бара своите граѓани уапсени во Косово; екстремната десница во Албанија во подем

СЛОБОДНА ЗОНА

„Суштината на говорот на шефицата не бриселската администрација во Скопје не беше молба да влеземе во возот за Унијата, туку само едноставно објаснување дека билетот треба сами да си го купиме и за тоа одлучуваат тукашните  граѓани преку своите политичари: Нема никаков притисок, ама нема ниту молба, освен желбата да си размислиме можеби за последен пат за опцијата за иднината. И толку. Директивите за медиумите од Палатата „Христо Татарчев“ беа како во времето на Павел Шатев: Европа е ваква или онаква, ама ние не се даваме. Нема да влеземе во возот, а вие во Брисел мислете му ја без нас!’, пишува Љубомир Костовски во анализата „МЕДИУМИТЕ И ПОРАКИТЕ ОД ЕУ: Многу строга директива“.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ