Тежок инцидент се случи денеска во Призрен, каде од експлозија на рачна бомба повредени се 9 лица, јавуваат косовските медиуми.
Се сомнева дека едно лице фрлило рачна бомба кон сточниот пазар во Призрен, по расправија што ја имал со друг.
Од полицијата соопштуваат дека се идентификувани тројца осомничени.
„Во врска со случајот идентификувани се тројца осомничени, еден од нив е приведен и е во притвор, а по другите двајца осомничени се трага, велат од косовската полиција, пренесуваат косовските медиуми.
Д. Т.












