• Latest
Фото: МИА

Застарува ТНТ, измените на КЗ го спасија Груевски од уште 9 години затвор, ќе куртулат и Јанакиески и Трајковски

November 6, 2023
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Застарува ТНТ, измените на КЗ го спасија Груевски од уште 9 години затвор, ќе куртулат и Јанакиески и Трајковски

November 6, 2023 15:07
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната во случајот „ТНТ” денеска од Судечкиот совет на Апелациониот суд Скопје побара одбивателна пресуда поради апсолутна застареност на делото.

Во своето излагање на денешната јавна седница во Апелација, адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Миле Јанакиески, посочи дека постои апсолутна застареност од кривично гонење.

-Со измените на Кривичниот законик да се констатира застареност на кривичното гонење и донесување на одбивателна пресуда, предложи тој.

Како што пренесува МАИ, кон барањето се приклучија и дел од останатите бранители, додека, дел од нив, исто така, побараа ослободителна пресуда, не само поради измените на Кривичниот законик, туку и, според нив, поради сите други работи кои биле детално образложени во постапките.

Одбраната на денешната расправа укажа на повеќе работи во делот на постапката, кои според нив се симптоматични во однос на решенијата донесени од судовите. Па така, обвинетиот Миле Јанакиески посочи дека во решението донесено во септември 2023 година, има судии поротници на кои Судскиот совет им утврдил престанок на функцијата поради старосна пензија и истек на мандатот една година претходно.

Јавниот обвинител Сашо Рајчев на денешната расправа посочи дека со измените на КЗ во целост делото се менува содржински во поглед на „злоупотребата на службената положба и овластување“ како и во поглед на пропишаните казни.

-Со овие измени пропишаните казни се драстично намалени и се декриминализира делото во поглед на јавните набавки, рече тој.

По завршувањето на јавната расправа Судечкиот совет соопшти дека одлуката ќе биде соопштена дополнително.

Во првостепената пресуда девет години затвор доби експремиерот Никола Груевски, три години поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и четири години поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, за рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски во 2012 година. Во случајот затворска казна од четири години доби и тогашната градежна инспекторка Елизавета Најдовска, додека три службени лица од Општината добија ослободителна пресуда. Сите се товареа за „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Сопственикот на компанијата „ФИНЕ“, Фијат Цаноски, вчера на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелациониот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра.

-Судијата известител и претседател на советот Ѓоко Ристов наместо да постапи согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП) за предметот и да закаже интерен термин за советување и гласање по предметот, тој закажува нова јавна седница за 06.11.2023 година, сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи, тогаш Советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата отштета од 11 милиони евра, рече Цаноски.

Според првостепената пресуда на Кривичниот суд, Цаноски треба да добие отштета од речиси 11 милиони евра поради уривањето на комплексот.

На ова реагираше Апелација, од каде посочија дека постапувањето на судечкиот совет е согласно Законот за кривична постапка.

-По одржаната јавна седница на ден 08.05.2023 година, во тек на процесот на донесување на одлука, членовите на советот разгледувајќи ги жалбите на повеќе заседанија, се впуштија во оцена на основаноста на жалбените наводи, а со оглед дека се работи за обемен и комплексен предмет, со огромен број докази, и пред мериторно одлучување, поради констатираните неусогласености помеѓу записникот за советување и гласање на првостепениот суд и изворникот на првостепената пресуда со писмениот отправок на изготвената пресуда во делот на изречената казна на еден од обвинетите, како и во делот на засметување на притворот во изречените казни, на заседанието одржано на ден 11.07.2023 година, членовите на судечкиот совет одлучиле предметот со сите списи административно да се врати на првостепениот суд заради отстранување на горенаведените неусогласености кои претставуваат процесна пречка за донесување на второстепена одлука, соопштија од Апелација.

Дополнија дека првостепениот суд постапувајќи по административното враќање на списи на овој суд, на 01.09.2023 година донел Решение за исправка коешто е експедирано до странките на 11.09.2023 година.

-По комплетирање на списите на предметот на ден 05.10.2023 година, истиот повторно е доставен до Апелациониот суд Скопје, по што на 06.10.2023 година е испратен на мислење по изјавените жалби на пресудата до Вишото јавно обвинителство Скопје, чиј предлог е примен во Судот на 12.10.2023 година, по што веднаш е закажана јавна седница за ден 06.11.2023 година, на барање на странките, дополнуваат оттаму нагласувајќи дека досегашното постапување од страна на судечкиот совет е согласно одредбите од ЗКП.

Tags: „ТНТ“застарување на делотоизмени на КЗМиле ЈанакиескиНикола Груевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ