• Latest

Петровска – Троказ: Северна Македонија припаѓа во европското семејство, членството во ЕУ е безбедносно прашање

November 17, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска – Троказ: Северна Македонија припаѓа во европското семејство, членството во ЕУ е безбедносно прашање

November 17, 2023 13:49
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносната состојба во регионот, потребата од интензивирање на евроинтеграциските процеси како начин на унапредување на стабилноста и просперитетот на земјите од Западниот Балкан, како и развојот на македонско-француската одбранбена соработка, како стратешки партнери и сојузници во Алијансата, биле темите на кои разговарале на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и новоименуваниот специјален пратеник на Франција за Западниот Балкан, Рене Троказ.

Во контекст на интегративните процеси во регионот, соопштија од МО, министерката Петровска порачала дека на евроинтеграцијата треба да се гледа како на безбедносно прашање, особено имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба и обидите за влијание на трети страни врз земјите од регионот. Затоа, потенцирала таа, е многу важно Северна Македонија да не губи време на својот евроинтегративен пат.

– По членството во НАТО, посветени сме на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Не треба да губиме време на патот кон членството во Унијата особено што уставните измени кои се очекуваат од Северна Македонија само ја потврдуваат земјата како демократска и мултиетничка земја и со ништо не го нарушуваат националниот идентитет. Напротив, внесувањето на бугарското покрај другите малцинства во Уставот засекогаш и става крај на погрешната теза дека сме еден народ во две држави и го потврдува нашиот национален македонски идентитет. Она што ни наштетува е одложувањето на процесот, потенцирала министерката Петровска.

Специјалниот француски претставник за Западен Балкан, Троказ, како што се вели во соопштението, се согласил дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е и безбедносно прашање и го пренесе ставот на својата држава дека Северна Македонија припаѓа на европското семејство кое го обединуваат заеднички вредности, просперитет и стабилност.

– Северна Македонија ја има целосната француска поддршка за што поскоро членство во Унијата, порачал Троказ.

Во контекст на билатералната соработка во одбраната, министерката Петровска потенцирала дека Северна Македонија и Франција ја издигнале соработката на ниво на стратешко партнерство. Таа говорела и за процесот на модернизација и опремување, при што истакнала дека еден од клучните системи, системот за против воздушна одбрана, Северна Македонија го набавува токму од Франција, што е потврда за развојот на француската воена технологија, како и за посветеноста на Северна Македонија во брз развој на своите вооружени сили.

– Специјалниот француски претставник за Западен Балкан, Троказ порача дека Франција високо ја цени улогата на Северна Македонија како сојузник и фактор на стабилност во регионот, стои во соопштението од МО.

На средбата на Петровска и специјалниот пратеник Троказ присуствувал и францускиот амбасадор во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, како и Матие Абграл од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ