• Latest

Ден на албанската азбука- на 115 годишнината од Битолскиот конгрес се отвори првата библиотека со книги на албански јазик во Битола

November 22, 2023

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Ден на албанската азбука- на 115 годишнината од Битолскиот конгрес се отвори првата библиотека со книги на албански јазик во Битола

November 22, 2023 09:10
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 22 ноември се навршуваат 115 години од Битолскиот конгрес одржан од 14 до 22 ноември во Битола, во 1908 година.  Иницијативата произлезе по  констатацијата дека обединувањето на азбуката е толку неопходно што, покрај образовниот и културниот проблем, стана и политички проблем за кој тогашното национално движење на Албанците бараше решение.

Во пресрет на  Денот на Албанската азбука, во Битола вчера се одржа свеченото отворање на првата библиотека со книги на албански јазик, со иницијатива на студентката Емира Селими и бројни донации.

На свеченото отворање присуствуваа и политички лидери на албанските партии во Северна Македонија, како и  претседателот на Албанија, Бајрам Бегај,кој изјави дека зачувувањето на јазикот не е само повик за зачувување на културното наследство.

„На 115-годишнината од албанската азбука, во Светиот Албански манастир, кој ги собра Геги и Тоски, муслимани и христијани, за азбуката што ја имаме денес. Зачувувањето и негувањето на мајчиниот јазик не е само повик за зачувување на културното наследство. Тоа е повик за зачувување на националниот идентитет“, рече Бегај.

22 ноември е  комеморативен ден во Албанија, Косово, Северна Македонија и во албанската дијаспора, познат како Ден на азбуката. Пред конгресот, албанскиот јазик беше претставен со шест или повеќе азбуки без  броење на  подваријантите. Првиот Конгрес  го одржа  здружението  „Башкими“ во куќата на Фехим Завалани, каде што беше и седиштето на ова здружение.

Учесници на конгресот беа истакнати личности од албанскиот културен и политички живот. Беа повикани 50 делегати, претставници на дваесет и три градови населени со Албанци, културни и патриотски друштва, од кои триесет и двајца имаа право на глас, како  и осумнаесет набљудувачи. Меѓу најистакнатите делегати беа: Ѓерѓ Фишта, Мидхат Фрашери, Сотир Пеци, Ндре Мједа, Шахин Колоња, Бајо Топули, Парашќеви Ќиријази, Фехим Завалани, Нужет Вриони…

Историскиот објект Музеј на албанската азбуката во Битола често е мета на хулигански напади, демолирани прозорци и влезни врати.

Во 2016 година беа прикачени и натписи со паролата со говор на омраза,   „смрт за Албанците“.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ